Лов со лак и стрела

Современите лакови постигнуваат прецизни погодоци на далечина до 30 метри, брзината на стрелите е околу 100 метри во секунда, најчеста далечина на гаѓање е на 30-40 метри во шума и до 60 метри во поле Денес се цени дека во светот има околу 3,5 милиони ловџии што одат во лов со лак и стрела. Повеќето европски држави имаат национални асоцијации...

Кому ќе му светне, а кому ќе му се стемни

Експертските мислења се дека либерализацијата има повеќе димензии и дека не станува збор само за цената на енергијата. Прогнозите се во насока дека во првиот период ќе има пораст на вредноста на струјата, бидејќи нашиот пазар е неразвиен. Поради ова може да се очекуваат турбуленции и мал пораст на цената кај крајните потрошувачи, додека да се развие целосно механизмот...

Осумнаесет мигранти пронајдени во Неготинско

Осумнаесет мигранти биле пронајдени синоќа во Неготинско, информира денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. - Околу 21:00 часот на автопатот Неготино-Градско, во близина на место викано „Црвени брегови“, било запрено товарно возило „форд транзит” со скопски регистарски ознаки. Во него биле пронајдени 18 лица-илегални мигранти од Авганистан. Возачот А.Н.(19) и совозачот Л.С.(18), двајцата од село Слупчане, општина Липково, се...

Врвни тренери бараат измени на правилото за гол на гости

Во УЕФА за правилото воведено во 1965 година дискутирале Мурињо, Емери, Фонсека, Венгер, Алегри, Лопетеги, Анчелоти, Тухел... Врвни евроски тренери побараа на годишниот останок на Европската фудбалска унија (УЕФА) да биде одново разгледано правилото т.н. „гол на гости“, за предност на тимот со постигнати повеќе голови на гости во нокаут-мечевите во европските клупски натпреварувања. Покрај тоа, тие од УЕФА побарале...

Македонија од Гибралтар тргнува кон пласман на ЕП 2020

Ги реализиравме подготовките, се навикнавме на временските услови и на условите за игра, пред сѐ на теренот. Нема да експериментираме со тимот, ќе настапат најдобрите. Верувам дека сите ќе имаат вистински пристап и со победа ќе почнеме во ова натпреварување, изјави селекторот Игор Ангеловски, пред мечот вечерва (20.45 ч.) со Гибралтар, во 1-то коло на Лигата на нациите Македонската фудбалска...

Велјаноски ги изненади светските прваци во групата двопотези

Во конкуренција на 19 држави, по првиот (од двата) натпреварувачки ден на СП во решавање шаховски проблеми во Охрид, води Полска, пред Русија и Украина, а Македонија е 17-та Репрезентацијата на Полска води по првиот ден на 42. Светско првенство во решавање шаховски проблеми, кое до сабота, во оргaнизaција на Шаховската федерација на Македонија (ШФМ) и ШК Гамбит Асеко СЕЕ,...

Вo Фиренца се воведуваат казни за туристи кои ќе јадат по улица

Властите во италијанскиот град Фиренца, кој е магнет за туристи, ќе воведат казна за посетителите кои од 12 до 15 часот и од 18 до 22 часот ќе одлучат да јадат по тротоарите, улиците и на праговите на јавните објекти. За прекршителите казната ќе изнесува до 500 евра. Забраната стапува во сила оваа седмица и ќе се однесува на одредени...

Наградата „8 септември“ за животно дело за Таки Џиков

Добитници на наградите за посебни остварувања во спортот се Ристо Таков (борење), Сашко Арсовски (карате), Владимир Радиќ (ракомет) и Стеван Гешовски (кошарка) Добитник на државната награда „8 септември“ за животно дело од областа на спортот е Таки Џиков, објави Агенцијата за млади и за спорт (АМС). Добитници на наградите за посебни остварувања во спортот се Ристо Таков (борење), Сашко Арсовски...

Месут Озил ќе основа сопствен е-спорт тим?

Според пишувањата на „Спорт билд“, германскиот репрезентативец и фудбалер од средниот ред на Арсенал, Месут Озил, тргнува во основање сопствен е-спорт тим, со кој ќе се натпреварува во претстојната сезона на играта ФИФА 19. Тимот веќе има тренер, а изборот на играчи е во тек. Озил во тимот сака да донесе пет играчи од пет различни континенти. Тимот би се...

Пет години затвор за шеги околу религијата во Саудиска Арабија

Шеги на религиозни теми на интернет отсега можат да значат и пет години затвор во Саудиска Арабија, соопшти Јавното обвинителството на кралството, што беше објавено и на Твитер. - Објави и распространување на содржини со цел исмејување или поткопување на јавниот ред, религиозните вредности и моралните норми, ќе се смета за киберкриминал, се наведува во соопштението. Оние кои нема да ја почитуваат забраната,...