Кои се најдобрите олимписки „солисти“?

Најуспешни на ЗОИ 2018 се Kлаебо и Фуркад со по три златни медали, но само пет олимпијци освоија по две злата исклучиво во индивидуални натпревари (сметано без трофеите од штафети или од тимска игра) Норвежанецот Јоханес Хосфлот Kлаебо во нордиско скијање и Французинот Мартин Фуркад во биатлон се спортистите со најмногу златни медали освоени на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во...

Обилниот снег го одложи утрешното коло

Поради снегот (во просек над 20 сантиметри во поголемиот дел од Македонија), завеаните патишта и игралишта, натпреварите од 22-то коло во Првата фудбалска лига на Македонија закажани за утре, се одложуваат за недела. Така одлучи Натпреварувачката комисија при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Во 21-то коло водечката Шкендија триумфира над Академија Пандев (1-0) во натпревар во кој домашните од 21-та...

Порака по ЗОИ – нови хоризонти и подобар свет

Во Пјонгчанг видовме дека спортот може да го направи светот подобар. Ова се игри што отворија нови хоризонти, рече Томас Бах, претседателот на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) Нови хоризонти и подобар свет е главниот впечаток и најголема придобивка од Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пјонгчанг, Јужна Кореја, според зборовите на Томас Бах, претседателот на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК). - Во Пјонгчанг...

Кошаркарите се на чекор до следните претквалификации

Македонија со победата над Словачка е блиску до пласман во вториот круг претквалификации за ЕП 2021, а за тоа треба уште во дуелот со Швајцарија на гости да не загуби со повеќе од 15 поени разлика, колку што беше совладана Швајцарија во Скопје Одигравме добро, со минимални грешки, кои треба да ги поправиме, Словаците сега беа подобри отколку на првиот...

Кире Ристески го открива чудесниот свет на математиката

Кире Ристески е ученик во второ одделение во подрачното училиште во селото Врбоец, кое работи во рамките на ООУ „Никола Карев“ во Крушево. Тој е еден од учесниците на петтиот меѓународен фестивал „Математика без граници“, кој се одржува во есенски, зимски, пролетен и финален круг. Кире првпат учествуваше во зимскиот круг и доби сребрен медал - втора награда заедно...

Андреј Аврамоски прогласен за најдобар голман во Полска

Андреј Аврамоски (16) член на академијата на Металург од Кичево, беше прогласен за најдобар голман на неодамнешниот Меѓународен турнир во ракомет за млади, кој на 17 и 18 февруари се одигра во полскиот град Шафлари. Настапија помладите категории на водечките екипи од оваа земја, Шафлари, Мец, Либурса и Чарзанов, што е уште една потврда дека се работи за исклучителен...

Во скопското ООУ „Блаже Конески“ одбележен Денот на мајчиниот јазик

Иднината е во нашите деца и ученици, тие треба да го продолжат патот на нашите дедовци и прадедовци, да го негуваат и зачуваат македонскиот јазик, рече Клисарова пред своите ученици и поканетите гости Во ООУ „Блаже Конески“ од општината Аеродром минатата недела се одржа традиционалната средба на ученици, професори и еминентни гости, професорите Васил Тоциноски, Славка Арсова и Вера Стојчевска-Антиќ...

Најдете замена за погрешниот збор!

Зборуваме македонски со Владо Димовски (32) Тасе: Кажи ми каде одиме. Таска: Никаде. Сакав да излеземе од дома. Тасе: Ми го исклучи телевизорот, не го допив кафето, се однесуваш како да си полицаец. Таска: Мора да ги смениш навиките. Секое попладне или спиеш или гледаш телевизија. Тасе: Еве, ти кажувам, отворено, ми смета твоето однесување и повеќе нема да те толерирам. Таска: Ти смета?!... Море...

На литературата за деца ѝ е потребна креативна и творечка обнова

Македонскиот читател е желен и жеден за добра, необична, експериментална, игрива, весела, нездодевна, авантуристичка, фантастична книга за деца и млади. Но за такви книги треба патување и сонување, а не седење дома, вртење во круг, реторичко и напразно фразирање и мудрување, вели писателот Христо Петрески „Македонската литература за деца и млади овде и сега“ беше насловена трибината што во организација...

Мемоарите на Мишел Обама ќе бидат објавени во ноември

Поранешната прва дама на САД, Мишел Обама, вчера на својот твитер-налог наведе дека нејзините мемоари ќе бидат објавени во ноември. Таа ги опиша мемоарите како „длабоко лично искуство“. Мишел и нејзиниот сопруг, поранешниот американски претседател Барак Обама, минатата година постигнаа договор со издавачката куќа „Пенгвин рандом хаус“ за нивните книги, а се претпоставува дека вредноста на договорот е 30 милиони...