Удвоен бројот на барања за германски работни визи од Балканот

Германија се соочува со дуплирање на барањата за работни визи од балканските земји, а нејзините дипломати во регионот веќе не се во состојба да ги обработат сите барања, пишува „Шпигел“. Амбасадите на Германија во Македонија, Албанија, Босна, Косово, Србија и Црна Гора добиле дури 52.000 вакви барања во првата половина на 2018 година, што е двојно повеќе во споредба со...

Привршува процената на штетите во Прилепско, но и бербата на тутунот

Прилепската комисија за процена на штети  е при крај со процената на 1.315-те барања на земјоделците за процена на штетите што ги направи невремето од 23 јули годинава кога силниот дожд и град го уништи родот, главно на тутунот, потоа на насадите со пиперки и житни култури, на околу 600 хектари. Според Жарко Северкоски, претседател на општинската комисија за процена...

За македонското земјоделство идната година 15 милиони евра од ЕУ

За 2019 година преку ЕУ договоривме 15 милиони евра поддршка на македонското земјоделство. Со 3,5 милони евра од нив ќе се градат нови системи за наводнување, а со 4,5 милиони евра фабрика за третирање отпад од угинати животни, рече м инистерот за земјоделство Љупчо Николовски на денешната средба со производителите  Стајковци и Црешево. С о влегувањето во Европската унија (ЕУ), истакна Николовски, македонските...

Пороен дожд проследен со ветер го зафати Кичево и околината

Во раните попладневни часови Кичево и околината ги зафати невреме проследено со пороен дожд, засилен ветер од западен правец и грмежи. За неполн час, додека траеше невремето беше оневозможен сообраќајот во градот, поради лошата атмосферска канализација. -При секое врнење на дожд, се јавуваат проблеми на улиците во Кичево. Некои улици се ризични за движење и за автомобилите и за пешаците. Ова...

Димитров: Долготрајна кампања е потребна за референдумот

Министерот за надворешни работи Никола Димитров во Тетово оставри средба со градоначлничката Теута Арифи и повеќе видови средби со жители на градот со што започна активности во рамки на кампањата „За Европска Македонија“ која го поддржува договорот со Грција. Министерот на новинарско прашање дали е прерано да се оди со кампања, со оглед на 20–те законски определени денови, смета...

Се чисти коритото на реката Сушица

Со завршувањето на летото, градското комунално претпријатие од Кичево, пристапи кон чистење на коритото на градската река.Машините од вчера засилено работат и според нивните планови до средината на септември, целосно ќе биде исчистено речното корито , со што градската река ќе добие неспоредливо поубав лик. -Од вчера започнавме со чистење на речното корито на Сушица. Го искористивме периодот кога водостојот во...

Три лица повредени во сообраќајна несреќа на Плетвар

Три лица се повредени во сообраќајната несреќа при судир на две товарни возила што денеска околу 13.25 часот се случи кај превојот Плетвар, во близина на Каменоломот. Повредените се пренесени на лекување во прилепската градска болница „Борка Талески“. Според Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола товарните возила се со кавадаречка и скопска регистрација. - Во кавадаречкото товарно возило марка „Волво“ при...

Шекеринска: Нема замрзнати конфликти, само замрзнати решенија

Вицепремиерот и министер за одбрана Радмила Шекеринска денеска, на традиционалната меѓународна конференција „Дубровник форум“, го поддржа ставот на бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева. Потполно се согласувам со Захариева, рече Шекеринска пред присутните на Форумот, дека многу не критикуваа за Договорот со Бугарија, но сега граѓаните од двете земји сметаат дека тоа е гаранција за стабилност. - Нема замрзнати конфликти, туку само...

Палмер: Верувам дека македонските граѓани ќе ја донесат вистинската одлука на референдумот

Верувам во мудроста на македонските граѓани и убеден сум дека тие ќе знаат да ја донесат вистинската одлука на претстојниот референдум, рече американскиот  заменик-државен секретар за Европа и Евроазија Метју Палмер на денешната средба со заменик-министерот за надворешни работи на Македонија Андреј Жерновски во Дубровник. Палмер и Жерновски имаа средба на  маргините на меѓународната конференција „Дубровник форум“ на која, како што соопшти МНР,...

Двете лица избодени вчера во Амстердам се американски туристи

Двете лица што вчера беа избодени во централната железничка станица во Амстердам се американски државјани, изјави амбасадрот на САД во Холандија Пит Хокстра. Се работи за двајца туристи кои ја посетувале холандската метропола кога ги нападнал 19-годишен Авганистанец кој што поседувал германска дозвола за престој. Полицијата отвори оган врз напаѓачот и го рани, откако тој ги избоде Американците. И туристите...