Делови од Илинден и Јурумлери утре без струја
Корисниците од објектите во околината на мотелот „Белви“ во општина Илинден утре ќе бидат без електрична енергија од 7:30 до 10:30 часот.
Од 11 до 17 часот утре без струја ќе бидат дел од корисниците од селото Јурумлери, општина Гази Баба и дел од населбатата Илинден.
В понеделник од 9 до 12 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од...
Дел од општина Центар утре без вода
Корисниците од населбата Маџар Маало во општина Центар утре од 10:00 ќе останат без вода за пиење.
Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација “ - Скопје, причина за прекинот во водоснабдувањето е реконструкција на водоводна цевка со пречник од 200 милиметри на улицата „Ѓуро Ѓонвиќ“ бб.
Корисиниците ќе бидат без вода се додека екипите на ЈП „Водовод и канализација “...
Милан ги отфрли гласините за трансфер на Сергеј Милинковиќ-Савиќ
Спортскиот директор на Милан, Леонардо, ги отфрли гласините дека преговарале со Лацио за трансфер на српскиот фудбалер Сергеј Милинковиќ-Савиќ.
- Никогаш немаше преговори со Лацио, изјави Леонардо на денешната прес-конференција на која беа промовирани најновите засилувања Диего Лаксалт, Саму Кастилјехо и Тимуе Бакајоко.
Во изминатите денови се појавија гласини дека Сергеј Милинковиќ-Савиќ ќе пристигне во Милан за 40 милиони евра на...
Почина најблискиот роднина на Никола Тесла
Досега најблискиот жив роднина на Никола Тесла, Вилијам Бил Тербо, почина на возраст од 89 години во неговиот дом во Њу Џерси.
Никола Тесла имал брат Дане и три сестри – Милка, Ангелина и Марица. Тербо е внук од постарата негова сестра Ангелина.
Таа се омажила за свештеникот Никола Трбојевиќ и имале пет деца – три сина и две ќерки. Сите...
Романската премиерка во писмо до Јункер ја оправдува употребата на сила против демонстрантите
Премиерката на Романија Виорика Данчила испрати писмо до претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, во кое ја оправдува употребата на сила против демонстрантите за време на антивладините протести, кога интервенираа полициски сили, а беа повредени повеќе од 450 луѓе.
Таа тврди дека други политичари, вклучително и претседател Клаус Јоанис, се обидуваат „насилно да ја отстранат легитимната влада".
Нејзиниот прв коментар за...
Македонија поразена од БиХ во полуфиналето на ЕП за кошаркари до 16 години
Кадетската репрезентација на Македонија претрпе пораз од домаќинот Босна и Херцеговина во полуфиналето на Европското првенство (дивизија Б) за кошаркари до 16 години што се одржува во Сараево.
Избраниците на Александар Јованчев беа поразени со 95:76, но се уште имаат шанси за пласман во дивизијата А. За тоа ќе мора да остварат победа во натпреварот за третото место, каде ќе...
Во Охрид се санираат штетите од невремето
Општина Охрид информира дека по невремето кое попладево го зафати градот, екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ веднаш излегоа на терен за да ги исчистат и санираат штетите.
Воедно, од општината апелираат до сите граѓани да ги информираат за сите локации каде им е потребна помош и има поголемо задржување на вода или се направени поголеми оштетувања, за да може итно да се...
Ѓоковиќ го совлада Димитров за четвртфинале во Синсинати
Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Синсинати, откако во три сета го совлада бугарскиот тенисер Григор Димитров.
Натпреварот од третото коло се играше два дена, а дуелот меѓу двата тенисери започна вчера, но поради дожд мораше да биде прекинат и продолжи денеска.
Ѓоковиќ до победата дојде се 2:6, 6:3 и 6:4 по сетови за два...
Риека: Пожар во психијатриска болница, едно лице загина, а 16 се повредени
Едно лице загина, а 16 други се повредени во пожар што избувна попладнево во психијатриска болница во Лопачка, во близина на Риека.
Во моментот на избивање на пожарот во болницата имало стотина лица.
Пожарот, кој избувнал на третиот кат, се проширил на четвртиот.
Н а терен има околу педесет пожарникари. Пожарот е под контрола, но пожарникарите ќе останат на терен.
На третиот кат, каде што избувнал...
Почина и вториот параглајдерист
Вториот параглајдерист, кој беше префрлен на лекување во болницата во Прилеп поради тешките поврди здобиени по пад кај Мечкин камен, во Крушево, вечерва им подлегнал на повредите.
Наталија Спирова началник на оделение за односи со јавјист при МВР, за МИА, потврди дека двајцата параглајдеристи се странски државјани, од кои едниот е со украинско, а другиот со британско државјанство.
Трагичниот настан се...







































