И надлежните оглувеа на високите децибели од црквите и џамиите

Биба Јованчева: Јас кога пријавував во полиција, добив одговор дека децибелите се мерат зад затворени прозорци. А кога пријавував во Инспекторатот за животна средина, бев упатена кон општината. Канцеларијата работеше од 9 до 14, период кога сум на сосема друг крај од градот, на работа. Така, си ги тенчиме нервите, сонот ни се прекинува на брутален начин и покрај стресови од ковид, стресови од пожари, мигранти…


Кој да им стави крај на водните „брзи и бесни“?

Митко Ристов: Во Дојран, исто така, неизживеани идиоти ги загрозуваат животите на пливачите и капачите. Некои едвај еднаш во година дошле да одморат, но бесните, исфрустрирани ликови со пцовки и со турирање на „кавасакито“ ги гонат.


Грамажите надолу, цените нагоре

Ахмед Мустафа: Па имаше закон според кој на цените испишани на рафтот мора да стои и цена по килограм или по литар. Така е со години во ЕУ. Така што и да ми продавате 100 грама производ за 100 денари, а до него имам производ од 80 грама за 95 денари, ќе си пишува уредно под цената (со помали букви) колку тоа чини по килограм и сам ќе си одлучам дали ми е поскап или поевтин тој производ.


И сега што, ќе се предаваме или ќе бегаме (од настава)?

Цаци Цаци: Сѐ е во ред, ама дали поубаво е децата да се на улица каде што на сѐ се изложени или да одат на училиште? Секаде го има вирусот, а децата не ги почитуваат мерките и правилата. Погледнете ги пред угостителските објекти.