Научници го намалиле за 40 отсто шеќерот во колачи, без да го променат вкусот

Израелски научници дознале како да ја намалат содржината на шеќер во колачи за 40 отсто, без да го променат вкусот. Откритието е на прехранбената компанија „DouxMatok“, пренесе весникот „Дејли Мејл“. Доколку новите рецепти најдат добар прием кај потрошувачите, може да се стави крај на вештачките засладувачи кои предизвикуваат дебелина. Молекулите на шеќер мора да паднат на рецепторите за вкус на јазикот,...

Долгогодишниот адвокат на Трамп постигнал спогодба со обвинителството

Мајкл Коен, долгогодишниот адвокат на американскиот претседател Доналд Трамп, денеска постигнал спогодба со обвинителите кои го истражуваа неговото исплаќање на жени со кои Трамп имал љубовни врски, но притоа не се согласил да соработува со обвинителството, јавуваат американските медиуми. Коен беше под истрага за наводна даночна и банкарска измама, а пред се за давањето пари на љубовници на Трамп, од...

Рјабков: Русија ќе одговори на санкциите од САД

Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, денеска изјави дека новите американски санкции против Русија се неосновани и дека Москва соодветно ќе одговори. САД воведоа санкции за наводите за хакирање и поради незаконско испорака на нафтени продукти во Северна Кореја. Американскиот Секретаријат за финансии денеска најави санкции против две руски компании кои тргувале со Северна Кореја и и доставувале нафта на...

Студент почна истражување за лекување дијабетес, па стана еден од најбогатите Британци

Студент од Бристол стана еден од најбогатите Британци откако ја продаде својата компанија на светски познатиот дански конгломерат Ново Нордиск за 620 милиони фунти, објави „Дејли Меил“. Хари Дестекроа, штотуку дипломиран студент на Универзитетот на Бристол, ја основал фирмата Зијло, заедно со свој професор и локален бизнисмен, заради истражувања и развој на лекови против дијабетес. - Ново Нордиск, како водечка компанија...

Тревога на Хаваи поради „Лејн“, ураган од четврта категорија

Тревога беше издадена денеска за дел од хавајскиот архипелаг поради приближувањето на силниот ураган „Лејн“, кој веќе е четврта категорија на петстепената скала за моќност на ураганите. „Лејн“ се пресели на запад, но според прогнозите ќе сврти кон Хавајските Острови подоцна во текот на неделата, посочува Тихоокеанскиот центар за урагани. Центарот издаде портокалов код за главниот остров на американскиот архипелаг,...

Американски санкции за руски компании кои и продавале нафта на Северна Кореја

Американскиот Секретаријат за финансии денеска најави санкции против две руски компании кои тргувале со Северна Кореја и и доставувале нафта на комунистичката држава која е под американски санкции. Двете компании, Приморје Меритајм Логистикс и Гудзон Шипинг, се регистрирани во руското далекуисточно пристаниште Владивосток. Според Вашингтон, тие им помагале на Севернокорејците да набават нафта и покрај американските санкции кои се воведени...

Кремљ го негира тврдењето на Мајкрософт за нови руски хакерски напади

Кремљ денеска го негираше тврдењето на американскиот компјутерски гигант Мајкрософт дека хакери поврзани со руските власти се мешале во претстојните конгресни избори во САД. Според Мајкрософт, 84 интернет страници поврзани со група руски разузнавачи во изминатите две години биле искористени во обид да се навлезе во компјутерските системи на двете најголеми партии во САД, како и на конзервативни тинк...

Барние: Од сега ЕУ и Велика Британија „постојано“ ќе преговараат за Брегзит

Новата рунда преговори за Брегзит заврши без значаен напредок, но со заложби од двете страни за интензивирање на преговорите, порачаа двајцата главни преговарачи, Доминик Рааб и Мишел Барние. Разликите остануваат големи, јави дописничката на МИА од Брисел. Европскиот преговарач, Мишел Барние, појасни дека со оглед на кусото време кое преостанува до датумот за напуштање на Велика Британија, двете страни „постојано“...

Лавров: Косовските Албанци не го почитуваат договорот со Србија, постигнат со посредство на ЕУ

Косовските Албанци, во текот на многу години, не го спроведуваат договореното со Србија, постигнато со посредство на ЕУ, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров по разговорите со српскиот колега Ивица Дачиќ. - Русија секогаш се залага за целосна и безусловна имплементација на Резолуцијата 1244, поддржуваме активности кои ги презема Белград за да постигне целосна имплементација на овој...

Анѓушев на средба со германска стопанска делегација

Размената меѓу Македонија и Германија годинава би можела да достигне до четири милијарди евра, беше посочено на денешната средба во Скопје меѓу вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и германска делегација од Сојузното министерство за економија и енергетика, Стопанската комора на Германија и Источниот комитет - здружение на источна Европа на германското стопанство, предводена од Хелге Толксдорф, раководител на...