Иран не се откажува од ракетната програма, а претстави и нов воен авион
Иранската Револуционерна гарда соопшти дека ќе продолжи да ги зајакнува одбранбените капацитети на земјата и оти нема да се откаже под притисокот поради својата ракетна програма.
- Зголемувањето на одбранбените капацитети остануваат главна стратегија на вооружените сили, се посочува во соопштението на Гардата.
Во соопштението се потенцира дека „ракетната програма е главен предизвик за непријателите на Иран, како што се САД,...
Бутикофер: Референдумот од клучна важност за иднината на Македонија, регионот и ЕУ
Не сме заинтересирани да видиме само решение на проблемот кој го имавте со Република Грција, туку сме подготвени и да се ангажираме и да помогнеме за отворањето на вратите на ЕУ за напредокот на Македонија и да пружиме помош, дури и во овој момент, иако преговорите не се почнати, за унапредување во соработката со ЕУ, рече денеска европратеникот Рајнхард...
Рускоска: Нинџа и Кољо организатори на упадот во Собранието, пратениците вратари
Нападите во Собранието ќе останат длабоко врежани во историјата на Македонија. Напаѓачите, кои денес се на обвинителната клупа, преку доказите ќе се види дека биле предводени од Александар Василевски-Нинџа и Никола Митровски- Кољо. Полицајците, пак, се поставиле на нивна страна. Пратениците кои ги отворија вратите биле свесни дека напаѓачите ќе направат хаос со што тие ги погазија уставните начела...
Кремљ ги отфрли обвинувањата од Фејсбук за манипулации
Официјален Кремљ денеска ги отфрли обвиненијата на Фејсбук дека Руската воена разузнавачка служба (ГРУ) ја користела социјалната мрежа за водење на дезинформативна кампања.
Фејсбук, Твитер и Алфабет колективно избришаа повеќе стотина налози поврзани со вчерашните наводни пропагандни операции во Иран, а Фејсбук соопшти дека другата пропагандна кампања е поврзана со Русија.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека тврдењето на Фејсбук...
Се зголемуваат платите во здравството
Владата на денешната владина седница ја разгледа и усвои Информацијата за склучување на Спогодба за утврдување на вредноста на бодот за најниската плата за најнизок степен на сложеност и за начинот на пресметување и исплата на платите во здравствената дејност, и ќе изнесува 13.286 денари.
Од владината служба за информирање соопштија дека со оваа корекција вредноста на бодот во здравството се...
Кампањата за референдумот ќе чини 80 милиони денари
Осумдесет милиони денари ќе чини кампањата што ќе се спроведе за претстојниот референдум. На денешната владина седница е донесена одлука со која се задолжува Министерството за финансии да подготви предлог-одлука за обезбедување на овие средства од тековната буџетска резерва.
Од Владата информираат дека доколку на крајот на кампањата има непотрошени средства, тие ќе бидат вратени во Буџетот на Република Македонија.
Одлуката...
Цените на нафтата продолжуваат да растат
Цените на нафтата денеска го надминаа нивото од 74 американски долари на меѓународните берзи, поттикнати од неочекуваниот пад на резервите во САД и загриженоста околу снабдувањето во очекување на намалувањето на иранскиот извоз.
Цената на барел нафта на лондонската берза порасна 1,52 долари во однос на претходното затворање и изнесуваше 74,15 долари.
На американскиот пазар барелот поскапе 1,38 долари и...
Лејвер: Федерер не е фаворит за титулата на Ју-Ес опен
Легендарниот австралиски тенисер Род Лејвер смета дека Роџер Федерер не е фаворит за титулата на Ју-Ес опен.
Иако Лејвер е познат како голем поддржувач на швајцарскиот тенисер, сепак пред Гренд слем турнирот во Њујорк предност им даде на Рафаел Надал и на Новак Ѓоковиќ.
- Ју-Ес опен е напорен турнир, а Федерер сепак има 37 години. Тој е подготвен, но видовте...
ФИФА формира Комитет за стабилизирање на ситуацијата во Уругвајскиот фудбал
Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) преку официјалната веб-страница објави дека формира Комитет за стабилизирање на ситуацијата во Уругвајското фудбалско здружение (АУФ).
Оваа мерка е поврзана со фактот дека постапката за избор на претседател на организацијата не ги исполнува барањата за транспарентност утврдени со статутите на ФИФА и КОНМЕБОЛ.
Мандатот на Комитетот ќе важи до 28 февруари 2019 година. Тој ќе биде одговорен...
Половина Атина без електрична енергија
Дефект во високонапонски трансформатор во трафостаница во северниот дел на Атина, предизвика прекин на снабдувањето со електрична енергија и создаде сериозни проблеми во северното и јужното предградие, но и во центарот на градот.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, за помалку од еден час Противпожарната служба на Грција примила над 100 повици за спасување на луѓе заглавени во...







































