Не случајно староримската мудрост сѐ уште можеме да ја сретнеме на многу објекти од јавен карактер низ Западна Европа, како што е градското собрание во Ротердам или Лугано, каде што на очигледност на сите можеме да прочитаме: In legibus libertas. Quid leges sine moribus et fides sine operibus. Безвременското значење е всушност дека: Во законитоста се слободите! Без спроведување и придржување на законите, нема слобода. И понатаму дека, без моралност, законите се само празно слово, а без делата, нашите убедувања немаат суштина. Но со спроведувањето на законите одат и „довербата и одговорноста!“ Односно оние на кои им е дадена довербата за спроведување на законите носат апсолутна одговорност за своите постапки! Едно без друго не може: законитост-слободи-доверба-одговорност!
Преку изучувањето на минатото можеме да осознаеме многу искуства, искуства што можат да ни послужат како образец за надминување одредени тешкотии во општествениот, но и во секојдневниот живот. Не случајно се вели дека „историјата е учителка на животот“, во смисла дека преку проучувањето на минатото можеме да осознаеме многу поуки за иднината. Оваа историската вредност многу добро ја осознаа основачите на Соединетите Американски Држави, како и нивните наследници, кои многу вешто го подражаваа старото римско државничко однесување. Римските поуки се бесценети и се особено важни за западната европска цивилизација, која себеси се гледа како наследничка на старата римска државничка традиција. Не случајно староримската мудрост сѐ уште можеме да ја сретнеме на многу објекти од јавен карактер низ Западна Европа, како што е градското собрание во Ротердам или Лугано, каде на очигледност на сите можеме да прочитаме: In legibus libertas. Quid leges sine moribus et fides sine operibus. Безвременското значење е всушност дека: Во законитоста се слободите! Без спроведување и придржување на законите, нема слобода. И понатаму дека, без моралност, законите се само празно слово, а без делата, нашите убедувања немаат суштина. Но со спроведувањето на законите одат и „довербата и одговорноста!“ Односно оние на кои им е дадена довербата за спроведување на законите носат апсолутна одговорност за своите постапки! Едно без друго не може: законитост-слободи-доверба-одговорност!
Но Старите Римјани не се единствените што можат да ни послужат како пример за добро управување со државата. Како општество, а и како личности, не треба да го ограничуваме нашиот видокруг, затоа што на тој начин ги стеснуваме можностите и сознанијата за одредени нешта што можат да ни помогнат да обмислиме решенија за предизвиците со кои се соочуваме.
Доколку погледнеме во минатото, неизбежен е заклучокот дека појавата на Рашидскиот или Праведниот калифат, првата исламска држава основана по смртта на пророкот Мухамед, нека е мир со него, како што се вели според исламската традиција, е еден од ретките феномени што го изменија текот на човековата историјата. Во првата половина на седмиот век, сосема неочекувано за многумина, арапските племиња само за неколку децении ќе создадат една од најголемите империи во историјата на човештвото и ќе ги постават темелите на цивилизацијата на која и денес многумина ѝ се восхитуваат. Во светската историска наука сѐ уште се води полемика за причините што довеле до успехот на Праведниот калифат, во смисла како во еден релативно краток период, племињата од Арабија ги победиле тогашните светски сили – Византиската (позната и како Источно Римско Царство) и Сасанидската Империја. Кај многумина предизвикува вчудовиденост и фактот што станува збор за напредни технолошки цивилизации, кои се соочиле со култура што произлегла пустините на Арабија.
Едно од објаснувањата е дека повеќевековните војни помеѓу Византијците и Сасанидите довеле до ослабување на двете империи, со што станале лесен плен за Арапите. Од друга страна, некои од светските историчари нагласуваат дека Арапите, за разлика од нивните противници, биле високомотивирани и верувале во исправноста на својата кауза. Можеби овие образложенија може да го објаснат воениот успех, но не и леснотијата со која арапските племиња ја воспоставија својата власт, притоа никогаш не соочија се сериозна опозиција или отпор на населението што влегло во рамките на нивната држава. Тајната на успехот е во нешто друго!
Првите наследници на пророкот Мухамед се одликувале со скромност, понизност, праведност, интегритет, чесност, милосливост, сочувствителност, дарежливост итн. Првите калифи врз основа на овие морални вредности ги поставиле основите на управувањето со државата, управување со кое успеале да ги освојат душите и срцата на поранешните поданици на Византијците и Сасанидите. Класичен пример за споменатата моралност е вториот калиф, Омар ибн ел-Хатаб. Една од најпознатите анегдоти за Омар е поврзана со настанот по освојувањето на Ерусалим, кога заминал да го прифати предавањето на градот. Патувал со слуга, но имале само едно магаре и калифот се менувал со својот слуга при јавањето. Додека едниот одел пеш, другиот го јавал магарето и сѐ така наизменично. Кога пристигнале пред ерусалимските ѕидини, на магарето бил качен слугата и граѓаните на Ерусалим мислеле дека човекот што го јава магарето е калифот Омар ибн ел-Хатаб и му оддавале почит. Подоцна на насобраниот народ му било кажано дека всушност тоа е слугата и дека почит треба да му оддадат на тој што се движел пеш покрај магарето.
Но вториот калиф не се одликувал само со скромност и понизност туку и со сочувство кон страдањата на обичните луѓе. За биде блиску до сиромашните, Омар живеел во едноставна колиба без врата и се вели дека за да се осигури дека во неговата држава никој не спие гладен, секојпат навечер одел по улиците да види дали има некој што е сиромашен или болен. Во советување со сиромашните, Омар ја создал Бајат ал-мал (Куќа на богатството), финансиска институција што им помагала на сиромашните, постарите, сирачињата, вдовиците и инвалидите, со разни бенефиции и пензии. Со овие мерки биле опфатени сите што живееле во калифатот, без разлика дали станувало збор за муслимани или немуслимани. Според некои од светските историчари и научници, со оваа постапка Омар ги поставил темелите на првата социјална или држава на благосостојбата во историјата, бидејќи калифатот ја штител и промовирал економската и социјалната благосостојба на поданиците, како и правичната распределба на богатството, нешто што денес е типично за државите од Скандинавија, како што е Норвешка.
Друга карактеристика на Омар, како и на неговиот претходник Абу Бакр, е фактот дека првите калифи не биле монарси и никогаш не користеле таква титула. Всушност, првите наследници на пророкот Мухамед биле избрани за да ја извршуваат должноста да управуваат со државата поради своите способности и заслуги. Меритократскиот принцип бил еден од темелите на доброто управување во Рашидскиот калифат. Кога третиот калиф Осман ибн Афан постепено започнал да ја напушта меритократијата и да ја заменува со непотизам, назначувајќи роднини и блиски пријатели на високите позиции, се појавиле првите пукнатини во државата.
Да завршиме со поука, како што е редот! Арапските племињата со леснотија создадоа една од најголемите империи во историјата на човештвото затоа што нивните водачи се одликуваа со праведност, интегритет, чесност и сѐ така до бесконечност и како такви се грижеа за потребите на народот. Првите државници од т.н. Праведен калифат се меѓу ретките примери во историјата за тоа како треба да се управува со државата, односно како да му се служи на народот!