Франкфурт мора да забрани дизел возила

Суд во Германија пресуди дека Франкфурт мора да ја забрани употребата на дизел возилата кои се големи загадувачи со цел подобрување на квалитетот на воздухот во градот. Управниот суд во Висбаден донесе одлука врз основа на иницијатива на една група за заштита на животната средина која го иницира процесот тврдејќи дека Франкфурт не ги исполнува стандардите на ЕУ кога станува...

Земјотрес во Јапонија, бројот на жртви се искачи на осум

Бројот на жртви од силниот земјотрес што се случи вчера на јапонскиот остров Хокаидо се зголеми на осум, откако уште пет тела беа пронајдени под урнатините на куќа во планинското село Ацума. Најмалку 39 лица се пријавени за исчезнати во Ацума, каде што земјотрес со интензитет 6,6 степени предизвика огромни свлечишта, кои затрупаа куќи и патишта. Земјотресот предизвикал уривање на...

Драконски безбедносни мерки во Солун за отворањето на Меѓународниот саем

Закажаните три различни и меѓусебно неповрзани протести, еден против договорот од Преспа од една, друг организиран од грчките синдикати за економската политика и трет од анархистичките здруженија и организации, во комбинација со фактот дека САД се почесна земја на саемот, доволни причини, Солун, в сабота да биде под драконски безбедносни мерки за време на свеченото отворање на 83-от Меѓународен...

Столтенберг на средба со Иванов

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг со средба со македонскиот претседател Ѓорге Иванов ја почна денешната серија разговори со македонскиот државен врв. Првиот човек на Алијансата покрај со Иванов, треба да има средби и со премиерот Зоран Заев, со претседателот на Собранието Талат Џафери, како и  со министерката за одбрана Радмила Шекеринска и други високи официјални претставници. Столтенберг во Собранието...

Бојкот на референдумот – македонска победа

Името на Република Македонија не смее да се стaва на референдумско изјаснување бидејќи: тоа е сопственост и идентитет на македонскиот народ; името е сржта на постоењето нa еден народ и држава; името не е политика за со него да се политизира, да се продава и со него да се уценува, за него се бореле и гинеле претходните генерации, со...

И неодлучувањето на ВМРО-ДПМНЕ за референдумот е одлука

Од една страна големо мнозинство од симпатизерите/гласачите на ВМРО-ДПМНЕ е против спогодбата, а од друга страна слично мнозинство поддржува членство во НАТО и во ЕУ Деновиве ќе помине рокот во кој ВМРО-ДПМНЕ ќе го објави својот став за референдумот за спогодбата со Грција. Опозицијата и покрај критиките од сите страни за таквата позиција, за неискажување за референдумот, не го промени...

За случајот „новичок“ ќе расправа и Советот за безбедност на ОН

Велика Британија побара  да се одржи денеска состанокот на Советот за безбедност на ОН за да се разгледа случајот на труење со „новичок“. Официјалните лица имаат намера на таа седница да ги информираат членовите на Советот за напредокот во истрагата. На тој состанок ќе присуствува и Русија поради својот статус на член на Советот за безбедност. Британските обвинители вчера обвинија двајца Руси за...

Соработникот на Трамп за специјални мисии Рон Џонсон следната недела во Скопје

Американскиот сенатор и претседавач на Комисијата за државна безбедност Рон Џонсон следната недела доаѓа во Македонија, а ќе ги посети и Грција, Србија и Косово. Џонсон во Скопје, Атина, Белград и Приштина ќе има средби со високи владини претставници, пренесуваат српските медиуми повикувајќи се на информации од Американската амбасада во Србија. Сенаторот Џонсон е еден од високо рангираните соработници на американскиот...

Клонирањето – нов проект на Владата

Јасно дека многумина се изненадени, но овој метод на генетичкиот инженеринг дури и кај нас веќе одамна не е тема од областа на научната фантастика туку реалност, присутна во секојдневниот живот. Но за разлика од тоа што усовршувањето на овој метод низ белиот свет резултира, пред сѐ, со бизарниот тренд за клонирање домашни миленици, Владата во Македонија е фокусирана...

Градежни работи им го продолжија распустот на учениците во ,,Гоце Делчев”

Градежници работат на фасадата на основното училиште ,,Гоце Делчев". Во објектот не се одржува настава. Родители револтирано реагираат дека градежните работи требало да се завршат до почетокот на учебната година.  Според Законот за основно образование, во една учебна година има вкупно 180 работни денови. Учениците во ,,Гоце Делчев" треба да ги одработат дополнително пропуштените часови.  А. П.