Спортски лекции

Во спортот се можеби најдобро изразени многу аспекти на функционирањето на општествата, на пример добивање награда за добро сработена работа, одговорност за своите акции, преземени и непреземени, учење од грешките. Во тие 40, 60, 90 или колку и да се потребни минути за еден натпревар, спортот е како една сцена на која во своевидни лабораториски услови се одвива реалниот живот. Сѐ почнува со донесен план и одредување на целите, потоа со избор на актерите, на редоследот на постапките, на тактичките поставки… Во текот на „експериментот“ сведоци сме на експресен систем на награди, но и на казни. Многу примери на успешни, во различни спортови, кажуваат дека во сите години на спортска активност треба да се задржи скромноста, да се негува работливоста и да се ползува и надградува талентот. Исто како што треба и во животот. Со тоа што се занимаваат со спорт, играчите, тренерите и сите инволвирани мора да ја прифатат одговорноста за перформансите, секако, на теренот и надвор од него. Исто како што треба и во животот. За разлика од спортот, во животот, сепак, ретко има толку мала временска рамка за оцена на сработеното, но системот треба да е идентичен, тој за наградата за одличната работа, за одговорноста за постапките, грешките…

„Спортот ве учи на карактер, ве учи да играте според правилата, ве учи да знаете какво е чувството да се победи и да се загуби – ве учи за животот“, изјавила Били Џин Кинг, поранешна тенисерка од САД, некогашен светски рекет број 1, дванаесеткратна победничка на гранслем-турнирите… Ова е само една од мудрите изјави на спортистите, за поврзаноста на спортот и реалниот живот, за нивното заемно влијание.
Мајкл Џордан, шесткратен НБА-шампион, олимписки победник, еден од најдобрите кошаркари во историјата на тој спорт, пак, рекол: „Бидете верни на играта, бидејќи таа ќе ви биде верна. Ако се обидете да ја измамите, тогаш играта ќе ве измами. Ако се потрудите, ќе ви бидат дадени добри работи. Тоа е вистината за играта, а на некој начин тоа е и за животот“.
Спортот е глобален феномен, тој ги зближува луѓето и создава чувство на заедница. Поврзаноста на спортот и луѓето веројатно е најголема во историјата, особено во денешно време, кога спортот е речиси сеприсутен. Ако е тоа така, тогаш спортот ја добива и улогата на своевиден учител на животот.
Во спортот се можеби најдобро изразени многу аспекти и на функционирањето на општествата, на пример добивање награда за добро сработена работа, одговорност за своите акции, преземени и непреземени, учење од грешките.
Спортот е и симбол на животот, кој, исто како и спортот, бара и тимска работа, дисциплина, издржливост, почит, сочувство, карактер…, а вкупно спортот може да развие и посветеност, самодисциплина, ментална цврстина, лидерство, начини за справување со неуспех, отпорност, поставување цели, посветеност, надминување пречки, упорност, трпение, почит, но и интегритет, одговорност, лојалност, зрелост.
Накратко, спортот може да развие вештини за примена и успех на спортскиот терен, но и за примена и успех во животот, и тоа на самите актери и на сите други вклучени во него, секако, и на обичните гледачи. На сите.

Во тие 40, 60, 90 или колку и да се потребни минути за еден натпревар, спортот е како една сцена на која во своевидни лабораториски услови се одвива реалниот живот. Сѐ почнува со донесен план и одредување на целите, потоа со избор на актерите, на редоследот на постапките, на тактичките поставки…
Во текот на овој „лабораториски експеримент“ сведоци сме и на постоење на експресен систем на награди (освоен поен, постигнат гол, кош, со дисциплинирано спроведување поставени задачи… а вкупно, остварена победа), но и на казни (примен гол, кош, поен… на пример, поради лошо поставена офсајд-стапица, неосвоена топка под својот кош, лошо поставен блок, во поединечните спортови неспроведен план на настап, на пример… а вкупно загубен натпревар).
Многу примери на успешни, во различни спортови, кажуваат дека во сите години на спортска активност треба да се задржи скромноста, да се негува работливоста и да се ползува и надградува талентот. Исто како што треба и во животот. Со тоа што се занимаваат со спорт, играчите, тренерите и сите инволвирани мора да ја прифатат одговорноста за перформансите, секако, на теренот и надвор од него. Исто како што треба и во животот. За разлика од спортот, во животот, сепак, ретко има толку мала временска рамка за оцена на сработеното, но системот треба да е идентичен, тој за наградата за одличната работа, за одговорноста за постапките, грешките…

[email protected]