Владата со промотивна и информативна кампања за референдумот
Владата најави промотивна и информативна кампања во пресрет на референдумот на 30 септември за прашањето „Дали сте за членство во НАТО и ЕУ со прифаќање на договорот меѓу Република Македонија и Република Грција?”.
Одлуката за кампањата за споделување информации од јавен интерес за граѓаните/гласачите во Република Македонија, околу содржината на Договорот со Грција, придобивките од интеграцијата на Република Македонија во...
Привршуваат подготовките за 57. Струшки вечери на поезијата
Привршуваат последните подготовки за 57. Струшки вечери на поезијата што ќе се одржат од 22 до 27 август во Струга.
Деталите околу годинашното издание, Дирекцијата на СВП ќе ги соопшти денеска на прес-конференција.
Манифестацијата ќе почне наредната среда претпладне со садење дрвце во Паркот на поезијата во чест на добитникот на највисокото признание „Златен венец“, за 2018 година, полскиот поет Адам...
Осомничен припадник на ИД обвинет за планирање напад во Германија
Германското Федерално јавно обвинителство соопшти дека покренало обвинение против 29-годишен осомничен припадник на џихадистичката група Исламска држава (ИД), поради планирање напад со возило на масовен собир во градот Карлсруе во југозападна Германија.
Обвинетиот Дасбар В., кој е германски државјанин, се товари за членување во терористичка органзација и за планирање на насилни акции.
Според Обвинителството, Дасбар В, уште од 2015 година почнал...
Дачиќ: Тачи е лицемер кој сега ликува
Српскиот министер за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ синоќа ја искоментира изјавата на косовскиот претседател Хашим Тачи за непроменливост на границите на Западен Балкан.
-Каков лицемер. Прво со оружје, по насилен пат и преку злосторства ги уриваше границите, а сега е за неменување на границите. Кои граници? Кога тоа постоеше граница меѓу Србија и Косово?, праша Дачиќ, коментирајќи го за...
Трамп е фрустриран поради неослободувањето на Брансон
Американскиот претседател Доналд Трамп е фрустриран поради тоа што Турција не го ослободила американскиот пастор Ендрју Брансон, кој е во турски затвор веќе две години, соопшти синоќа Белата куќа.
- Претседателот чувствува голема фрустрација поради фактот дека пасторот Брансон не е ослободен како и поради фактот дека други американски државјани и службеници на диплоамтски претставништва не се пуштени на слобода,...
Турција ги зголеми царините за повеќе американски стоки
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган потпиша указ за зголемување на царините за увоз на некои америкамнски стоки во Турција, вклучително и за автомобили, алкохол и тутун.
Со указот на Ердоган, царината за увоз на американски автомобил се зголемува за 120 проценти, на алкохолните пијалаци за 140 отсто и на на тутунот за 60 проценти.
Покрај ова, повисоки царини при увоз во...
ОН: Над два милиона луѓе ја напуштија Венецуела поради недостиг на храна и лекови
Околу 2,3 милиони Венецуелци ја напуштија земјата погодена од политичка и хуманитарна криза поради недостиг на прехранбени производи и лекови, изјави портпаролот на Обединети нации, Стефан Дижари.
Тие се сместени во други јужноамерикански држави како Колумбија, Еквадор, Перу и Бразил.
- Како основна причина за заминувањето од Венецуела тие го посочија недостигот на храна, посочи Дижари.
Приближно 1,3 милиони луѓе во Венецуела...
Стапува во сила руската забрана за увоз на праски
Од денеска македонските праски нема да се извезуваат на рускиот пазар. И официјално стапува во сила одлуката на Русија со која се стопира увозот поради наводно пронајден црв во пратките.
Станува збор за времена забрана што ја објави Руската федерална служба за ветеринарна и фитосанитарна контрола на својата интернет страница, но македонските власти за нејзиното воведување не добија официјално известување.
Причина за тоа,...
Продолжува увидот во Избирачкиот список, се пријавува и дијаспората
Продолжува јавниот увид во Избирачкиот список за референдумот на 30 септември, а паралелно до 23 август тече и рокот за пријавување на македонските државјани за изјаснувањето.
До 13 август во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК увид во Избирачкиот список направиле вкупно 1.216 граѓани. Најголем број граѓани увид извршиле во Битола - 188, во Радовиш - 104 и Струмица - 101. Граѓаните...
Променливо облачно и нестабилно време
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер особено во западните делови од земјава.
Утринската температура ќе се движи од 14 до 22 степени, а дневната температура од 22 до 33 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно. Утринската температура до 19, а дневната температура ќе достигне до 32 степени.
Во...





































