Директорите на некои од најуспешните културни институции во светот всушност немаат мандат, многумина ја почнуваат и ја завршуваат својата кариера на истата функција, често прекината со завршувањето на нивниот живот. На пример, Филипе де Монтобело, пак, бил директор на музејот на уметноста „Метрополитен“ од 1977 до 2008 година и се смета за најдолговечен раководител во историјата на институцијата и трет најдолговечен директор на кој било поголем музеј во светот. Прва е Ирина Антонова, руска историчарка на уметноста, која била директорка на музејот „Пушкин“ во Москва од 1961 до 2013 година, или неверојатни 52 години!
Неодамнешното назначување на музичарот Бени Шаќири за директор на Младинскиот културен центар предизвика лавина реакции во јавноста, поттикнати од незадоволството поради мешање на политиката во донесувањето вакви одлуки. Нема да го коментирам неговото искуство во раководење на една ваква клучна институција од културата, која се занимава со комплексните потреби на независната сцена, на која патем тој не припаѓа, ниту програмата со која конкурирал за функцијата (до која патем јавноста засега нема увид), но секако ми е разбирлив негативниот одзив на културната јавност кон оваа и кон сите слични одлуки во минатото. Оваа ситуација уште еднаш го отвора прашањето за тоа дали можеме да зборуваме за континуитет и унапредување на состојбите во културата, кога за неполни пет години се менуваат точно пет министри за култура и кога практиката на партиски, пријателски или клиентелистички назначувања и вработувања продолжува на сите нивоа во културните институции, установи и институти, во театрите, во културните центри… И како воопшто можеме да очекуваме издржана стратегија и унапредување на состојбите во културата со молскавични министерски и директорски смени?
Друга тема е колку истакнати професионалци биле симнати од раководни места и обратно, колку други недокажани во културната сфера се сместиле во истите канцеларии (таква беше авантурата со назначувањето на еден некогашен професор по фискултура за директор на струмичкиот Центар за култура). Истата практика продолжува не само на водечките места туку и во самите редови на истите тие институции каде што се вработуваат луѓе без адекватно образование и речиси никакво портфолио на успеси во дејноста. Авторитетите во професијата ги има сѐ помалку.
Светската практиката, пак, покажува дека директорите на некои од најуспешните културни институции во светот всушност немаат мандат, многумина ја почнуваат и ја завршуваат својата кариера на истата функција, често прекината со завршувањето на нивниот живот. Така, на пример, операта „Метрополитен“ во Њујорк, основана уште во 1883 година, ги имала некои од најдолговечните раководители.
Џулио Гати-Касаз имал мандат од цели 27 години, од 1908 до 1935 година. Неговото планирање на моделот, авторитативните организациски способности и брилијантни улоги ја одвеле операта во доба на уметнички иновации и музичка исклучителност. Успешно ја водел куќата и низ годините на Првата светска војна и низ уште едно десетлетие со премиери и нови продукции. По него, Едвард Џонсон е именуван за генерален директор, кој ѝ служел на операта во наредните 15 години, водејќи ја „Мет“ низ годините на депресијата и на Втората светска војна. Го наследува Рудолф Бинг, кој служи на функцијата од 1950 до 1972 година и кој е сметан за еден од највлијателните и најреформистички водачи на куќата. Тогаш, заедно со Њујоршката филхармонија, се изградени Линколновиот центар за сценски уметности и новата зграда на операта „Метрополитен“. Џозеф Волп, пак, е третиот најдолговечен директор на „Мет“, а почнал како столар во институцијата. Филипе де Монтобело, пак, бил директор на музејот на уметноста „Метрополитен“ од 1977 до 2008 година и се смета за најдолговечен раководител во историјата на институцијата и трет најдолговечен директор на кој било поголем музеј во светот. Прва е Ирина Антонова, руска историчарка на уметноста, која била директорка на музејот „Пушкин“ во Москва од 1961 до 2013 година, или неверојатни 52 години! И ова не се исклучоци од правилото, познато е дека најголемите и најуспешни институции се водени од исти луѓе со години и децении, сѐ додека ја исполнувале успешно својата работа.
Ваквите примери на добра пракса се комплетно спротивни на избрзаните партиски и политички одлуки при именување на првите луѓе на културните институции кај нас, кои се крајно неприфатливи и необјасниви по сите критериуми на стручноста, професионалноста и примената на современите стандарди во управувањето со установите на културата. Ваквата домашна пракса, која го загрозува континуитетот на програмскиот квалитет и го нарушува кредибилитетот на установите, претставува чин на неуважување на насоките и приоритетите на културната политика на национално ниво. Се поставува прашањето дали воопшто овој начин на функционирање може да се нарече културна политика, или е просто – само политика!
Ваквите примери на добра пракса се комплетно спротивни на избрзаните партиски и политички одлуки при именување на првите луѓе на културните институции кај нас, кои се крајно неприфатливи и необјасниви по сите критериуми на стручноста, професионалноста и примената на современите стандарди во управувањето со установите на културата. Ваквата домашна пракса, која го загрозува континуитетот на програмскиот квалитет и го нарушува кредибилитетот на установите, претставува чин на неуважување на насоките и приоритетите на културната политика на национално ниво. Се поставува прашањето и дали воопшто овој начин на функционирање може да се нарече културна политика, или е просто – само политика!
Политичкото насилство над културата како и над луѓето што во нашата култура дале видливи резултати и исклучителни уметнички остварување е напад и врз културните и демократски вредности, според кои, луѓето на челните позиции во културните институции може да се избираат исклучиво на јавни конкурси и врз основа на нивните стручни и уметнички биографии, што е во најдлабок интерес на нашата култура и земја. Секоја друга пракса, како што се постојаното поаѓање од нула и негирање на остварувањата на претходниците, недостигот од континуитет, примитивизмот и аматеризмот, е можеби најпогубна токму во сферата на култура, која во една сериозна држава треба да остане надвор од вулгарното политикантство.