Отворање на пензионерски спортски игри во Радовиш
Премиерот Зоран Заев заедно со министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска денеска ќе присуствуваат на отворањето на пензионерските спортски игри во Радовиш.
Пензионерските спортски игри се одржуваат пред спортската сала „25ти Мај“ во овој град.
Солистички концерт на Ева Богоевска во Американската катедрала во Париз
Македонската виолинистка Ева Богоевска денеска ќе одржи солистички концерт во Американската катедрала во Париз, која е реномирана адреса специјализирана за настапи на класична музика.
Таа ќе биде придружувана од македонската пијанистка Весна Ангелова-Христов, а на програмата ќе бидат застапени дела од Моцарт, Бетовен и Сен Санс.
Солистичкиот концерт на Богоевска во Париз се реализира со поддршка на Министерството за култура, а...
На ТМФ интернационална школа за обука на докторанди
На Технолошко-металуршкиот факултет (ТМФ) во Скопје денеска ќе биде отворена Втората SARCOS COST Аction– RILEM школата за обука на докторанди (2nd SARCOS COST Action – RILEM Doctorate Training School), со наслов „Современи материјали и технологии базирани на неоргански врзива“ што ќе трае до 7 септември.
Ќе се одржува на две локации и тоа од 2-ри до 5 септември на ТМФ...
Се интензивира кампањата за референдумот
Се засилува кампањата „Излези ЗА европска Македонија“ за референдумот закажан за 30 септември на коалицијата „Заедно за европска Македонија“ која ја сочинуваат 30 политички субјекти и стотина различни организации. Кампањата вчера продолжи со дебати во Дојран и во Валандово, а министерот за надворешни работи го посети Тетово.
Премиерот Зоран Заев на митингот во Валандово порача дека со референдумот во 1991 ја...
Саудиска Арабија призна дека нападот во кој беа убиени 40 деца бил грешка
Воената коалиција предводена од Саудиска Арабија потврди дека нејзиниот напад врз автобус во Јемен, во кој беа убиени 50-ина луѓе, од кои 40 деца, бил неоправдан и вети дека ќе има одговорност за офицерите што го наредиле нападот.
Нападот беше извршен на 9 август, а цел беше автобус кој се движел во близина на пазар во областа Саада. Саудијците велат...
Сончево време со температура до 36 степени
Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе се движи од 11 до 18 степени, а максималната од 30 до 36 степени. УВ-индексот денеска ќе биде 7.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб ветер. Утринската температура ќе изнесува 16 степени,...
Шеесет и две годишен охриѓанец осомничен за убиството на жената во село Велгошти
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид донесе наредба за спроведување истражна постапка против лице на возраст од 62 години, жител на Охрид, кое е осомничено за сторено кривично дело убиство извршено на свиреп начин во село Велгошти. Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Охрид поднесе предлог за определување на мерката притвор за...
Викторија Бекам објави интерактивен сајт
По летниот одмор со семејството на Бахамите, Викторија Бекам ги извести своите обожаватели дека во функција стави интерактивен сајт.
- Мојот нов веб сајт веќе е во живо. Толку се возбудувам затоа што досега е активен во над 100 држави. Се надевам дека ќе се забавувате. Кажете го вашето мислење - додава поранешната членка на групата „Спајс Грлс“, а сега...
Ќерката на Мекејн го критикуваше Трамп на погребот на нејзиниот татко
Меган Мекејн, ќерка на неодамна починатиот американски сенатор Џон Мекејн, го искористи неговиот погреб да упати критики кон претседателот Доналд Трамп, со кого Мекејн честопати беше во конфликт и покрај тоа што доаѓаат од истата Републиканска партија.
- Собрани сме тука да тагуваме за заминувањето на американската големина, за вистинската величественост, а не ефтината реторика која доаѓа од луѓе кои...
Ѕвезда на Шоуто на Козби работи во супермаркет
Весникот „Дејли Меил“ објави фотографии од актерот Џефри Овенс (57), познат по улогата на Елвин Тибидоу од серијата Шоуто на Козби, како работи како касиер во супермаркет во близината на Њујорк.
Актерот настапуваше и во серијата Секогаш е сончево во Филаделфија, а во Шоуто на Козби го глумеше сопругот на Сондра, една од ќерките на лекарот Хитклиф Хакстабл (Бил Козби). Неколку...







































