Телевизија Сител добила лажна закана за поставена бомба во студиото?

Непознато лице се јавило во телевизија Сител, при што кажало дека во студиото има подметната бомба, вечерва околу 21 часот, неофицијално дознава „Нова Македонија“. Екипи од МВР излегле на терен во Градскиот парк во Скопје, за да ја испитаат веродостојноста на заканата, која се испоставило дека е лажна, според непотврдени информации.

Останува непознато за што разговараа Заев и Ахмети во Собранието

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев денеска попладне по седницата за пратенички прашања во Собранието се сретна со коалицискиот партнер и претседател на ДУИ Али Ахмети, потврдија од ДУИ. Заев ја најави средбата со Ахмети вчера во одговор на новинарско прашање за преговорите за проширување на владината коалиција, кога објави дека се допрецизираат разговорите со Турската демократска партија (ТДП)...

Започна обновата на зелените површини во Градскиот парк

Градот Скопје започна акцијата за обнова на зелените површини во новиот дел на Градскиот парк. Во рамки на акцијата, се реконструираат тревните површини во близина на езерцето со нова хидрантска мрежа и се прават подготовки за да се постави урбана опрема и да се засадат повеќе од 200 дрвца. - Започнавме со реконструкција на зелените површини во стариот дел од Градскиот...

Изградбата на експресниот пат Штип-Радовиш почнува за десетина дена

Изградбата на експресниот пат Штип-Радовиш ќе почне за десетина дена и можно е негово завршување до крајот на оваа година, најави премиерот Зоран Заев на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања. - Не очекуваме проблеми во делот на имотно-правните односи и во некои други спорни ситуации. Тоа значи дека ќе има сериозна офанзива на изведба и можно е до...

Средношколец од Струга сексуално злоставуван од друг ученик

Ученик од средно училиште во Струга бил сексуално злоставуван од друг малолетен ученик. Случајот во полиција е пријавен вчера од страна на Центарот за социјални работи во Струга. Малолетникот во разговор со социјалниот работник, психолог, педагог и адвокат за деца изјавил дека во повеќе наврати во летото 2017 година во неговиот дом бил сексуално злоставуван од страна на друг малолетен...

Во „Труст“ се испрашуваше вештак за тендерската документација

На денешното продолжение на судското рочиште за предметот „Труст“ во кој првоосомничен е бизнисменот Сеад Кочан, одбраната го испрашуваше вештакот за материјалното и книговодствено работење на фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и „Вато“ ДООЕЛ, во врска со изготвувањето на тендерската документација. Вештакот Павлина Стојанова е предложена од страна на одбраната. Во овој предмет на СЈО покрај Кочан, осомничени се уште две физички и...

САД издаде предупредување за Косово, постои можност за терористички напад

Американската амбасада на Косово ги предупредува своите граѓани на зголемен ризик од терористички напад во Косово, особено за време на велигденските празници. -Американските државјани треба да бидат внимателни за време на настаните поврзани со прославувањето на православниот и католичкиот Велигден - се наведува во сајтот на Амбасадата на САД во приштина. Во предупредувањето од амбасадата се нагласува дека екстермистите ќе продолжат...

Најопасниот човек во Европа и миленик на Хитлер

Потполковникот Ото Скорчени бил специјализиран за герилски битки за време на Втората светска војна и учествувал во бројни операции за спасувања, киднапирања, атентати и одбранбени операции во Европа. Како резултат на тоа станал омилен командир на Хитлер, а сојузниците го прогласиле за „најопасен човек во Европа“. Скоречени бил висок 193 сантиметри и имал лузна на левиот образ, којашто ја добил...

Осумчлено семејство загина откако со автомобил падна од гребен во Калифорнија

Осум лица, од кои шест деца, загинаа кога возилото во кое се наоѓале излета од патот и падна преку гребен во американската сојузна држава Калифорнија. Џенифер и Сара Харт, лезбејски сопружници и обете на 39 годишна возраст, како и нивните шест посвоени деца, меѓу кои и едно кое стана славно во медиумите кога во 2014 година гушкаше полицаец за време...

„Гардијан“: Зошто Нов Зеланд им го заврте грбот на пријателите и одби да протера руски дипломати

Одлуката на новозеландската лабуристичка влада да не се приклучи на колективната меѓународна акција против Русија и да протера дипломати и можни шпиони заради нападот врз поранешниот советски разузнувач Сергеј Скрипел, е збунувачка, пишува „Гардијан“. Дваесет и шест нации се обединија кога станува збор околу мерките за протерување на дипломати и разузнавачи од своите земји, вклучително и сите поголеми партнери и...