Писмо од Крсте Мисирков до Денко Малески

Зоран Георгиев (задоцнет поштар)

„Таткоми, дедоми, предедоми, ако се викале по недоразберија бугари, то ушче не значит оти и јас требит да сум као ниф во мрак за мојата народност.“ (стр. 126)
„…а јас не сум намерен да политиканствуам бугарцки. Јас сум македонец и интересите на мојата таткоина ми се претстауат така: не Русија и Австро-Унгарија се непријателите на Македонија, а Бугарија, Грција и Србија. Само енергична борба со тија три држаи ке избаит од погубуајне нашата таткоина.“ (стр. VI)

„Секој кој шчо напаѓат на нашијот јазик ни јет исто таков наш непријател као и напаѓачот на нашата вера.“ (стр. 136)
„Значит, бугарцката надворешна политика не издржуат никаква критика. Она јет главнијот извор на сите наши нестреки. За тоа не можит да се зборуат за некакви арнотии од Бугарија за Македонија.“ (стр. 59)

„Да сочуат некој својот народен јазик и да го бранит као светијна значит да останит он верен на својте предедовци и да уважаат се шчо имат они напраено за своето потомство. Да се откажит он от својо народен јазик, значит да се откажит он и од народнијот дух.“ (стр. 135)

Софија, 1903, (За македонцките работи)
К. Мисирков

Забелешка од поштарот: „Писмото“ од Владо Малески до сите нас (и до Денко Малески, ама попусто) го знаете наизуст, сосе интонацијата. Читајте го на цел глас, задолжително во став „мирно“, гледајќи во сонцето на слободата. Секое утро. Не знам на каде ќе гледа Денко!

Скопје, 2020
Зоран Георгиев, археолог