Најмалку 19 лица се повредени, од кои две потешко, во торнадо кое го погоди Луксембург.

Торнадото го зафати југозападниот дел од Луксембург, каде се оштетени 100 куќи, соопштија локаните медиуми, пренесе „АП“.

На подрачјето се наоѓаат урнатини и оштетени автомобили, а во невремето уништени се четири електрични столбови.