Макрон: Путин сонува да ја расформира ЕУ
Францускиот претседател Емануел Макрон во интервју за шведската телевизија ВБТ изјави дека претседателот на Русија, Владимир Путин фантазира за тоа да ја „расформира Европска унија“.
- Постојано сум во контакт со Владимир Путин, го почитувам, но сонот на Путин е да ја расформира ЕУ, истакна Макрон.
Претходно, Макрон на прес-конференција со финскиот претседател Саули Нинисто изјави дека стабилизацијата на односите помеѓу...
Роналдо, Модриќ и Салах во конкуренција за најдобар играч на ФИФА
Кристијано Роналдо од Јувентус, Лука Модриќ од Реал Мадрид и Мохамед Салах од Ливерпул се тројцата фудбалери кои влегоа во потесниот избор за најдобар играч на светот за 2018 година во избор на ФИФА.
Првпат по 12 години меѓу тројцата кандидати за „Златната топка“ го нема капитенот на Барселона и петкратен освојувач на оваа награда Лионел Меси.
Претходните две години оваа...
Заев: Доаѓањето на тројцата светски државници поддршка за Македонија
Тоа што тројца светски државници неделава ќе дојдат во Македонија е уште еден позитивен сигнал, признание и поддршка за нашата земја, рече премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев на вечерашната трибина во Берово.
Заев ја најави посетата на генералниот секретар на НАТО Столтенберг, на германската канцеларка Меркел, како и на австрискиот канцелар Курц .
- Во среда вечер доаѓа Столтенберг, вторпат во...
Харадинај: Никој нема мандат да разговара за територијата на Косово
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај по денешната седница на Владата, на која го објави составот на владината делегација за преговорите со Србија, нагласи дека никој од тие што ќе отпатуваат во Брисел нема мандат да го доведува во прашање територијалниот интегритет на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.
На прес-конфренција по седницата, Харадинај порача дека тоа право го нема ниту...
Тачи: Јункер силно поддржува договор меѓу Белград и Приштина
Косовскиот претседател Хашим Тачи денеска на Фејсбук соопшти дека претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, „силно го поддржува" постигнувањето договорот меѓу Белград и Приштина, како клучен услов за обезбедување долгорочен мир во Западен Балкан и за отворање на евроатланската перспектива.
Тачи истакна дека разговарал со Јункер по телефон за процесот на визна либерализација, европската перспектива за Косово и последната фаза...
Зградата на опожарениот Национален музеј на Бразил може да се урне
Фасадата на зградата на Националниот музеј на Бразил, каде што минатата ноќ избувна огромен пожар, може да се урне, јави телевизискиот канал „Глобу", повикувајќи се на противпожарната служба.
Спасувачките служби продолжуваат со инспекција на зградата и неутрализираат преостанатите огништа, а воедно се спасуваат и експонатите кои не изгореа во пожарот.
Пожарникари алармираа дека фасадата има пукнатини што значи дека постои ризик...
Шекеринска: Референдумот е обврска на оваа генерација
Безбедноста е буквално како здравјето. Кога ќе ја изгубите, ќе сфатите колку е скапоцена. На Балканот уште има нерешени прашања. Сакаме тогаш кога ќе се решаваат, Македонија да биде сигурна под чадорот на НАТО, најмоќниот воено-политички сојуз, порача вечерва министерката за одбрана Радмила Шекеринска на граѓанскиот собир „Излези За европска Македонија“ што се одржа во Струмица.
Додаде дека Црна Гора...
Заев од Пехчево: Исправени сме да носиме важни одлуки за сегашните и идните генерации
Премиерот Зоран Заев, кој е и лидер на СДСМ, вечерва на трибина во Пехчево истакна дека како нација сме исправени да носиме важни одлуки за сегашните и за идните генерации.
- Конечно после 27 години имаме покана за членство во НАТО, испорачана ни ја дадоа на рака. Сега зависи од нас дали ќе го поминеме тој скрининг процес. По референдумот...
Рот: Прекројување на границите не е решение
Германскиот министер за Европа Михаел Рот им порача на „пријателите во Косово и Србија“ дека прекројувањето на границите не е решение и дека иднината на Западен Балкан е мултиетничка.
„Драги пријатели во Косово и Србија, прекројувањето на границите нема да реши ниту еден проблем. Таков потег би ја отворил Пандорината кутија на взаемни обвинувања по етничка линија. Иднината на Западен...
Осуммина загинати во експлозија во магацин за оружје во Кејптаун
Најмалку осум лица загинаа во денешната експлозија во еден од магацините за складирање на муниција во близина на Кејптаун, соопшти градската служба за пожари и спасување.
- Засега не се познати причините за експлозијата. Во моментов, на самото место, има 15 пожарникари со три противпожарни возила, изјави портпаролот на таа служба Тео Лејн.
Локалните медиуми објавија дека чадот може да се види...








































