Дел од Сопиште и Аеродром утре без струја

Дел од корисниците од улицата „24“ во село Сопиште утре од 8:30 до 15:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија. Од 13:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат и дел од корисниците од улицата „Ѓорѓи Капчев“ – подулица „27“ во општина Аеродром. Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во...

Турски суд нареди ослободување на двајцата грчки војници уапсени во март

Турски суд нареди ослободување на двајцата грчки војници уапсени во март на границата, во очекување на нивното судење, јави Анадолија. Двајцата војници беа уапсени во март откако ја преминаа границата меѓу двете земји и влегоа, како што наведоа, ненамерно во „забранета воена зона". Турското обвинителство наведе дека тие се обиделе да  шпионираат. Случајот ги засили тензиите со Атина.

Спалети потпиша нов договор со Интер

Италијанскиот гигант Интер потпиша нов договор со тренерот Лучано Спалети, откако стратегот ќе остане на „Џузепе Меаца“ до јуни 2021 година, објави официјалната веб-страница на „нероазурите“.    Минатото лето, поранешниот ментор на Рома и Зенит потпиша двегодишен договор со клубот од Милано, и не беше докрај јасно дали сака долгорочно да се поврзе со „црно-сините“. Меѓутоа, денес беше ставен крај на...

Нови апсења во Венецуела поради обидот за атентат врз Мадуро

Двајца високи воени претставници се уапсени денеска во Венецуела, осомничени за учество во обидот за атентат врз претседателот на Венецуела Николас Мадуро. Јавниот обвинител Тарек Вилијам Саб изјави дека бројот на осомничени се зголемил на 34, вклучувајќи еден генерал, еден полковник и двајца пратеници кои се спротиставуваат на владата на Мадуро. Во обидот за убиство на Мадуро како што наведуваат официјални...

Мурињо го враќа Ибрахимовиќ во Јунајтед

Златан Ибрахимовиќ може да се врати во Манчестер Јунајтед во јануари, објавија англиските медиуми. Менаџерот на „црвените ѓаволи“, Жозе Мурињо веќе одржал неколку разговори со напаѓачот за да го убеди да го засили тимот.   Предлогот не е за траен трансфер, туку за веќе традиционалните изнајмувања на играчи од Американската фудбалска лига за одреден период на почетокот на годината, кога МЛС шампионатот...

Влада на РМ: Планот за гаранција за млади дава добри резултати

Владата на Република Македонија денеска на седница го разгледа извештајот за текот на имплементација на Планот за гаранција за млади - пилот фаза за 2018 година. Во соопштението од Владата се наведува дека во досегашниот период на имплементација на младинската гаранција во три општини, почнувајќи од март годинава вклучени се 1.770 од кои 855 женски и 915 машки. Од нив веќе се...

Владата донесе одлука за спроведување на кампања за референдумот

Владата денеска на седница донесе одлука за спроведување на кампања од јавен интерес за референдумот за прашањето „Дали сте за членство во НАТО и ЕУ со прифаќање на договорот меѓу Република Македонија и Република Грција?”. - Кампањата за референдумот ќе се спроведе со цел споделување информации од јавен интерес за граѓаните/гласачите во Република Македонија, околу содржината на Договорот со Грција,...

Почнува постапката за избор на универзален снабдувач на електрична енергија

Владата ја почнува постапката за избор на универзален снабдувач со електрична енергија. Одлуката е донесена на денешната владина седница, а надлежните министерства се задолжени да номинираат членови во Комисијата за спроведување на постапката.  Канцеларијата на претседателот на Владата, Кабинетот на вицепремиерот за економски прашања и Министерството за економија треба да предложат по еден член и заменик-член во Комисијата за спроведување...

Израел ќе отвори граничен премин со Газа по затишјето на судирите со Хамас

Израел повторно ќе го отвори граничниот премин Керем Шалом до појасот Газа ако продолжи тридневното затишје по судирите со Хамас, вели израелскиот министер за одбрана, Авигдор Либерман.  Преминот Керем Шалом беше затворен за увоз и извоз на стоки повеќе од еден месец, а Израел периодично го ограничуваше увозот на гас во обид да изврши притисок врз Хамас . Израел дозволи хуманитарна помош на...

Маричиќ: По летните одмори ќе биде интензивирана кампањата за референдумот

По завршување на летните одмори кампањата ќе биде интензивирана и ќе се користат сите достапни методи, во согласност со Законот за референдум и дефинираниот јавен интерес, најави Бојан Маричиќ, посебен советник за евро-атлантски интеграции во Владата на Република Македонија. - Целта на кампањата ќе биде да ги информира граѓаните за Договорот, меѓутоа и за придобивките од членството во Европската унија...