Васко Ѓурчиновски нов началник на ГШ на АРМ
Со Указ на претседателот Ѓорѓе Иванов генерал мајор Васко Ѓурчиновски денеска е назначен за нов началник на Генералштабот на Армијата на Република Македонија.
Неговото назначување беше соопштено на централната прослава на 18 Август - Денот на АРМ, на која учествуваат државниот и армискиот врв, претставници на дипломатскиот кор.
Ѓурчиновски доаѓа на местото на генерал-потполковник Методија Величковски, кому му истекува тригодишниот...
Трагедијата во Џенова ги разоткрива матните зделки на мафијата?
Уривањето на мостот Моранди во Џенова, во кое загинаа најмалку 39 лица, а бројни се исчезнати, претставува уште едно потсетување на влијанието на мафијата во Италија. Несреќата која се случи во вторникот е десетта во последните пет години во државата, каде што противниците на организираниот криминал предупредуваат оти училиштата, болниците и аеродромите би можеле да бидат под ризик од...
Во поплавите во Индија загинаа повеќе од 160 луѓе
Најмалку 164 луѓе загинаа во поплавите, што од 8 август, ја зафатија јужната индиска држава Керала, а спасувачките тимови со хеликоптери и чамци ги евакуираа стотиците загрозени жители.
Се евакуираат околу 150.000 заробените луѓе, кои се сместени во 1.200 приватни кампови.
Обилниот дожд во последните осум дена предизвика лизгање на земјиштето и поплави. Патиштата се оштетени, а во Керала нарушен е...
Ново детско игралиште во населбата Тафталиџе
Најмладите жители на населбата Тафталиџе добија ново детско игралиште. Ова катче за децата го постави општината Карпош, на булеварот Партизански одреди, меѓу зградите 107 и 109, а теренот е опремен со сосема нови реквизити, клацкалки, лизгалки, лулашки, клупи и песок. Игралиштето сега е собиралиште за најмладите и место за игра и дружба во летниот период и заштитено е со...
Променливото време ги вжешти линиите на „Ало, докторе“
Метеоролошките фактори, кои предизвикуваат разни симптоми и реакции кај граѓаните, се најчестите прашања што се поставуваат во летниот период на телефонскиот број на „Ало, докторе“.
Оваа година летниот период е карактеристичен со осцилации во однос на воздушниот притисок, доста променливо време, па симптомите што ваквите чести и нагли промени ги предизвикуваат кај граѓаните се доволна причина за засегнатите да побараат...
И животните во Зоолошката летово се разладуваат со овошен сладолед
На овие високи летни температури не бараат разладување само луѓето туку и животните од скопската Зоолошка градина. Поради жештините летово повеќето животни имаат намален апетит и внесуваат помалку храна отколку во зима. Вработените од Зоолошката градина, за да им го олеснат престојот на своите станари, кои се најпогодени од топлото време, им прават сладоледи за освежување.
На пример, на шест...
Возачите ќе добијат читач на мозочни бранови
Светски познатиот произведувач на автомобили „Нисан“ почна да развива најнова технолошка направа, која им се поставува на возачите на главата и ќе има можност да ги чита мозочните бранови на оној што ракува со возилото. Технолошкиот изум наречен „брејн ту вијекл“ или (од мозокот до возилото) има цел да му помогне на возилото да ги предвиди намерите на возачот,...
Големи светители сведочат за македонската црковна вистина
Многубројните светителски мошти, кои низ вековите се зачувале во Македонија, како и оние што во поново време се донесени во нејзините храмови, се сведок за богатиот и
континуиран црковен живот на нашите простори. Моштите во Македонија и денес се центар на почитувањето на многумина светители. Преку нив верниците им оддаваат достојна почит на оние што со животот и подвигот му...
„Ага” прогласен за најдобар филм на Сараевскиот филмски фестивал
Бугарскиот филм „Ага" на режисерот Милко Лазаров е прогласен за најдобар игран филм на 24. Филмски фестивал во Сараево и ја доби наградата „Срцето на Сараево“.
Победникот на годинашниот СФФ го соопшти претседателот на жирито, иранскиот режисер и двоен оскаровец Ашхар Фархади.
Наградениот филм раскажува за чистата љубов меѓу двајца кои живеат во изолиран леден предел и нивните топли меѓусебни односи....
Награда за најдобра жива статуа за „Театроск“ од Скопје на фестивал во Будимпешта
Здружението на граѓани „Театроск“ од Скопје за актот „Контрабас“ освои прво место од гласањето на публиката на интернационалниот натпревар за живи статуи кој беше дел од музичкиот фестивал „Зигет“ во Будимпешта.
- Со освојувањето на оваа награда, се пласиравме директно на светското првенство за живи статуи за 2019 година кое ќе се одржува во Архем, Холандија - соопшти „Театроск“, единствено...







































