Носењето ваков документ се најавуваше подолго време од европските политичари, кои укажуваа на нефункционалноста на ЕУ во сегашниот формат со 27 земји-членки. Во него се содржани и други подробности поврзани со принципите што треба да ги водат идните стратегии за проширување, како што се и геополитички фактори, решавање конфликти, дополнителна техничка и финансиска поддршка, демократска легитимност, еднаквост, систематизација, реверзибилност. Добрата вест е тоа што од Брисел, конечно, се одважија и собраа „храброст“ да почнат процес на внатрешно реформирање, со воведувањето гласање со квалификувано мнозинство, што ќе ја деблокира и самата Унија, но и процесот на проширување, кој беше целосно блокиран од поединечните интереси на сегашните земји-членки
Европската Унија треба да се подготви за проширување до 2030 година, а тоа, меѓу другото, подразбира дека одлуките на ЕУ во процесот на проширување веќе нема да се носат едногласно, туку со квалификувано мнозинство. На овој начин ќе им се овозможи и на земјите од Западен Балкан да бидат подготвени да влезат во Унијата, која би се проширувала во рунди, поточно по помали групи земји наречени „регата“, а кои би се базирале на принципот на заслуги. „Регатата“ би ги зела предвид и потенцијалните билатерални конфликти. Новите фази треба да бидат одобрени од квалификувано мнозинство за да се избегнат поединечни земји-членки да го блокираат напредокот од национални причини. Конечната одлука за фактичкото пристапување на секоја земја кандидат мора да биде направено со „двојна едногласност“ на сите земји во Европскиот совет и национални ратификации на пристапниот договор. Ова се дел од предлозите на експертскиот извештај на „групата 12“ иницирана од француската и од германската влада за институционални реформи на Унијата, кој беше презентиран завчера во Брисел.
Носењето ваков документ се најавуваше подолго време од европските политичари, кои укажуваа на нефункционалноста на ЕУ во сегашниот формат со 27 земји-членки. Во него се содржани и други подробности поврзани со принципите што треба да ги водат идните стратегии за проширување, како што се и геополитички фактори, решавање конфликти, дополнителна техничка и финансиска поддршка, демократска легитимност, еднаквост, систематизација, реверзибилност. Добрата вест е тоа што од Брисел, конечно, се одважија и собраа „храброст“ да почнат процес на внатрешно реформирање, со воведувањето гласање со квалификувано мнозинство, што ќе ја деблокира и самата Унија, но и процесот на проширување, кој беше целосно блокиран од поединечните интереси на сегашните земји-членки.
Француско-германскиот предлог доаѓа во клучни моменти за зачувување на европската безбедност, по случувањата во Украина и во земјите од поранешниот источен блок. По сѐ изгледа, европските лидери ја послушаа и пораката што беше испратена од учесниците на самитот на процесот Брдо-Бриони во Скопје дека „ЕУ, како и Западен Балкан, треба да биде подготвена за проширување во најкраток можен рок, но не подоцна од 2030 година“. Во нашиот коментар од минатата недела јасно порачавме дека европскиот пат за балканските земји ќе биде трајно затворен доколку не се испратат и конкретни пораки со внатрешната деблокада на процесот на проширување на ЕУ, за што придонесува и бесмисленото и ексклузивно право на ставање вето и прашања што се поврзани со минатото.
Наспроти првичните оптимистички најави дека ќе дојде до забрзување на процесот на европското интегрирање на Балканот, останува уште многу да се сработи од „домашната“ задача на Европската Унија. Да не заборавиме дека сето ова во наредниот период треба да помине низ сложен и бирократски процес на одлучување во Унијата, во кој ќе се соочат националните интереси на сите 27 членки. Овде не треба да се занемарат и заткулисните лобирања и „непринципиелни“ коалиции, кои и досега беа и еден од начините на функционирање на заедничкото европско семејство. Во западните медиуми отворено се посочува дека „оваа реформа е проблематична за многумина“. Имено, неколку помали земји од ЕУ стравуваат дека со гласањето со квалификувано мнозинство редовно ќе бидат надгласувани. Експертите истакнуваат дека стравот од „германско-француската доминација“ е голем. За постоењето на поделбата во ЕУ предупреди и шпанскиот државен секретар Паскал Игнасио Наваро Риос, чија земја претседава со Советот на министри до крајот на годината, кој изјави дека „позициите на земјите од Унијата сѐ уште се далечни“.
Оптимизмот за побрзо проширување на ЕУ до 2030 година се топи и со давањето на одредницата дека „потребните внатрешни реформи мора да се спроведат во следниот законодавен период на Европскиот парламент“. Временската рамка за европските реформи се однесува на периодот од европските избори во јуни 2024 година и следните избори во 2029 година, што во добар дел го „скратува“ периодот за реален прием на нови земји од Западен Балкан! Дотогаш останува и правото на ставање вето во пристапниот процес!
Наедно, Франција е една од земјите каде што последниве години има поголем скептицизам во однос на проширувањето на ЕУ, делумно поради растот на десничарските партии. Владата во Берлин суштински ја поддржува оваа иницијатива. Но, според германската државна министерка за Европа, Ана Лирман (Зелени), може да се очекува дека дебатата меѓу 27-те земји-членки за темпото на проширување и потребните институционални реформи да биде тешка.
Оптимизмот за побрзо проширување на ЕУ до 2030 година се топи и со давањето на одредницата дека „потребните внатрешни реформи мора да се спроведат во следниот законодавен период на Европскиот парламент“. Временската рамка за европските реформи се однесува на периодот од европските избори во јуни 2024 година и следните избори во 2029 година, што во добар дел го „скратува“ периодот за реален прием на нови земји од Западен Балкан! Дотогаш останува и правото на ставање вето во пристапниот процес!
Несомнено е дека има мало придвижување политиката на ЕУ кога станува збор за процесот на проширување. Од фазата на декларативните заложби за прием на нови членки ќе се премине на некаков формален почеток на подготовки на Унијата за нови членки. Но, сепак, останува дилемата кој попрво ќе се реформира, Европската Унија или Западен Балкан? Клучниот момент е дали ова ќе влијае и на зголемување на (меѓусебната) мотивацијата за внатрешно реформирање.
ЕУ преку деблокирање на процесот на проширување, а земјите од регионот преку позасилено спроведувањето на внатрешните општествени, политички и економски реформи, кои се и единствен услов за добивање на привилегираното место од првата регата, која ќе ја преминат европската целна линија поставена во 2030 година? Очекувањата се дека првите земји-членки од Западен Балкан во Европа 30, би биле: Црна Гора, Албанија и Македонија, кои искажуваат најсилни намери за влегување во европскиот клуб. Во однос на нашата земја, веста од Брисел, доаѓа во моментот кога треба да се гласаат уставните промени, што од домашните еврофили може да се протолкува и како давање вербална „гаранција“ дека на патот за Европа ќе биде отстранета и блокадата од Бугарија, со дополнителни ставања нови вета во текот на преговорите. Засега, од официјална Софија нема реакции за можноста да им се одземе единствениот „аргумент“ за попречување на почетокот на преговорите на Македонија со Европската Унија. Да не го занемариме и фактот дека конечната одлука за фактичкото пристапување на секоја земја-кандидат мора да биде направено со „двојна едногласност“, а едната е со национални ратификации на пристапниот договор.