Ана Јовковска: Човек без љубов би бил празен и зол

За стравовите, очекувањата и причините да се љуби, од друг агол со новинарката и авторка Ана Јовковска, непосредно пред промоцијата на нејзината втора книга „Ехо на слободата“, чијашто промоција ќе се случи на 12 април, во клуб-ресторанот на МКЦ, со почеток во 20 часот. Карактерна особина што најмногу ја почитуваш е...? - Капацитетот за љубов (или да љубиш). Нема збор за...

Екстрадицијата на Грујевски го одложи „Трезор“ за 17 мај

Кривичниот суд на денешното рочиште донесе решение главната расправа по предметот „Трезор“ да се одложи за 17 мај поради немање одговор на барањата за екстрадицијата на второобвинетиот во овој случај Горан Грујевски. Судот го задолжи адвокатот на Грујевски, Петар Василев уредно да достави потврда или полномошно од обвинетиот или потесното семејство за негово застапување. Василев пред Судот образложи до каде е...

Скотланд јард: Скрипал бил отруен на влезната врата на неговиот дом

Британската полиција соопшти дека верува оти поранешниот двоен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија првпат дошле во контакт со нервниот агенс со кои беа затуени, на влезната врата на нивната куќа. - На влезната врата на куќата на Скрипал идентификувавме најголема концентрација на нервиот агенс досега - се наведува во соопштението на Скотланд јард. Ваквото најново откритие во истрагата за...

Промоција на романот за деца „Традицијата низ перото на баба“

Илустрираниот роман за деца „Традицијата низ перото на баба“ од авторот Јадранка Клисарова вечер ќе биде промовиран во книжарницата „Тримакс“ во ТЦ „Скопјанка“. Делото го издаде издавачката куќа „Тримакс“, а рецензент е унивиерзитетската професорка Јасна Котеска. Според издавачот, пожелно е секое семејство во својата домашна библиотека да го има овој роман за деца. Со него децата од најмала возраст може...

Воени маневри на руските стратегиски ракетни сили

Во областа на рускиот град Свердловск, во реонот на Урал, започнаа воени вежни на стратегиските ракетни единици на Вооружените сили на Русија, во кои учествуваат над 3.000 војници. Во соопштението на руското Министерство за одбрана се наведува дека во рамки на маневрите се вклучени и полкови вооружени со самоодниот ракетен систм „Јарс“. - Во текот на вежбите се тренира воено патролирање...

Вкупно 68 лица загинаа во немири и пожар во венецуелска полициска станица

Вкупно 68 лица загинаа во немири и пожар кои избувнале во келиите на полициска станица во централниот венецуелски град Валенсија. Полицијата со солзавец ги растерала членовите на семејствата кои пред станицата чекале да дознаат што се случило. Локалните власти не соопштија никакви информации за тоа што се случувало во станицата до доцна вечерта. Обвинителството назначило четворица обвинители кои треба да разјаснат како...

Свлечиште на патот Гостивар-Кичево кај Тајмиште

На магистралниот пат Гостивар-Кичево по планинскиот премин Стража кај селото Тајмиште има свлечиште поради што сообраќајот се одвива наизменично по една сообраќајна лента само за лесни возила. Екипи на Македонија пат работат на побрзо отстранување на слвечиштето и нормализирање на сообраќајот. На останатите патишта низ државата утринава сообраќајот се одвива непречено по претежно суви коловози.

Системот за повикување итна помош задолжителен за новите автомобили во ЕУ

Сите нови автомобили во Европската унија од следната недела ќе мора да имаат вграден систем што автоматски ќе повикува итна помош во случај на сообраќајна несреќа. - Системот под назив еЦалл има можност да спаси многу животи намалувајќи време за реакција на итни служби, изјави генералниот секретар на Европската асоцијација на производители на автомобили, Ерик Јонерт. Сензори во автомобилите автоматски ќе...

Димитров и Коѕијас се подготвуваат за Виена, и двете страни бараат достоинствено решение

И Македонија и Грција сакаат достоинствено решение за спорот со името, кое ќе биде плод на компромис и на почитување на интересите на двете страни. Ова го потенцираат официјалните претставници на двете земји непосредно пред новата рунда преговори за името, која треба да се одржи утре во Виена. Министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос...

Судски рочишта за „Трезор“, „Тарифа“ и „Труст“

Во Кривичниот суд за денеска се закажани рочишта за предметите на СЈО „Трезор“, „Тарифа“ и „Труст“. Во „Трезор“ првообвинет е поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски, поранешниот помошник-министер во МВР Небојша Стајковиќ и поранешениот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски, кој веќе со месеци се наоѓа во екстрадициски притвор во Грција. Тие...