Ќе се реконструира делница од патот Пониква – Кочани
Јавното претпријатие за државни патишта на Република Македонија обезбеди близу 87 милиони денари за реконструкција на дел од регионалниот патен правец од планинскиот рекреативен центар Пониква на Осогово до Кочани.
Веќе е завршена постапката за избор на изведувач на работите и наскоро се очекува да почне санирањето на оштетувањата и преасфалтирање на коловозот во должина од 10,4 километри и широчина...
Настапи косовскиот виртуоз на гитара Дрилон Чочај
Косовскиот виртуоз на гитара Дрилон Чочај одржа концерт во црквата „Света Софија“ во рамките на фестивалот „Охридско лето“. На програмата беа дела од Јохан Себастијан Бах, Фернандо Сор, Абел Карлеваро и Мануел Понс. Тој изрази задоволство за учеството на фестивалот, воодушевен од акустиката во црквата „Света Софија“.
- Многу ми е мило што сум дел од овој фестивал. Настапив со...
Од удар од гром изгоре викендичка во Нова Брезница
Викендичка во скопското село Нова Брезница изгоре во пожар што се случи синоќа околу 21.40 часот.
Во пожарот паднала кровната конструкција на куќата, но за среќа во моментот во домот немало никој. Причина за пожарот е удар од гром.
Пожарот е изгаснат околу 01.10 часот, а во гаснењето интервенирале 11 пожарникари со пет пожарникарски возила од Територијалната противпожарна бригада на Град...
Волшебниот свет на Чингиз Ајтматов (2)
Не е нималку чудно што повеќето од делата на Чингиз Ајтматов се филмувани. Автентичните предели и ликови во неговата проза се доловени со визуелна точност, што едноставно мами да биде пренесена на подвижните слики. Драмската напнатост меѓу неговите ликови се гради постепено, низ детали, за кои отпосле, во текот на читањето, откриваме дека се набиени со значење. Генетички длабоко...
Борбата против корупцијата е основен предуслов за европска перспектива
Групата земји од Советот на Европа со мандат да ја следат усогласеноста во стандардите во борбата против корупцијата и организираниот криминал, попозната како групата ГРЕКО, во својот последен извештај за Македонија ја нагласи потребата од значителни реформи и напори за конечно приближување на земјата до европските антикоруптивни практики.
Додека, според ГРЕКО, Македонија не бележи напредок во борбата против корупцијата во...
Јапонија одбележува 73 години од капитулацијата во Втората светска војна
Со церемонија во Токио, на која присуствуваа и јапонскиот император Акихито и премиерот Шинѕо Абе, Јапонија денеска ја одбележа 73-тата годишнина од нејзината капитулација во Втората светска војна.
- Никогаш нема да заборавиме дека сегашниот мир и благосостојба се постигнати благодарение на луѓето кои загинаа во војната. Нејзините ужаси не треба да се повторат, изјави Абе во обраќањето на церемонијата.
Тој...
Цивилизација 2.
Кога станува збор за цивилизација, пак, драг читателу, тој поим, не само кај обичниот простодушен човек туку и кај интелектуалниот свет, се сфаќа главно, по дефиниција, во неговата позитивна конотација. Секогаш за нешто што е добро зборуваме дека е цивилизирано, а обратно за нешто што е лошо дека е нецивилизирано. Но дали е навистина тоа така? Сликата на секоја...
Спасувачите трагаат низ урнатините во Џенова
Најмалку 35 луѓе загинаа во рушењето на мостот во Џенова кое се случи во вчерашното невреме во италијанскиот град, додека и натаму трае акцијата за спасување на преживеаните од местото на несреќата.
https://www.youtube.com/watch?v=_Pl0rsVdXxM
Родители, не бидете оф додека децата ви се он!
И додека се редат различните искуства и мислења за тоа дали и колку децата треба да бидат контролирани, многу од нив стануваат жртви на интернет-предатори и педофили што ги користат детската потреба за комуникација, нивната отвореност, наивност и неискуство, за да дојдат до нивни лични податоци и компромитирачки фотографии. Затоа, родители, важно е да ги подучите децата да внимаваат...
Македонските универзитети и годинава ги нема на Шангајската листа
Македонските универзитети и годинава не се рангирани на Шангајската листа на најдобри универзитети во светот.
На листата на Академско рангирање на светски универзитети за 2018 година објавена денеска, се наоѓаат илјада универзитети. На прво место 16-та година по ред е Универзитетот Харвард, на второ Стенфорд од САД, а на трето британскиот Универзитет Кембриџ, пренесува МИА.
Следните десет најдобри универзитети се МИТ,...






































