Зошто е исклучително важно реизданието на оригиналната сликовница „Бушава азбука“, првпат издадена во 1986 година, кое со децении го немаше во продажба? Првенствено затоа што е насушна потреба денешните генерации деца, кои живеат во технолошкиот метаверзум, во кој доминира англискиот јазик, да го читаат, слушаат и учат македонскиот јазик. Втората подалекосежна придобивка е нужноста да се негува македонското културното наследство, чиј најважен постамент е токму јазикот, особено во ова време кога од сите страни стигнуваат сѐ понебулозни предлози за оспорување на македонскиот јазик, дури и такви, во најново време, во кои му се закачува додавката „број 2“
Сликовницата „Бушава азбука“ на Горан Стефановски, со илустрации на Душан Петричиќ, која иако грижливо чувана, сепак со искинати страници поради староста на изданието, со децении се пренесуваше од родители на деца, се појави во ново руво, по повеќе од 36 години откако беше создадена и истоимената култна ТВ-серија за деца. Со препознатливите букви, придружени со инвентивни зборчиња, растеа генерации и генерации, учејќи ги македонскиот јазик и скапоцените подзаборавени архаични зборчиња што се одраз на неповторливата македонска книжевност, култура и традиција. И конечно, во 2022 година, го доживеавме реизданието на оваа вредна книга на издавачката куќа „Чудна шума“, од која сега можат да читаат и да растат денешните нови генерации, негувајќи го македонското културно наследство.
Првично, „Бушава азбука“ се појави како македонска детска програма продуцирана со помош на МРТ, насочена кон детското образование и запознавање со македонската книжевност, култура и традиција преку медиумите на музика, цртан филм итн. Вкупно имаше 31 епизода, со просечно траење од 29 минути, посебно посветени на буквите од македонската азбука. Нема некој што не се сеќава на гласовите и ликовите на познатите македонски актери како Ненад Стојановски, Мими Таневска (Билјарката), Јовица Михајловски, Софија Куновска, Александар Чамински, Марин Бабиќ, Петар Арсовски, Ана Костовска, Кирил Ристески (Ловецот), кои на забавен начин нѐ анимираа кога не постоеше друг начин за тоа, освен телевизијата. И повеќе од тоа, таа беше убедливо најуспешниот производ на МРТ, со кој многу генерации дома, уште пред да појдат на училиште, ја научија азбуката. Несомнено, станува збор за едно од најзначајните дела за македонскиот јазик и македонската култура воопшто.
Оттука, вистински подвиг е она што го направи „Чудна шума“, инаку млада издавачка куќа, фокусирана првенствено на книжевноста за деца и млади. Зошто е исклучително важно ова реиздание на оригиналната сликовница „Бушава азбука“, првпат издадена во 1986 година, кое со децении го немаше во продажба? Првенствено затоа што е насушна потреба денешните генерации деца, кои живеат во технолошкиот метаверзум, во кој доминира англискиот јазик, да го читаат, слушаат и учат македонскиот јазик. И тоа е првата и основна цел на сликовницата „Бушава азбука“, која сега е достапна во книжарниците и во библиотеките, а со тоа и до новите генерации деца.
Битката за правилна употреба за јазикот, за негово зачувување, грижа и негување е нешто што треба да биде пред сѐ и над сѐ, особено во време кога состојбата со јазикот е алармантна, кога тој е нападнат и однадвор и однатре. Оттука, уште посилно звучи главното интро на серијата:
„O о, време е за бушавата азбука!“
Втората подалекосежна придобивка е нужноста да се негува македонското културното наследство, чиј најважен постамент е токму јазикот, особено во ова време кога од сите страни стигнуваат сѐ понебулозни предлози за оспорување на македонскиот јазик, дури и такви, во најново време, во кои му се закачува додавката „број 2“. Токму идентитетот, изразен пред сѐ преку јазикот, сѐ уште ни е најактуелен и најгорлив проблем и највисок приоритет за опстојување на државата, па дури и на нацијата.
Битката за правилна употреба за јазикот, за негово зачувување, грижа и негување е нешто што треба да биде пред сѐ и над сѐ, особено во време кога состојбата со јазикот е алармантна, кога тој е нападнат и однадвор и однатре. Оттука, уште посилно звучи главното интро на серијата: „O о, време е за бушавата азбука!“