САД и доделија грант на Македонија од 23 милиони долари

Македонија доби 23 милиони долари грант од САД за развојна цел. Договорот е потпишан меѓу Република Македонија претставена од Министерството за финансии и Соединетите Американски Држави претставени од Агенцијата на САД за меѓународен развој, УСАИД. За оваа цел Македонија ја посети високиот претставник на УСАИД Гречен Биркл. На потпишувањето во Министерството за финансии, присуствуваа и американскиот амбасадор Џес Бејли...

Жан Тод: Споредбите меѓу Формула Е и Формула 1 се здодевни

Претседателот на Меѓународната автомобилистичка федерација (ФИА) Жан Тод ги отфрли гласините дека најпрестижниот автомобилски шампионат - Формула 1 - во иднина ќе стане целосно електрично натпреварување. Неодамна спортскиот шеф на „Либерти медија“ Рос Браун објави дека ништо не може да ги запре „кралските трки“ да го следат примерот на целосно електричните серии на Формула Е. Тод побрза да ги...

Отворена нова истрага во „Велс Фарго“

Американското министерството за правда започна уште една истрага во една од најголемите банки на САД, „Велс Фарго“, објави „Волстрит журнал“. Годинава во мај се дозна дека вработени во одделот за правни лица на банката самостојно додавале информации за голем број на клиенти, покрај постоечките, и притоа клиентите не знаеле за тоа. За незаконските дејства на вработените банката дозна после извршената...

Еди Рама пречекан со протести во Елбасан

Премиерот Еди Рама доцна попладнево беше дочекан со протести во градот Елбасан, каде допатува на средба со група просветни рабоници, пред почетокот на новата учебната година, која во Албанија почнува на 17 септември. Протестот организиран од Унијата на млади на опозициската Демократска партија, која денеска одржа средба во овој град, заедно со раководствата и пратениците од обединетата опозиција. На протестот учествува...

Силен земјотрес го погоди Фиџи

Земјотрес со интензитет од 7.8 степени по Рихтеровата скала е регистриран на 123 километри југоисточно од Фиџи, на длабочина од 669 километри, соопшти денеска американскиот Геолошки центар. По овој земјотрес, нема опасност од цунами во Тихиот Океан.

Зекири во судница го препозна лицето со пиштол во настаните од 27 април

Пратеникот Мухамед Зекири кој денеска сведочеше за настаните од 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија посочи дека на обвинителната клупа меѓу обвинетите го видел лицето кое држеше пиштол во прес-салата. - Лицето кое го држеше пиштолот денеска го видов на обвинителната клупа и е меѓу обвинетите. Тоа како што сите знаеме е Игор Југ. Јас во исказот...

Весели: Косово e единствено, суверенитетот на државата е неспорен

Претседателот на Собранието на Косово Кадри Весели објави денеска попладне, по последниот неуспешен обид за расправа за преговорите со Србија, дека првата следна собраниска седница ќе се одржи на 13. септември. Со тоа, како што јави дописникот на МИА од Приштина, се стави крај на обидите за одржување вонредни седници, на барање и на Владата и на опозицијата, посветени на...

Без струја утре повеќе делови на Скопје

Без електрична енергија утре од 07:30 до 09:30 часот ќе бидат корисниците од селата Љуботен и Љубанци, во општина Бутел и селото Раштак, во општина Гази Баба. Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа. Без струја од 08:30 до 11:00 часот, ќе бидат и корисниците од...

Вооружен напад во банка во Синсинати, најмалку четворица убиени

Најмалку четири лица биле убиени во напад во американскиот град Синсинати, каде вооружено лице отворило оган во банка во центарот на градот. Локалните медиуми јавуваат дека полицајци интервенирале и размениле оган со напаѓачот. Засега се потврдени три жртви и тројца ранети, а и напаѓачот бил убиен. Инцидентот се случил во деловен центар, а очевидците велат дека слушнале најмалку 15 истрели...

Меркел: Германија има интерес од стабилен економскиот развој во Турција

Германија има „стратешки интерес" од стабилен економски развој во Турција, изјави германската канцеларка Ангела Меркел во интервју за германската телевизиска станица Ер Те Ел. Меркел рече дека Германија и Турција треба да го зајакнат дијалогот и соработката и покрај несогласувањата што ги имаат околу бројни политички прашања. - Германија има стратешки интерес од стабилен економски развој во Турција. Ако дејствуваме на...