Република Македонија жртва на грчката опсесија

Септември годинава ќе биде референдумскиот месец за судбината на името и воопшто на Република Македонија. Во тек е невидена кампања, која треба да го оправда потегот на Владата да се промени името на државата во Република Северна Македонија, а со цел да се влезе во НАТО и во ЕУ. Од неа се бара да се откажеме од нејзиното уставно...

Денот на независноста неработен за сите граѓани на Македонија

Министерството за труд и социјална политика денеска соопшти дека 8 септември - Денот на независноста е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија. Годинава, 8 септември е во сабота, а Денот на независноста е прогласен за неработен согласно Законот за празници на Република Македонија.

Сензација на УС Опен: Федерер елиминиран од 55-тиот светски тенисер

Вториот носител и петкратен освојувач на УС Опен Швајцарецот Роџер Федерер го заврши натпреварувањето на овој турнир откако во осминафиналето беше исфрлен од Австралиецот Џон Милман. Австралиецот, во моментот 55-ти тенисер на светот, славеше по три часа и 34 минути игра со 3-6, 7-5, 7-6(7), 7-6(3). Милман, кому најдобар ранкинг во кариерата му е 49-то место на АТП листата, досега нема...

Тиранија на моментот

Живееме во општество во кое со луда брзина сѐ си стои на место. Ова е парафраза на норвешкиот антрополог Томас Ериксен, автор на книгата „Тиранија на моментот“, а изгледа како да е парабола на нашата стварност, во која сѐ повеќе забрзуваме, а никако да се помрднеме. Секако, Ериксен не пишува за Македонија и нејзиниот лет во место, туку за...

Хрватска: Почина маж од западнонилска треска

Едно лице почина, а 26 се заболени од западнонилски вирус, соопшти Хрватскиот завод за јавно здравје. Од минатата недела, во Хрватска се забележани 10 нови случаи од тој вирус, се наведува во соопштението и се додава дека сите новозаболени лица се од северозападниот и источниот дел на Хрватска.  Според податоците на Европскиот центар за спречување и сузбивање на болести, до 30...

Промоција на книгата „Како го читам Конески“

Фондацијата за македонски јазик „Небрегово“ ја издаде четвртата книга од својата едиција „Македонски збор“, која ќе биде промовирана во петок во пресрет на националниот празник 8 Септември. Идејата беше во книгата „Како го читам Конески“ да имаат можност и помладите истражувачи да изнесат свои видувања за творештвото на Конески. Како што информираат од Фондацијата, на конкурсот што беше објавен во соработка...

Несреќата никогаш не доаѓа сама

За нас, Македонците, сѐ уште важи онаа стара наша поговорка: несреќата никогаш не пристигнува сама. Таа секогаш има друштво. На наша несреќа, како по некое непишано правило, нејзиното друштво е поголемо кога нам ни доаѓа на гости... Од друга страна, има уште една дебарска народна, која вели: сѐ што дојде - добредојде! Ќе излеземе накрај и со тоа. А...

Меси: Реал е ослабен без Роналдо

Фудбалерот на Барселона, Лионел Меси, изјави дека Реал Мадрид е послаб без Кристијано Роналдо. - Реал е меѓу најдобрите екипи во светот, но евидентно е дека се ослабени со одењето на Роналдо. Искрен да бидам се изненадив од неговиот потег да го напушти Мадрид. За него секогаш има заинтересирани клубови, но во секој случај замина во добар клуб - вели...

Јапонија на удар на најсилниот тајфун во последните 25 години

Силен тајфун, најсилен во последните 25 години, денеска ја погоди Јапонија, предизвикувајќи проблеми во сообраќајот на островот Шикоку. Тајфунот 21 во сезоната во Азија, ја погоди префектурата Токушима, на југозападот на земјата, на островот Шикоку, објави метеоролошката агенција. Невремето е проследено со силен ветер кој на моменти достига брзина од речиси 220 километри на час. Тајфунот патува многу брзо, продолжувајќи го патот...

Првиот процес за корупција против Кристина Киршнер ќе започне во февруари

Првиот процес во Аргентина под обвинение за корупција против поранешниот претседател Кристина Фернандес де Киршнер, ќе започне на 26 февруари, информираат извори од судската власт. Фернандес беше претседателка од 2007 до 2015 година Против неа во тек се серија на судски постапки за корупција. Процесот, што ќе започне во февруари, е за градежни договори склучени од државата со претприемач близок до...