Заев ќе сведочи во Кривичен суд
Со сослушување на сведоци предложени од обвинителството во Кривичниот суд во Скопје денеска продолжува судскиот процес за случувањата во Собранието на Република Македонија на 27 април минатата година.
На денешното рочиште, како што е најавено, треба да бидат сослушани четворица сведоци, меѓу кои и премиерот Зоран Заев, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, Вејсел Мемеди и поранешниот пратеник Никола Тодоров.
На...
Вратата на НАТО е отворена, од Македонија зависи дали ќе влезе
Вратата на НАТО е отворена, членството е на дофат. За неколку седмици имате референдум за договорот за името. Вашата иднина е во ваши раце, додека ние ве чекаме во НАТО. Ова е прилика која се јавува еднаш во животот - да станете членка на меѓународната заедница со сите придобивки кои тоа ги носи со себе.
Ова го порача генералниот секретар...
Курц пристигна во Скопје (фото)
Австрискиот канцелар Себастијан Курц денеска е во официјална посета на Република Македонија.
Тој заедно со австриската делегација беше свечено пречекан на платото пред Владата на Република Македонија, а подоцна ќе има и заедничка прес-конференција со премиерот Зоран Заев.
Курц во Македонија доаѓа на покана на премиерот Зоран Заев, кој пред референдумот има покането и неколку други европски лидери.
При последната посета на...
Сончево со мала до умерена локална облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Попладне во источните делови ќе има услови за краткотраен дожд.
Дневните температури ќе се движат во интервал од 22 до 33 степени.
Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 30 степени.
УВ индексот ќе изнесува 7.
Во сабота попладне ќе има повеќе услови за локален пороен...
Македонија со победа стартуваше во УЕФА Лигата на нации
Македонската фудбалска репрезентација го совлада Гибралтар со 2:0 и со победа ги започна настапите во УЕФА Лигата на нациите.
Македонија поведе со голот на Иван Тричковски во 19-тата минута, по одличното нафрлање на Стефан Ристовски откако претходно беше извршен школски контра напад.
Вториот гол го постигна Езгјан Алиоски во 35-та минута, со силен удар од работ на петерецот.
Со овој резултат се...
Конфискуван имот вреден пет милиони евра од двајца Албанци кои беа фатени во Шпанија со тон кокаин
По барање на Судот за тешки кривични дела, на две лица од албанскиот град Лежа им е запленет имот во вредност од пет милиони евра. Според полицијата, станува збир за банкарски сметки, движен и недвижен имот во сопственост на Арјан Ндоци и Јулиан Деблини, и нивните семејства.
- Ндоци (41) и Деблини (31) на 30 април 2018 година беа уапсени...
Снимањето на „Џејмс Бонд“ најверојатно се одложува
Откако оскаровскиот режисер Дени Бојл го напушти проектот, 25-от „Џејмс Бонд“ филм се соочува со нови проблеми... Снимањето најверојатно ќе се одложи, а тоа е поради други обврски на Даниел Крег, објави „Дејли Меил“.
Имено, според „Сан“, глумецот од ноември почнува со снимање на мистеријата „Knives Out“, па токму тоа може да биде причина за поместување на продукцијата на „Бонд“.
Познавачите...
Почина Берт Рејнолдс
Познатиот американски актер Берт Рејнолдс починал денеска на 82 годишна возраст. Ѕвездата на серијалот „Gunsmoke“, „Smokey and the Bandit“ и „Boogie Nights“ починал во болница во Флорида.
Познат како еден од опасните момци на американската филмска сцена, Рејнолдс ја започна кариерата на филмското платно во култниот филм „Deliverance".
Го глумеше и полицискиот детектив Ден Огуст во истоимената серија, а во...
Пацифичките островски земји ги повикаа САД да се вратат во Парискиот климатски договор
Островските држави од Тихиот Океан во заедничка декларација за климатските промени ги повикаа САД да се вратат во Парискиот договор за климата.
Декларацијата е усвоена на самитот на 18-те земји во малата островска држава Науру.
- Климатските промени претставуваат најголемата поединечна закана за егзистенцијата, безбедноста и просперитетот на народите од Пацификот" - се вели во декларацијата. „Се надеваме дека САД повторно...
Црна Гора ќе прими пет мигранти од Италија
Владата на Црна Гора денеска решила да прими пет мигранти од Италија, за да им помогне на италијанските власти да се справат со групата од 140 луѓе кои пристигнаа со брод од Африка, јави хрватската агенција Хина.
- Од почит кон принципите на хуманитарност и солидарност со луѓето во неволја, и во согласност со традиционалните вредности на црногорското општество, Владата...








































