Повеќе од два милиони верници на аџилак во Мека

Околу 2,4 милиони аџии во Мека денеска го почнаа ритуалот со фрлање камења кон Сатаната, на првиот ден на Курбан бајрам, празникот на принесување жртва, кој го одбележуваат муслиманите во целиот свет. Извикувајќи „Алах акбар" (Бог е најголем) верниците се придвижуваат во групи под силно полициско обезбедување, и фрлаат камења кон голема плоча, која го симболизира Сатаната, во долината Мина,...

Борисов очекува Трговскиот регистар повторно да проработи до крајот на неделава

Бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска изјави дека кризата во Трговскиот регистар на Бугарија е надмината, откако системот колабираше поради техничка грешка, јави новинската агенција БТА. Според премиерот, причините за проблемот биле утврдени 24 часа по дефектот, и податоците успешно се извлекуваат од расипаните хард дискови. Досега, рече Борисов, се обновени податоците за регистрираните компании до средината на јули 2018 година,...

Истанбул не дозволи жртвување на животни во близина на Босфорот

Градските власти во Истанбул годинава не дозволија за Курбан бајрам да се колат животни во близина на морето. Со тоа, за првпат по подолго време, водите на Босфорот не се зацрвенија од крв од жртвуваните животни, јави Си-Ен-Ен Турк. Градските власти ги запечатиле канализациските шахти во сите делови на градот каде постои можност крвта од закланите животни да протече до...

Димитров во Вашингтон на средби со сенатори и експерти од невладини организации

Министерот за надворешни работи Никола Димитров во рамки на работната посета на САД оствари средби во американскиот Сенат и со повеќе експерти, професори и истражувачи од невладината заедница во Вашингтон. Како што информираат од МНР, на средбите со претседавачот на Комитетот за надворешни односи во Сенатот на САД, сенаторот Боб Коркер и со претседавачот на Поткомитетот за европска и регионална...

По крајот на кариерата Федерер ќе се посвети на семејството и хуманитарната работа

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер планира да се посвети на добротворна работа и на своите четири деца по крајот на својата кариера, изјави тенисерот за „Мајами хералд“. - Сакам да бидам добар татко и сопруг. Се трудам да поминувам време со по две од моите деца истовремено. Тешко е да одделам време на сите четири во исто време. Потребно е постојано...

Голема Богородица – 28 август, неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Успение на Пресвета Богородица - Голема Богородица, 28 август (вторник), е неработен ден за граѓаните од православна верисповед во Република Македонија, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика. Од Министерството им го честитаат празникот на граѓаните од православна верисповед во Република Македонија. 

Поротата заседава четврти ден во судењето на Пол Манафорт

Поротата во суд во Вашингтон денеска го почна четвртиот ден на одлучување во судскиот процес против Пол Манафорт, американски лобист кој беше шеф на изборниот штаб на претседателот Доналд Трамп. Манафорт е еден од соработниците на Трамп кои се најдоа обвинети за различни кривични дела, во неговиот случај, тој се товари за поднесување лажни даночни пријави, криење на сметки...

Каменос: Избори на крајот од мандатот или кога ќе треба да се донесат одлуки за националните прашања

Избори ќе има или на крај од 4 годишниот мандат или ако дојде време да донесеме сериозни одлуки за националните прашања, но тоа нема да биде пред мај, рече коалициониот партнер во грчката влада Панос Каменос по завршувањето на состанокот на пратеничката група и извршниот комитет на Независни Грци. Каменос говореше за излезот на Грција од последната програма за финансиска...

Свирежи за чешкиот премиер Бабиш на одбележувањето на Прашката пролет

Чешкиот премиер Андреј Бабиш денеска беше исвиркан при обраќањето на 50-годишнината од задушувањето на Прашката пролет. Демонстранти извикуваа „срамота“ и го исвиркаа Бабиш кога тој стана да зборува, обвинувајќи го милијардерот - политичар за неговото некогашно членство во Комунистичката партија на Чехословачка. Одбележувањето на годишнината од советската интервенција во тогашна Чехословачка помина со низок профил во Чешка, каде и премиерот...

Белите штркови порано „тргнуваат“ на југ поради климатските промени

Белите штркови во Полска полека ги напуштаат своите гнезда и тргнуваат на југ, по исклучително топлото и суво лето, а се верува дека ова е поврзано со климатските промени, наведува АП. Во Полска секое лето доаѓаат голем број бели штркови од Африка и кон крајот на август се враќаат назад на југ.