Загадена храна од „Гала кујна“ причина за цревните инфекции кај децата во ФФМ

Согласно стручното мислење на ЈЗУ Центар за јавно здравје Скопје, затекнатата загадена храна од објектот „Гала кујна“ која во трпезарија на ФФМ ја консумирале седумте деца фудбалери е причина за појава на цревни инфекции кај нив, односно постои основано сомнение дека се работи за алиментарна токсоинфекција.  Ова го соопшти Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), кој изврши контролен инспекциски во...

Секој ден над сто луѓе бараат помош во Итната помош во Гостивар

Лекарите и медицинските сестри од службата за Итна медицинска помош во Гостивар забележале рекордни 120 интервенции во една смена. Претежно се кај луѓе со здравствени тегоби најчесто предизвикани од топлото време, како и од наглите промени во временските услови. - Службата на Итната медицинска помош има полни раце работа. Прегледуваме над 100 пациенти во текот на една ноќ и во деновите од...

Награда за „Златоусно слово“ на Тоциновски

Новото книжевно дело на универзитетскиот професор и писател Васил Тоциновски насловено „Златоусно слово“ излезе во издание на Битолскиот книжевен круг и е закитено со престижната награда „Книжевен круг“ за книжевна критика. Во него се поместени 19 книжевно-историски студии напишани во последниве три години и претставени на повеќе меѓународни собири и публикувани во списанија и зборници. Станува збор за компаративни анализи...

Скопјанка киднапирана среде бел ден во Ново Лисиче

Непознат сторител вчера попладне ја киднапирал дваесет и тригодишната Ќ.М. од Скопје и насилно ја внел во патничко возило со кое се упатил кон Велес. Во близина на езерото „Младост“, таа успеала да избега од возилото и пеш се упатила кон Велес. Како што соопшти МВР во полицискиот билтен, непознатото лице и се приближило на Ќ.М. вчера околу 15.40 часот на...

Украдени 20.000 евра од куќа во Кривогаштани

Од куќа во прилепско Кривогаштани украдени се околу 20 илјади евра. Кражбата е извршена ноќеска во периодот од 3 до 8 часот во домот на 60-годишниот М.Ш. Разбојникот со употреба на сила влегол во куќата од каде ги одзел парите.  Увид извршила екипа од полициската станица Прилеп. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.

Изложба на фотографии на Дражан Брачиќ во Кичево

По подолг период летово еден културен настан ќе се случи во Центарот за култура во Кичево, кога ќе биде отворена изложбата на фотографии на Дражан Бачиќ со работен наслов „Ритам во кадар“. - Вечерашната изложба е плод на долгогодишно фотографирање музички настани, на кои е доловена атмосферата од концерти, забави и свирки. Фотографиите направени на музички настани што се случиле...

Заев на средба со ДИК: Сите имаат институционална обврска да соработуваат за референдумот

Референдумот е обврска од важен државен карактер. Сите институции се должни да соработуваат со Државната изборна комисија (ДИК). И Владата стои на располагање, на принципиелно ниво, согласно законските овластувања, да обезбеди реализација на законските потреби на ДИК и тоа ќе го направиме, рече денеска премиерот Зоран Заев на средбата со претседателот на ДИК Оливер Дерковски и членовите на Државната...

Му се оствари сонот на Лумановски да свири во Хераклеја

Вечерва во рамките на „Бит-фест“, со оркестарот „Њујорк џипси ол стар“, Лумановски ќе одржи целовечерен концерт. Интересот за овој концерт во Битола е огромен. Во претпродажба се продадени над 2.500 влезници, а според зборовите на организаторот на концертот Хераклеја ќе биде исполнета до последното место Кога пред нешто повеќе од 34 години малиот Исмаил Лумановски како дете ги направи првите...

Девизниот прилив од туризмот годинава ќе изнесува 24 милијарди денари

Вкупно 26,5 проценти поголем девизен прилив оствари туризмот во првиот квартал годинава за разлика од истиот период лани. Очекувањата се дека 2018-та ќе заврши со прилив до 24 милијарди денари, посета на 1,2 милиона туристи и реализирани 3,2 милиона ноќевања. Како што рече денеска директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) Љупчо Јаневски, идната година во фокусот на привлекувањето...

Меѓник на македонската преродба

Добар дел од својот живот Партениј ги споделувал своите учебници во Македонија и во еден дел од Србија, но бугарската критика остро се нафрлувала врз неговата јазична концепција. Со своите дела, Партениј укажал на некои основни карактеристики на својот говор, кои ја претставуваат суштинската разлика меѓу македонскиот и бугарскиот јазик. Иако не ги формулирал сосема тие особености на македонскиот...