Мамо, бев измамена за да го убијам Ким Јонг-нам
Двете жени кои тврдат дека биле измамени за да го извршат атентатот на Ким Јонг-нам, ќе бидат судени за убиство во Малезија, откако беше одлучено дека постојат доволно докази оти тие знаеле што прават, пренесува Би-би-си.
Судијката Азми Арифин го оквалификувала убиството на Ким Јонг-нам како „добро испланиран заговор“ и им порачала на обвинетите да ја подготват нивната одбрана за...
Амбасада на САД во Приштина: Косово и Србија немаат неограничена слобода во преговорите
Амбасадата на Соединетите Американски Држави (САД) во Приштина вели дека постигнувањето договор меѓу Косово и Србија е во рацете на овие две држави, но им порача на преговарачите дека „не можат да имаат неограничена слобода на дејствување“, јави дописникот на МИА од Приштина.
Во одговорот на прашањето на „Газета Експрес“ за најавите на некои од учесниците во преговорите за промени...
Мостот на Вардар на влезот во Велес во лоша безбедносна состојба
Во многу лоша состојбата се столбовите и целосната конструкција на мостот на Вардар кај Башино Село на влезот во Велес стар 47 години.
Загрижени за безбедноста на сообраќајот, Општина Велес пред неколку месеци распиша тендер за избор на најповолен испитувач на состојбата. Според првичните проценки на испитувачите-стручњаците од Градежниот факултет од Скопје, мостот треба привремено да се санира, а како...
Разговорите за анимирање на гласачите слушнати во „Титаник“
Во Кривичниот суд заврши денешното рочиште на кое беа слушани „бомбите“ за предметот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство во кој се обвинети неколку поранешни функционери за изборите во 2012 година.
Во дел од „бомбите“ беа слушнати разговори меѓу поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиески, Мартин Протуѓер, шеф на Кабинетот на поранешниот премиер и поранешниот генерален секретар на Владата Кирил Божиновски...
Почина кралицата на соул музиката Арета Френклин
Арета Френклин, кралицата на соул музиката, почина денеска на 77-годишна возраст. Таа за последен пат настапи во ноември минатата година, на основањето на фондацијата на Елтон Џон за борба против СИДА во Њујорк. Претходно, таа пееше во Филаделфија во август.
Таа е првата жена која е вклучена во Рокенрол салата на славните во 1987 година. За време на нејзината долгогодишна...
Земјоделскиот институт бара да се испита дали ГМО оризот е произведен во Кочани
Земјоделскиот институт од Скопје бара целосно испитување на случајот со ГМО оризот во Македонија, односно дали тој е увезен, а ако е домашен производ да се утврди кој и од кое семе го произвел.
Од оваа институција излегоа со тврдење дека најверојатно се работи за нелегално внесени количини, затоа што ниедна сорта што се произведува во нашата земја, главно во...
ЦИА мислеше дека е недопирлива во Кина и скапо ја плати грешката?
Кинеските власти разоткриле шпионска мрежа на Централната разузнавачка агенција (ЦИА) низ нивната држава што резултирало со егзекуција на бројни осомничени американски шпиони, во текот на двегодишен период почнувајќи од крајот на 2010 година, пишува магазинот „Форин полиси“.
ЦИА, наводно, имала пропуст во системот што го користела за да комуницира со своите извори, според пет сегашни и поранешни разузнавачи. Американската разузнавачка...
Владата порачува дека прославата за ЕУ и НАТО е спроведена законски
Прославата „Одиме напред – Македонија во НАТО и ЕУ” е спроведена законски, со почитување на принципот на конкуренција и во транспарентна постапка. Владата објави целосен извештај со вкупните трошоци, реализирани во законска и транспарентна постапка, соопшти Владата отфрлајќи ги како неточни тврдењата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека се прекршени тендерските постапки за што денеска на прес-конференција зборуваше нејзиниот портпарол Димче...
Изморени сме од плачење по мртвите – Џенова тажи и чека одговори
Падот на мостот Моранди во Џенова ја потресе Италија и ја разоткри запуштеноста на инфраструктурата во државата, но го остави неодговорено прашањето зошто ништо не беше преземено и покрај познатата лоша состојба на надвозникот, пишува „Њујорк тајмс“.
Жителите на италијанското пристаниште се во шок и жалат по загинатите (најмалку 39 лица го загубија животот). Членовите на семејствата на исчезнатите се во...
На „Олд Трафорд“ не сакаат да слушнат за несогласувањата на Мурињо и Погба
Управата на Манчестер Јунајтед ги демантираше информациите за нов скандал помеѓу Жозе Мурињо и Пол Погба.
Весникот „Сан“ објави дека и двајцата влегле во сериозна расправија за изјавите на фудбалерот по натпреварот во Лестер, за кои стратегот бил исклучително задоволен.
„Црвените ѓаволи“ ги опишаа публикациите како „апсолутна глупост“ и истакнаа дека односот меѓу нив е добар.
Сепак, според извештајот, врската меѓу нив...







































