Почина австралискиот Тарзан

Михаил Фоменко, попознат како австралискиот Тарзан, почина на 88 годишна возраст во австралиската сојузна држава Квинсленд. Тој ја напушти цивилизацијата пред шест децении, а неговата животна приказна уште понеобична ја чини тоа што имал „сина крв“, т.е. благородничко потекло. Фоменко е син на грузиската принцеза Елизабет Мачабели и шампионот во атлетика, Даниел Фоменко. Роден е во Грузија, тогашниот СССР, но...

Летни фестивали има, но колку се видливи

Се одржаа книжевни промоции, дискусии, музички концерти, театарски претстави, изложби во соработка и со независната културна сцена... Настани вредни за внимание и впишување во историјата на градот и на земјава, но неоправдано недоволно присутни во медиумите Во Струга денеска ќе започнат 57-те „Струшки вечери на поезијата“. Овој поетски фестивал со светско реноме годинава ќе се одржи со буџет помал за триесет...

Владата ќе расправа за изградбата на пругата Куманово-Бељаковце

Владата денеска на седница треба да расправа за состојбата на проектот за рехабилитација на железничката делница Куманово-Бељаковце на Коридорот 8, која ќе ја презентира ЈП Македонски Железници Инфраструктура. Директорот на ЈП МЖ Инфраструктура Ирфан Асани неодамна изјави дека рокот за изградба на пругата Куманово-Бељаковце се пролонгира за 18 месеци и се очекува да биде готова до крајот на следната година....

Фејсбук и Твитер бришат профили поради политички манипулации

Фејсбук идентификуваше и забрани стотици лажни профили, групи и страници што се вклучени во кампањата за координирано политичко влијание и имаат за цел влијание врз политика. Компанијата соопшти дека се избришани 652 страници, групи и профили што се поврзани со Иран и со Русија поради „координирано неавтентично однесување“ што подразбира споделување политички материјал. Твитер исто така објави дека избришал 284 профили...

Силна експлозија пред објект во Пиреас

Материјална штета предизвика силната експлозија што се случи кусо по 2 часот по полноќ во пристанишниот град Пиреас во поширокиот регион на Атина. Грчките медиуми, повикувајќи се на очевидци објавуваат дека пред објектот во кој се сместени во поголемиот број адвокатски канцеларии, застанал автомобил, едно лице излегло, го оставило експлозивниот механизам, а потоа возилото се оддалечило со голема брзина. Како што...

Почнуваат 57. Струшки вечери на поезијата

Со традиционално читање на Константиновата Т'га за југ и палење на фестивалскиот оган пред Домот на поезијата, вечер почнува 57. издание на фестивалот Струшки вечери на поезијата, што до 27 август ќе се одржува на различни локации низ Струга и во неколку градови во државата. Според традицијата, претпладне во Паркот на поезијата ќе биде засадено дрво во чест на добитникот...

Стартува изградбата на подземна сообраќајница во центарот на Скопје

Изградба на подземна сообраќајница во центарот на Скопје почнува денеска и поради тоа воведен е привремен сообраќаен режим на булеварот „Македонија“ (зад Музејот на Град Скопје и ТЦ „Рамстор“), кој ќе трае во наредните шест години, сменета е трасата на линијата „9“ и дислоцирана и една автобуска постојка.  Автобуското стојалиште на булеварот „Македонија“ во непосредна близина на катната гаража (наспроти седиштето...

Новата валута на Венецуела загуби 96 проценти од вредноста преку ноќ

Централната банка на Венецуела вчера го објави новиот курс на валутата, според кој боливарот загубил дури 96 проценти од својата вредност во однос на доларот во рок од само еден ден. Во обид да се справи со повеќегодишната криза, банката на Венецуела избриша пет нули од валутата и го постави курсот на 2,48 боливари за еден долар, но преку ноќ...

Собранието ќе го гради ставот за кампањата за референдумот

Првата средба на претседателот на Собранието Талат Џафери со потпретседателите, координаторите на пратеничките групи и претставникот на Владата по одморите е најавена за денеска претпладне. Според најавите, во фокусот ќе биде референдумот закажан за 30 септември и неговата кампања. Јавноста очекува одговори дали и како пратениците и пратеничките групи ќе учествуваат во кампањата (јавна пропаганда) за референдумот, но и дали...

Почнува судењето за случувањата во Собранието на 27 април

Во Кривичниот суд во Скопје денеска почнува нова постапка за случувањата во Собранието на Република Македонија на 27 април минатата година.  Предметот, како што е најавено, ќе го води судијката од организиран криминал Добрила Кацарска и веќе се закажани вкупно 37 термини за главна расправа. Јавното обвинителство на Република Македонија, во март годинава објави дека е поднесен обвинителен акт против 30 лица,...