Бошкоски: Конечно во Македонија се враќа правната држава

Верувам дека конечно во Македонија се враќа правната држава, што беше изгубена изминатите години. Верувам во судот и  верувам дека конечно за сите оние кои беа неправедно обвинети и осудени ќе им се обноват постапките и вистината конечно ќе победи, изјави лидерот на „Обединети за Македонија“ и поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски по завршувањето на денешното рочиште...

Објавен конкурс за обука на воени пилоти

Министерството за одбрана и Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ денеска објавија конкурс за запишување на осум слушатели на стручно оспособување и усовршување за воени пилоти. Од МО соопштија дека кандидатите треба да имаат завршено високо образование и да не се постари од 28 години. Потребно е да ги достават своите апликации со потребните документи најдоцна до 26 октомври. При приемот предвид се...

Герашченко: Украина планира да не го продолжи „Големиот договор“ со Русија

Првата потпретседателка на Врховната рада на Украина, Ирина Герашченко најави дека Украина планира да го прекине Договорот за пријателство, соработка и партнерство со Русија. Таа нагласи дека постои голема разлика помеѓу прекинување и непролонгирање на Договорот. - Би сакала нашите драги политичари, посебно кога станува збор за идните претседателски канадидати... да ја знаат разликата, бидејќи тоа е нивна должност, ако ги...

Заев-Пејџ: Државните пред партиските и личните интереси

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со Ендру Пејџ, директор за Западен Балкан во британското Министерство за надворешни работи, придружуван од Рејчел Галовеј, амбасадорка на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Република Македонија. Директорот од британското МНР за Западен Балкан, Пејџ на средбата порачал дека регионот е во нов моментум, а таа позитивна клима во голем дел...

Блокирана сметката на ОУ „К.Ј.Питу“- Кичево

Основното училиште ОУ „Кузман Јосифоски- Питу“- Кичево и оваа учебна година ја започна со блокирана сметка, без спортска сала и училишна ограда. Па така и годинава учениците ќе вежбаат во училница и на отворено, а училиштето и понатаму ќе биде без потребната ограда, која со години ја очекуваат над 700 ученици од ова училиште. Новоименуваната директорка Анета Божиноска, се надева...

По вторпат за четири месеци ограбена црквата на православните гробишта во Тетово

Околу 1400 денари биле одземени, а била нанесена и материјална штета по тешката кражба што засега непознати сторители ја извршиле во црквата „Свети Димитрија“ на улица „Прохор Пчински“ во православните гробишта во Тетово, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски. Според неговите податоци, кражбата била извршена ноќта помеѓу сабота и недела изминатиот викенд. - Непознатите сторители  откако ги скршиле двата...

Скопјанка прободена со нож по семејна кавга

Педесет и двегодишна скопјанка била прободена со нож во пределот на стомакот по расправија со нејзиниот сопруг. Како што информира МВР, утринава во 4:10 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје од Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив била донесена П.В.(52) од Скопје со убодна рана во пределот на стомакот. Од страна на полициски службеници...

Заев најави државна помош за враќање на општинските долгови

Државата ќе им помогне на општините во враќање на затекнатите стари долгови, а со ребаланост во октомври ќе бидат алоцирани средства за трајно да се реши проблемот, изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање за тоа како ќе се решаваат долговите на училиштата. - Конечното решение на оние затекнати стари долгови е преку начинот на кој што државата...

Притвор и кривична пријава за убиецот на семејството од Дебар

Кривична пријава за убиство против 28-годишната Б.П. денеска до Основното јавно обвинителство поднесе Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар. Како што соопшти МВР, кривичната пријава е поднесена и против Ф.Г.(31) од Гостивар и В.К. (61) од Дебар за помагање во убиството на Амит Поцеста (54), неговата сопруга Назмије (53) и нивната ќерка Анила (14). Сите се приведени, а судија на претходна постапка...

Бразилецот Роналдо е нов газда на Ваљадолид

Легендарниот бразилски фудбалер Роналдо Назарио де Лима стана главен сопственик и претседател на шпански Реал Ваљадолид, објавено е на веб-страницата на клубот. Поранешниот напаѓач Барселона и Реал Мадрид купи 51 отсто од акциите на клубот за 30 милиони евра и го наследи Карлос Суарез Суреду, кој ќе остане во одборот на клубот во таа улога. Во јануари оваа година, Роналдо изрази...