Битни се следните принципи во меѓународното право:
1. Државите немаат ексклузивни права на државни имиња. (РМ е правен идентитет на држава со дефинирани граници, а Македонија е назив на гео. регион)
2. Менувањето државни имиња не влијае на територијалните права и обврски на своја, како и на туѓа држава. Ниту овие менувања може да се толкуваат како територијални претензии или иредентизам.
3. За правниот идентитет (ИМЕТО), како елемент од меѓународноправниот субјективитет, не е релевантен претходниот историјат или потекло на народот, како ни физички и популациски карактеристики на територијата.
4. Спорови меѓу државите за државни имиња не постојат. Не може во ова суверено право да се врши легално интерферирање од ОН или членка, ниту непризнавањето од една држава да се толкува како спор или разлика (поблага форма на спор во дипломат. жаргон).
Во случај со македонскиот прием во ОН направена е ЗАМЕНА на тези и едно непризнавање е преформулирано како РАЗЛИКА или спор. Инаку, ваков спор во Меѓународниот суд не би бил прифатен, туку отфрлен, па Советот за безбедност беше згодна инстанца за непризнавањето да се формулира и подигне на ниво на СПОР.

(Модел:
УНИВЕРЗАЛНО НЕПРИЗНАВАЊЕ) Од фактот дека државноправниот идентитет (т.е. името) е правна категорија, која е есенцијален елемент на правната личност, ова е супстанцијален елемент на државноста (со суверена власт, територија и популација), произлегува дека ОН-органи во македонскиот прием ги пречекориле своите овластувањата.
Елементите на ДРЖАВНОСТ во меѓународното право се: 1. суверена власт; 2. територија; 3. популација односно народ, под јурисдикција. Елементот суверена власт го вклучува и ПРАВНИОТ СУБЈЕКТИВИТЕТ, а овој како основен елемент го содржи ПРАВНИОТ ИДЕНТИТЕТ, односно ИМЕТО (ПРАВНИОТ ИДЕНТИТЕТ=ИМЕТО).
Заклучок е дека таквите преговори за името се БЕСПРЕДМЕТНИ. Спорот е замена на теза. Постои само непризнавањето од една држава.
(Суверенитетот на Република Македонија се однесува не само на правно дефинирана територија (територијална јурисдикција) туку и на народот односно граѓаните што живеат на таа територија и се под јурисдикција на државата Република Македонија.) Историските присвојувања не можат да бидат предмет на спорот.
5. Битен принцип е и дека државното име не може да се: украде, фалсификува или наметне, како што не може ниту да се одземе (од ОН) или да се преформулира. Исто така, од овој принцип произлегува дека државното име не може да биде предмет на (лимитирани/конечни или бесконечни) преговори, ниту на друг начин да се проблематизира ваков идентитет однадвор, навлегувајќи во строгата внатрешна јурисдикција.
6. Право на поседувањето на правен идентитет на државата и самоопределување на истиот тој е норма јус когенс (т.е. норма над диспозитивинот дел од правото). Правниот идентитет на државата е и внатрешна УСТАВНА ПРАВНА КАТЕГОРИЈА. Ова право јус когенс не е предмет на какво било надворешно уредување или мешање!
Формулацијата во ОН Резолуцијата 817 или 845 на СБ дека двете држави ќе разговараат или преговараат за ДРЖАВНО ИМЕ е флагрантно кршење на Повелбата на ООН.

Заклучок: ГРЦИТЕ НЕМААТ ЛЕГИ­ТИМНИ БАРАЊА ВО Т.Н. „СПОР“ ИЛИ Т.Н. „РАЗЛИКА“. НИТУ ЕДНО НИВНО ПРАВО НЕ СЕ ДОВЕДУВА ВО ПРАШАЊЕ, ОДНОСНО НЕ ПОСТОЈАТ ПРАВНИ ОСНОВИ ЗА НИВНИТЕ БАРАЊА.

Професор д-р Игор Јанев