Во Тирана затворена фабрика за месо, одземени 528 кг месни производи
Фабрика за месо е затвроена во Тирана, при што се запленети 528 килограми месни производи произведени во нехигиенски услови.
Во полициската акција насловена „Rotten meat“ уапсен е жител на Косово, јавија албански медиуми. Уапсен е Арсим Чудрина (55) поради сомневање дека со своето возило тргувал со локални трговци и рестораните и во Шенгѓин, без фактури.
Запелентото месо било опасно по здравјето...
ВАДА задоволна од активностите за време на СП во Русија
Претседателот на Светската антидопинг агенција (ВАДА) Крег Риди изјави дека анти-допинг службите на Светското фудбалско првенство во Русија биле добро организирани.
- Во ФИФА не постои систем со кој се тестираат само спортисти на СП. Не постојат толку многу инспекции меѓу првенствата. Сепак, На Мундијалот во Русија беа присутни многу експерти, главно за здравствена заштита, и јас сум убеден дека...
Полска на чекор од тужба пред Европскиот Суд за правда
Европската Комисија соопшти дека не е задоволна од одговорите на полската влада во врска со независноста на полското судство и дека продолжува со постапката. Полска има еден месец да се усогласи, во спротивно Европската комисија може да одлучи да го испрати случајот на суд.
Европската Комисија одлучи да испрати „образложено мислење“ до полските власти, ова е вториот чекор, што е...
Лавров: Москва го цени турското одбивање на антируските санкции
Москва ја цени независната политика на Турција и одбивањето на Анкара да се придружи кон антируските санкции, изјави денеска руски от министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
– Во надворешната политика, Турција и Русија водат независна политика. Го цениме одбивањето на нашите партнери да се придружат кон антируските санкции, изјави Лавров во Анкара по средбата со турскиот колега Мевлут Чавушоглу.
Тој...
Владата ја усвои субвенцијата од два денара за откупувачите и трговците со сливи
Два денара субвенција за килограм ќе добијат регистрираните откупувачи и трговците кои до 15 септември годинава ќе откупат индустриски сливи за најмалку пет денари или свежи сливи по минимум осум денари.
Како што соопшти денеска на прес-конференција министерот за земјоделство Љупчо Николовски, со оваа мерка донесена во договор со производителите, преработувачите и откупувачите, ќе се стабилизира и реши проблемот со...
Мудис го избра Стокхолм за ново европско седиште по Брегзит
Агенцијата за кредитни рејтинзи Мудис го избра Стокхолм за ново европско седиште во контекст на регулаторниот притисок врз секторот за обезбедување на доволно вработени во Европската унија(ЕУ) по Брегзит.
Мудис досега повеќето европски бизниси ги вршеше од Лондон, но Велика Британија во март следната година излегува од ЕУ.
- Регистрацијата на нашата агенција за кредитни рејтинзи во Шведска ја одразува стратешката...
Кривична против жител на Богданци за криумчарење мигранти
Кривична пријава е поднесена против жител на Богданци поради сомнение дека сторил кривично дело „криумчарење мигранти“.
Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе кривична пријава против М.М.(30) од Богданци.
Полициски службеници завчера на автопат Скопје-Куманово по наплатна рампа „Романовце“ сопреле товарно возило „Форд Транзит“, кое го управувал пријавениот.
Тој не застанал и продолжил со движењето кон Куманово, а на булеварот „3-та МУБ“,...
Праските од рускиот ќе се префрлаат на британскиот, косовскиот или албанскиот пазар
Британскиот, косовскиот и албанскиот се потенцијалните пазари за македонските праски, бидејќи од утре и официјално нема да се извезуваат во Русија, рече денеска министерот за земјоделство Љупчо Николовски.
Според него, Македонија се уште не е официјално информирана за времената забрана од руска страна зашто комуникацијата меѓу двете земји, поради новата владина структура во Русија, е отежната. Денеска била иницирана средба со руските дипломатски...
Вучиќ: Меркел веќе „нė разграничи“ со признавањето на Косово
Германија веќе „нė разграничи" во моментот кога призна суверено и неделиво Косово, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ, како одговор на прашањето како тој гледа на ставот на канцеларката Ангела Меркел дека нема промени во границите на Балканот, јави Танјуг.
Вучиќ изрази чудење дека дел од јавноста ја сфатило изјавата на Меркел како нова порака.
- Што значи тоа што...
Производителите на слива од Пијанечко излегоа на протест
Наместо пред откупувачите, производителите на слива од Пијанечко денеска, својот род го донесоа пред општинската зграда во Делчево. После неколкуте јавни апели кои ги упатија до надлежните институции, а кои не вродија со плод, својот револт тие го искажаа со штрајк.
И покрај најавите за субвенционирање на откупот на модра слива, тие и понатаму се загрижени за годинашнава реколта која...






































