РКЕ ќе го разгледува Предлог-тарифникот за продажба на струја преку универзален снабдувач
Регулатрната комисија за енергетика денеска ќе одржи подготвителна седница на која ќе го разгледува Предлог-тарифниот систем за продажба на електрична енергија на потрошувачите кои ги снабдува универзалниот снабдувач и снабдувачот во краен случај.
Владата на вчерашната седница донесе решение за формирање Комисија за спроведување на постапка за избор на универзален снабдувач, која треба да ја спроведе на постапката за избор...
Вирусот на западнонилска треска се рашири во нови области во Грција
Од почетокот на неделата вирусот на западнонилска треска е регистриран во шест нови општини во Грција, со што бројот се зголеми на 39. Минатата година бројот на погодени општини беше 10.
Во Грција, од мај до денес, вкупно се регистрирани 77 случаи на западнонилска треска, од кои четири со смртен исход.
Повеќето случаи се регистрирани во западна Атика. Засегнати од вирусот ...
На Табановце и Богородица се чека до 20 минути
На граничните премини Богородица и Табановце има зголемена фреквенција на возило и чекање околу 15 до 20 минути, а на останатите гранични премини премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Автомотосојузот на Македонија.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
За ЕУ и САД референдумот е избор меѓу иднина и изолација
Пропуштање на единствената шанса за напредок, изолација, стагнација и национализам или перспектива и евроинтеграциска иднина со конкретни бенефити како владеење на правото, атрактивност за странските инвеститори, повеќе и подобри работни места. Ова се двата концепта меѓу кои, според високите претставници на ЕУ и САД, ќе треба да изберат македонските граѓани на претстојниот референдум закажан за 30 септември.
САД дава недвосмислена...
Сончево време со температура до 36 степени
Сончево време со мала до умерена облачност ќе преовладува денеска во Македонија. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и југоисточен правец.
Утринската температура ќе се движи од девет до 19, а дневната од 25 до 36 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и утринска температура до 16, а дневната ќе...
Поддршка од Белата куќа и Сенатот за Договорот со Грција и референдумот
Поддршка од САД за постигнатиот Договор меѓу Македонија и Грција и надеж за успешно завршување на референдумот биле искажани на средбите што шефот на македонската дипломатија Никола Димитров ги имал со претставници на Белата куќа и Сенатот, соопшти МНР.
Заменик-советникот за национална безбедност на САД Мира Рикардел упатила честитки за Договорот меѓу Македонија и Грција и за храброста и зрелоста...
Почнаа 57. Струшки вечери на поезијата
Со традиционално читање на Константиновата Т`га за југ и палење на фестивалскиот оган пред Домот на поезијата, вечерва почнаа 57. Струшки вечери на поезијата.
Министерот за култура Асаф Адеми ја истакна важноста на поезијата за народот, културата, државата, но и за човештвото воопшто.
- Како кај нас, така и насекаде во светот, местото од каде што допира светлината во нашите срца, највисоките...
Дени Бојл нема да го режира новиот филм за Бонд
Британскиот режисер Дени Бојл се откажа од работата на новиот филм од серијалот „Џејмс Бонд“ поради креативни несогласувања, соопштија продуцентите и главниот актер на филмската франшиза.
- Мајкл Вилсон, Барбара Броколи и Даниел Крег соопштија дека поради креативни разлики Дени Бојл одлучил повеќе да не е режисер на фолмот „Бонд 25“, беше објавено преку официјалниот твитер профил на франшизата 007.
Воедно...
Србија: Од западнонилска треска досега починаа 15 лица
Четири лица починаа од западнонилска треска во Србија во текот последната недела, со што бројот на жртвите од болеста од почетокот на годината достигна 15 лица, пренесе Танјуг.
До сега, 159 луѓе во Србија заболеа од западнонилска треска.
Вирусот на таа болест првпат е регистриран во земјата во 2012 година, и од тогаш до 2017 година беа пријавени 574 случаи на западнонилска треска,...
Ѓорческа се пласираше во второто квалификациско коло на Ју-Ес опен
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ја совлада поранешната 26-та тенисерка во светот Лорен Дејвис со 2:1 во сетови (6:7, 7:5 и 6:3) во првото квалификациско коло на Ју-Ес опен.
Натпреварот почна со доминација на фаворизираната американската тенисерка, која поведе освојувајќи го првиот сет.
Меѓутоа, Ѓорческа успеа да се врати во игра, по што направи пресврт и ги доби следните два сета.
Во...







































