Протест во Молдавија за обединување со Романија
Неколку илјади демонстранти вчера се собрале во молдавскиот главен град Кишињев да бараат обединување на нивната земја со Романија.
Демонстрантите носеле романски знамиња и транспаренти со кои повикувале Бесарабија, како што е старото име на Молдавија, да се спои со Романија.
Собирот се организирал на стогодишнината од обединувањето на Романија и Молдавија по Првата светска војна. На собирот учествувале и политичари...
Свилановиќ: Само успешен референдум ќе и отвори перспектива на Македонија
Горан Свилановиќ, поранешен министер за надворешни работи на СР Југославија, од 1 јануари 2013 година е генерален секретар на Советот за регионална соработка со седиште во Сараево, БиХ. На барање на МИА, Свилановиќ испрати порака до македонските граѓани за претстојниот референдум во Македонија.
- Секако дека референдумот е национално прашање. Но, само успешен референдум ќе отвори перспектива и огромен потенцијал....
„Аспиринот“ сепак не им користи на сите
Мала доза „Аспирин“ на ден, како што се смета, им помага на оние што преживееле срцев удар, но резултатите од новото истражување покажуваат дека за другите луѓе лекот нема голема корист.
- Луѓето кои преживеале срцев или мозочен удар, може да имаат корист од „Аспиринот“. Тоа ја намалува опасноста од повторување на ударот, и е препорачливо, смета д-р Холи Андерсон...
Три лица загинаа при пад на хеликоптер во Авганистан
Странски пилот и двајца авганистански војници загинале, а уште три лица се повредени при уривањето на хеликоптер кај воената база во авганистанскиот град Мазар и Шариф.
Хеликоптерот МИ-14 бил ангажиран од страна на мировната мисија на НАТО, која се уште не го објавува идентитетот на загинатиот и повредениот пилот, поради потребата да се информираат нивните семејства.
Според авганистанската Влада, леталото се...
Во прекин сообраќајот на патот Удово-Валандово
Поради одржување спортска манифестација организирана од општина Валандово, сообраќајот на патот Удово - Валандово е во прекин од 8:45 часот.
Како што соопштуваат од Автомото сојузот на Македонија сообраќајот ќе се пренасочува по автопатот.
Ердоган: Турција нема да бара дозвола за купување на рускиот систем С-400
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека Турција не мисли од никого да бара дозвола дали смее да го купи рускиот ракетен систем С-400.
- Имаме договор со Русија за ракетите С-400 и некои се загрижени поради тоа. Жалам, но ние не прашуваме за дозвола, изјави Ердоган при посетата на Киргистан. Руските производители најавија дека системите ќе бидат испорачани во Турција...
Одложена турнејата на Ју-ту откако на Боно му откажа гласот
Групата Ју-ту мораше да ја одложи својата европска турнеја откако на пејачот Боно (58) му откажа гласот за време на концертот на Мерцедес Бенц Арената во Берлин.
За време на концертот било јасно дека Боно има проблеми со гласот и тој постојано имал покрај себе термос со чај. Конечно, Боно мораше да побара помош од посетителите за да ја отпее...
Лавров: Невозможни се средби со Украина по убиството на Захарченко
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека убиството на донетскиот сепаратистички водач Александар Захарченко е провокација од страна на Украина и ќе го поткопа мировниот договор од Минск, јави новинската агенција ТАСС.
- Во сегашната состојба, не може да стане збор за нов состанок во „нормандискиот формат“, што многумина од нашите европски партнери го посакуваа. Ова е сериозна...
Бензема го надмина Роналдо барем во една статистичка категорија
Фудбалерот на Реал Мадрид, Карим Бензема успеал да постигне гол против 33 екипи од шпанската Примера и го остави зад себе Кристијано Роналдо кој е сопственик на многу рекорди поставени додека играше за „кралскиот клуб“.
Бензема синоќа се запиша во листата на стрелци на средбата со Леганес, единствениот тим од Шпанското првенство против кого Роналдо не успеал да постигне гол...
Тачи го претставил својот план за договор со Србија пред амбасадорите во Приштина
Косовскиот претседател Хашим Тачи вчера се сретнал со дипломатските претставници на САД, земјите членки на Европската Унија, ОБСЕ, КФОР и ЕУЛЕКС, при што изјавил дека сега е моментот за голем историски договор меѓу Србија и Косово, кој ќе предвидува и „корекција на границите“. И покрај противењето на Германија и на повеќето косовски партии, Тачи оценил дека доколку во следните...







































