Рубенс – сликар на скици во „Прадо“
Во музејот „Прадо“ во Мадрид завршува изложбата „Рубенс. Сликар на скици“.
Рубенсовите големи религиозни и историско-алегориски композиции денес се сметаат за највисок дострел на фламанското барокно сликарство, а по динамиката и драматиката наедно за еден од најавтентичните изрази на барокниот дух. Изложбата во Мадрид го прикажа уметникот како врвен цртач и фокусот го стави на голем број негови скици со...
Во поплавите во Индија загинаа најмалку 80 луѓе
Најмалку 80 луѓе загинаа во поплавите што минатата недела ја погодија јужната индиска држава Керала, јави денеска Си-Ен-Ен.
Метеоролозите најавуваат дека и следните четири дена ќе врне дожд.
Комесарот за помош при вонредни ситуации П.Х. Куријан изјави дека најмногу луѓе, десетмина, загинале денеска при лизгање на земјиште.
Илјадници луѓе се заробени од надојдената вода, а властите ги повикаа и рибарите да помогнат...
МОСТ: Граѓаните да ги проверат податоците во Избирачкиот список
Граѓанската асоцијација МОСТ денеска ги повика граѓаните да ги проверат своите податоци во Избирачкиот список во подрачните канцеларии на Државната изборна комисија, како и на интернет-страницата http://izbirackispisok.gov.mk. Увидот во Избирачкиот список за претстојниот референдум трае до 23 август.
Од МОСТ информираат дека како и на сите изборни процеси, на бесплатната телефонска линија 080 080 080 граѓаните ќе можат да пријавуваат...
Затворените грчки војници се вратија дома
По пет месеци минати во затвор во Турција, двајцата грчки војници што во март залутаа на турска територија, минатата ноќ се вратија во Грција со владин авион.
Како што јави грчката државна телевизија ЕРТ, авионот со војниците слета на аеродромот во Солун каде што беа пречекани од грчкиот министер за одбрана Панос Каменос, началникот на Генералштабот на вооружените сили на...
Русија работи на поделба на Косово
Влијателниот француски дневен весник „Ле Монд“ во текст посветен на присуството на рускиот претседател Владимир Путин на свадба на австриската министерка за надворешни работи, Карин Кнајсл, на 18 август, цитира европски дипломат кој тврди дека Русија работи на размена на територии со Косово.
Според дипломатот, Кремљ е „многу активен“ околу „експлозивниот“ план на размена на територии со Косово.
- Мариа Захарова,...
Арифи: Преговарачкиот процес е клинички мртов
Шефот на преговарачки тим на Приштина, Авни Арифи, изјави дека преговарачкиот процес меѓу Белград и Приштина е веќе некое време клинички мртов, за што, како што вели, одговорни се Белград и Брисел.
Арифи за косовскиот весник „Телеграфи“, како што се наведува во прес-службата на УНМИК, кажа дека договорите постигнати во текот на техничкиот дијалог во повеќето случаи не се спроведени,...
Дачиќ: Не може да има промени на граница што не постои
Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ изјави дека се согласува со германската канцеларка Ангела Меркел дека нема да има промена на границите на Балканот.
- За нас не постои промена на границите. Ние граница со Косово никогаш и не сме имале. Јас разбирам тоа да го каже некој што не го има признаено Косово, но некој што го признал, па...
Скопјанец нападнат од вработен додека чекал да подигне лична карта
Скопјанец пријавил дека бил нападнат од вработен во Управните служби во зградата на МРТ додека чекал да си ја подигне личната карта, соопшти полицијата.
Полицијата соопшти дека вчера во 17:20 часот во Полициска станица „Центар", Д.М.(38) од Скопје, пријавил дека околу 16:00 часот на улица „Кеј Димитар Влахов" во МРТ - Управни служби, додека чекал за подигнување на лична карта...
Почна одбележувањето на Денот на АРМ
Со свечено постројување, положување цвеќе пред споменикот на загинатите припадници на АРМ и соопштување на имињата на унапредените, доделување плакети, значки, благодарници и други стимулативни мерки, пред зградата на Министерството за одбрана денеска почна одбележување на Денот на АРМ.
Централната прослава е предвидена за утре, а задутре кога всушност е Денот на АРМ - 18 август, на воениот стадион во...
Градскиот центар за социјална работа апелира да се пријавуваат лица и семејства во ризик
Меѓуопштинскиот центар за социјална работа на Град Скопје апелира до граѓаните да го контактираат Центарот секогаш кога ќе добијат информација дека е потребна помош и поддршка на некое лице или семејство во ризик.
- Со пријавувањето на овие случаи граѓаните можат заеднички со институциите ефикасно да делуваат при обезбедувањето помош, но и да спречат евентуални злоупотреби, се наведува во апелот...







































