Училиштето „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода ќе добие нова термоенергетска фасада
ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ од оваа учебна година ќе добие нова, термоенергетска фасада. Во тек се градежните зафати овозможени преку соработката на Општина Кисела Вода и Цементарница Усје АД Скопје, соопшти општинската прес-служба.
Градоначалникот на општина Кисела Вода Филип Темелковски, изврши увид во активностите во училишниот објект кои ќе им овозможат на учениците позатоплени училници и попријатна работна атмосфера во текот...
Поради сообраќајка во прекин магистралниот пат Штип-Кочани
Поради сообраќајна незгода помеѓу селата Чешиново и Облешево од 16:40 часот во прекин е сообраќајот на магистралниот пат Штип-Кочани, информира АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува по околните оосбраќајници.
Невреме со град и дожд го зафати Охрид
Силно невреме проследено со грмежи, град и пороен дожд попладнево после 14:30 часот го зафати Охрид.
Повеќе улици беа поплавени, што го отежна сообраќајот, а вода навлегла и во дворови и куќи.
Невремето, кое траеше околу еден час, беше пропратено со силен ветер кој искрши гранки и постари дрвја. Екипи на Јавното комунално претпријатие „Охридски комуналец“ се на терен и работат...
Преслушани 106 „бомби“ на денешното рочиште за „Титаник“
По слушање на 106 од над илјада предложени „бомби“ завшри денешното рочиште за предметот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство во кое се обвинети повеќе поранешни функционери за изборите во 2013 година. Судењето продолжува во понеделник.
На аудио снимките се слушаа разговори меѓу поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, шефот на Кабинетот на поранешниот премиер Мартин Протуѓер, поранешниот министер за финансии...
МЗ: Инсулинот во Македонија без исклучок, е со уреден рок на употреба
Во Република Македонија нема инсулин, кој е со краток рок, се наведува во соопштението на Министерството за здравство во врска со пишувањата во дел од медиумите поврзано со наводниот краток рок на употреба на инсулинската терапија, заради појаснување на целокупната македонска јавност, а посебно за дополнително информирање на пациентите кои користат инсулинска терапија.
- Сите пациенти кои се на инсулинска терапија...
Премиерот Заев на средба со менаџментот на „САСА“
Успешните инвестиции се дополнителен мотив за Владата да ги подобрува условите и да стимулира поголеми и нови вложувања, порача премиерот Зоран Заев на денешната средба со членовите на Бордот на директори на компанијата „Централ Азија Металс“ (ЦАМЛ), сопственик на рудникот за олово и цинк „САСА“ на која се разговараше за идниот одржлив развој на најголемиот рударски комплекс во земјата.
На средбата,...
ФФМ одби три од вкупно четирите кандидатури за нов претседател
Комисијата за избори и верификација при Фудбалската федарација на Македонија (ФФМ) одби три од вкупно четирите кандидатури за нов претседател.
Од ФФМ наведуваат дека откако биле разгледани доставените кандидатури е утврдено дека само кандидатура на ОФС Кавадарци за Сашко Тасев се прифаќа бидејќи предложениот кандидат ги исполнувал општите и посебниот услов од статутот на Фудбалска федерација на Македонија.
Останатите три кандидатури...
Делегација од Кабинетот на Премиерот положи цвеќе по повод Денот на АРМ
По повод 18 Август - Денот на Армијата на Република Македонија, делегација од Кабинетот на претседателот на Владата на Република Македонија составена од Исмет Рамадани, надворешен соработник за НАТО прашања и Драган Василевски, надворешен соработник за одбрана, денеска оддаде почит и положи цвеќе пред споменикот на партизанските гробишта во Скопје.
Како што соопшти владината прес-служба, делегацијата оддаде почит и положи...
Трамп: Нема да има парада, прескапо е!
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека ја откажал воената парада планирана за ноември, бидејќи цената е „апсурдно висока“ и дека, наместо тоа, ќе го посети Париз на 11 ноември, за да присуствува на комеморацијата за Денот на ветераните.
Американското Министерство за одбрана претходно соопшти дека е одложено одржувањето на парадата барем до следната година.
-Можеби ќе направиме нешто...
Во Италија утре е прогласен Ден на жалост
Во Италија утре е прогласен Ден на жалост поради жртвите од уривање на надвозникот во Џенова, при што загинаа 38 луѓе, а од 10 до 20 лица се водат како исчезнати.
За утре е предвидена литургија и погребување на жртвите. На церемонијата ќе присуствуваат и претседателот и премиерот на Италија, Серџо Матарела и Џузепе Конте.
Погребната церемонија ќе биде пренесувана во...







































