Црногорската армија се вклучува во патролирањето долж границата со Албанија

Црногорски војници од денеска ќе бидат ангажирани во контрола на граничниот појас и границата со Албанија во зоната на граничниот пункт Божај, соопшти црногорското Министерство за одбрана. Границата ќе биде контролирана од мешани патроли на армијата и полицијата првенствено со цел спречување нелегални премини на државната граница со Албанија, како и други нелегални дејства на границата и во пограничната зона,...

Брисел: Вучиќ и Тачи согласни од септември да го интензивираат дијалогот

Европската комисија(ЕК) објави дека Белград и Приштина ги дефинираат темите за разговор во дијалогот, додека ЕУ само посредува. Портпаролот на Европската комисија, Карлос Мартин, во Брисел рече дека претседателите на Србија и на Косово, Александар Вучиќ и Хашим Тачи, се согласиле да го интензивираат дијалогот и да се состанат во септември. - Двете страни треба постават агенда, нашата улога е да...

СЈО бара седум од „бомбите“ во „Титаник“ да бидат слушани без присуство на јавноста

По паузата дадена поради мајчинските обврски на поранешната министерка Гордана Јанкуловска, во Кривичниот суд продолжи денешното рочиште за предметот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО). На рочиштето треба да бидат слушнати над 1.000 „бомби“ кои СЈО ги има приложено како доказ во постапката. Одбраната бара „бомбите“ воопшто да не бидат пуштени и ги оспорува како валиден доказ. СЈО, пак, бара аудио...

НБРМ: Падот на турската лира нема да се одрази врз македонската економија

Од случувањата во Турција не се очекуваат директни негативни ефекти врз македонската економија, но е мала можноста и за евентуални позначајни негативни преносни ефекти, оценува Народната банка на Република Македонија. Оттаму посочуваат дека со оглед на релативно ниското учество на извозот кон Турција во вкупниот извоз, не би се очекувале значајни ефекти врз домашните економски движења. - Анализата на податоците за...

Шилегов: Проблемот со кучињата скитници е наследен, работиме на негово решавање

Постапката за легализација на стационарот „Вардариште“, кој е дивоградба, е пред општина Гази Баба и кога ќе заврши ќе можеме да почнеме со негова реконструкција, реновирање и зголемување на капацитетот. Ова денеска го истакна градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, кој рече дека претходната градска администрација не изготвила регистар на домашни миленичиња со што би го спречила механичкиот прилив на...

Вулин: Треба да се запре ширењето на „голема Албанија“

Српскиот министер за одбрана Александар Вулин денеска изјави дека треба да се запре ширењето на „голема Албанија“, идеја која според него, е најопасна на Балканот. – Сметам дека треба да се запре ширењето на „голема Албанија“, најопасна политичка идеја на просторот на Балканот. „Голема Албанија“ значи војна и тоа не само војна со Србија и со Србите, туку палење на...

Шилегов: Се реконструираат фасадите на 13 средни училишта

Енергетски ефикасни фасади во согласност со современите стандарди за рационализација и заштеда на електричната и топлинската енергија, ќе добијат 13 средни училишта во Скопје, најави денеска градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, за време на посетата на СУГС „Јосип Броз Тито“. Тој посочи дека во тоа училиштето се работи на довршување на надворешната столарија и фасада, реконструкција на подовите и...

И тишината е музика

Џон Кејџ (1912-1992) е композиторот што го внел можеби најавангардниот и најреволуционерен музички израз во класичната музика. Дотогашните композитори (барем повеќето од нив) често се труделе или несвесно успевале да напишат нешто ново, претходно нечуено, имајќи ги како скелет на своите дела пишаните и непишаните правила на компонирање. Џон Кејџ ги прекршил сите тие правила, сите стандарди на формата,...

НБРМ: Поповолни движењата во вториот квартал

Во одделни економски сектори во вториот квартал има поповолни движења во споредба со првиот квартал кога беше забележан минимален раст на годишно ниво од 0,1 процент. - Расположливите  податоци  за вториот  квартал  не  се  многубројни  и  воедно  се  дивергентни,  но  главно  упатуваат  на малку поповолна состојба во економијата во споредба со првиот квартал. На годишна основа, априлската проекција предвидува економски...

Шекеринска: На Криволак нема да се користи осиромашен ураниум

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска ги демантираше наводите објавени на социјалните мрежи, дека на воениот полигон Криволак ќе се користи муниција со осиромашен ураниум. - Ноторните лаги никому не се од корист. Граѓаните да не подлегнуваат на лажните вести во пресрет на претстојниот референдум и официјализирањето на членството во НАТО - напиша Шекеринска на својот профил на Фејсбук. Со реакција...