Шилегов: Бесплатен превоз за сите средношколци
Гимназијата „Орце Николов“ е едно од средните училишта кое во новата учебна година ќе има енергетски ефикасна фасада во согласност со современите стандарди за рационализација и заштеда на електричната и топлинската енергија.
Како што појасни на денешната прес-конференција скопскиот градоначалник Петре Шилегов, во гимназијата „Орце Николов“ се работи на реконструкција на фасадата преку санирање на бетонските делови, поставување на „демит“...
Дегустација, едукација и забава на Фестивалот на органска храна во Градски парк
Компири, грав, грозје, кромид, пиперки, краставици, лук, пченка, патлиџан, пелистерски и мариовски мед, козјо сирење и млеко, козметика, ракотворби, се само дел од производите што може да се дегустираат и купат на годинашниот 8. Фестивал на органска храна во Скопје.
Фестивалот се одржува викендов на Школка, во Градски парк. Освен дегустација и продажба на производите, понуди и музика, дружење и едукација.
Штандови...
Понца – островот каде Мусолини бил чуван во заточеништво (видео)
Италијанскиот остров Понца на којшто во 1943 година Мусолини бил чуван во заточеништво, сега секоја година е цел на инвазија од туристи.
Понца, најголемиот остров во архипелагот Понтино, се наоѓа во Тиренското Море пред заливот Гаета, на половина пат меѓу Рим и Неапол. Речиси е недопрен од модернизацијата, а прошаран со куќи, вили и места што чекаат да бидат истражени од...
Дваесет и пет деца Роми од Кочани годинава за првпат ќе тргнат на училиште
Вкупно 25 деца Роми од Кочани кои досега не биле вклучени во образовниот процес од годинава за првпат се запишани во училиште.
Со тоа успешно се завршени активностите од проектот „Сите заедно на училиште“, што се реализираше во изминатите седум месеци, а беше наменет за децата од ромската популација.
Носител на проектот беше Здружението на Роми „Авена“ од Кочани во соработка...
Македонски маратонци истрчаа 171 километар околу Мон Блан
Македонците Игор Пирковски, Жикица Ивановски и Игор Јовановски го истрчаа ултрамаратонот околу Мон Блан долг 171 километар.
Македонските атлетичари на целта влегоа заедно и се пласираа на 357., 358. И 359. Место во конкуренција на околу 2.400 учесници.
На стартот се појавија уште двајца маратонците од нашата земја, Александар Симјаноски и Никола Цицоски, но тие не ја истрчаа делницата.
Ултра маратонот околу...
Мадона од глава до пети го облече синот во Гучи за неговиот 13-ти роденден (фото)
Мадона организирала забава во африкански стил за својот син Дејвид Банда, едно од четирите деца кои ги посвои од сиромашната африканска држава Малави. На фотографиите што Мадона ги објави на Инстаграм се гледа како Дејвид е облечен од главата до петиците во Гучи модели за неговиот 13-ти роденден.
И петгодишните близначки Стела и Естер исто така ги покажале своите Гучи...
Нормализиран сообраќајот на патот Удово – Валандово
Нормализиран е сообраќајот на патниот правец Удово - Валандово што утрово беше во прекин поради спортска манифестација.
Како што соопшти АМСМ, сообраќајот се одвива нормално од 11 часот, а претходно се пренасочуваше по автопатот.
Четири милиони денари за подобрување на инфраструктурата во Берово и Делчево
Со средства во висина од 4 милиони денари обезбедени од Министерството без ресор во Берово и Делчево се реализираат неколку значајни проекти за подобрување на инфраструктурата во овие две општини.
Како што истакна министерот без ресор, Аксел Ахмедовски, кој во текот на овој викенд е во посета на Пијанечко-Малешевскиот регион, средствата за реализација на инфраструктурните проекти се обезбедени преку посебни...
Кошаркарот на Бостон донираше 110 илјади долари на Индијанци
Кошаркарот на Бостон Селтикс, Кајри Ирвинг, донираше 110 илјади долари на Индијанците Сиукс, објави „Тhe Seattle Times“.
Парите ќе бидат насочени кон развој на младински програми во Северна Дакота.
Во август, Кајри, заедно со својата сестра Азија, кои имаат индијански корени, добиле имиња на луѓето од Сиукс. Кошаркарот беше наречен Мала Планина“, а неговата сестра - Бизон Жена.
Индијанците од племето Сиукс...
Изгоре куќа во битолската населбата Баир
Во пожар целосно изгоре куќа во битолската населбата Баир. Повредени лица нема.
Како што е наведено во полицискиот билтен, ноќеска во 03:30 часот телефонски во Секторот за внатрешни работи Битола било пријавено дека во населбата Баир, лоцирана над магистралниот пат Прилеп-Ресен (обиколница Битола), избувнал пожар во куќата сопственост на С.Р.
Пожарот бил локализиран во 04:15 часот од екипа на Територијалната противпожарна...







































