Огнен Вучков: Не само што млади луѓе заминуваат од државата, туку уште пострашно е што најчесто заминуваат подобрите ученици, поквалитетните мајстори, поцивилизираните луѓе…


Динчо Гонев: Тие сами не си заминуваат од Македонија, некој ги брка. Нормално дека никој не сака да работи без плата и никој не сака да живее меѓу криминалци и измамници… Но сакам да ги поздравам сите кои заминуваат, да не се надеваат дека нивните соништа ќе се остварат… Решението е тука, да им застанеме на патот на непријателите кои ја прават таква ситуацијата во Македонија, кои не ги почитуваат граѓаните и државата Македонија… Ако одиме надвор, не ќе се реши проблемот. Треба да им застанеме на патот!


Игор Гиевски: Не може веќе да се спречи. Отиде возот!


Марјан Крстевски: Која младина ќе седи тука? Една возачка не може да си дозволи. Траба пола година да работат само за тоа и ништо друго да не можат да си дозволат!


Боро Вучков: Сѐ додека се вработуваат луѓе по партиски пат и се доделуваат тендери на свои луѓе, ниту еден млад човек нема да остане во Македонија.


Флорида Димитрова: Малку е доцна за каење.