Кралицата ќе даде знак за почеток на Лондонскиот маратон

Во британската престолнина на 22 април ќе се одржи една од најпрестижните маратонски трки во светот, а знакот за почетрок на 37-от Лондонски маратон ќе го даде кралицата Елизабета Втора, која ден порано ќе напони 92 години. Нејзиното височество од специјален подиум поставен во замокот Виндзор ќе го притисне копчето за старт. - Навистина се чувствуваме почестени што Нејзиното височество прифати...

Сончево и потопло време, температурата до 21 степен

Сончево и потопло, температурата до 21 степен Времето денеска ќе биде сончево и малку потопло со мала облачност, поизразена на запад и со слаб до умерен југозападен ветер. Утринската температура ќе се движи од минус четири до три, а максималната од 13 до 21 степен. Во Скопје и околината ќе биде сончево и потопло, со мала до умерена облачност и со слаб...

ОАЕ ќе дадат половина милијарда долари за обнова на Јемен

Обединетите Арапски емирати ќе дадат 1,84 милијарди дирами (500 милиони долари) за поддршка на хуманитарниот план ОН за повоена обнова на Јемен. ОАЕ учествуваат во воената коалиција на Саудиска Арабија, која се бори со шиитски бунтовници во Јемен. Емиратите велат дека нивната донација е дел од планираните 1,5 милијарди долари, со што коалицијата ќе ги поддржи операциите на ОН во Јемен.

Новицки ќе игра во НБА и следната сезона

Кошаркарот на Далас Маверикс, Дирк Новицки, истакна дека се чувствува одлично и дека за овој клуб планира да ја одигра и 21-та сезона. Германецот има договор за уште една сезона, иако во јуни ќе наполни 40 години. - Како стојат нештата планирам да играм, токму затоа потпишав и двогодишен договор. Се чувствувам одлично, а оваа сезона пропуштив само еден натпревар -...

ОН бара 150 милиони долари за раселените Сиријци

На организациите што пружаат помош во Сирија им се потребни 150 милиони долари за да го олеснат животот за околу 250.000 луѓе кои се раселени за време на офанзиви на сириската Влада и силите предводени од Турција, изјави Али ел Затари, координатор на ОН за Сирија. – Финансиска помош доаѓа ама е под потребното ниво - изјави тој. Во источна Гута...

ЕУ прави планови за подобрување на воената мобилност

ЕУ прави планови за подобрување на воената мобилност меѓу државите членки и за овозможување преместување опрема ширум континентот со поголема брзина. ЕК предложи план за укинување на многубројните бирократски процедури на администрацијата и зајакнување на одредени патишта, со цел да се олесни транспортот на тешката опрема за одбрана, како што се тенковите, камионите и оклопните возила. - Со овозможување на воената...

Никола Митревски – Кољо пренесен во затворот „Шутка“, откако сам се пријавил во полиција

Никола Митревски - Кољо, осомничен за насилните настани на 27 април во Собранието и кој досега беше во бегство, денеска попладне сам се пријавил во полиција и е пренесен во Истражниот затвор во Шутка. Управата на КПУ Затвор „Скопје“ потврди дека Митревски во затворот е доведен со полициско возило околу 15.30 часот откако претходно самиот доброволно се пријавил во полициска...

Лацио наседна на хакерска измама вредна два милиони евра

Управата на италијанскиот клуб Лацио наседна на хакерска измама и остана без два милиони евра што требало да ги уплатат на холандски Феенорд за трансферот на Стефан де Фрај. Италијанскиот клуб преку електронска пошта добил порака со банкарските податоци на Феенорд, а износот требало да се уплати како дел од обештетувањето за Де Фрај. Мејлот го содржел логото на холандскиот...

Зголемен водостојот на Брегалница

Обилните врнежи од дожд, посебно последниве неколку дена го зголемија водостојот на реките во источниот дел од земјата. Мерењата кои ги прави штипјанецот Киро Маџаунаров за потребите на УХМР, покажуваат дека во изминативе три месеци само во Штип наврнале 150 литри на метар квадртаен, што е повеќе од дупло во споредба со минатата година. Водостојот во реката Брегалница, кај мерната...

СДСМ: Мицкоски призна дека учествувал во насилството од 27 април

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски денеска признаа дека тој учествувал во насилството во Собранието на 27 април и со тоа опозициската партија призна дека таа стои зад насилствата што се случија на крвавиот четврток, соопшти СДСМ, по повод коментарите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на „Фејсбук“. Со тоа Мицкоски потврдува дека е дел од политиките на неговиот претходник Никола Груевски. - Очигледно е...