- Оваа народна мудрост е потврда дека Македонците одамна разбрале дека лагата не може да оди далеку, дека брзо се открива и не трае долго. Оваа поговорка е составен дел од македонското културно наследство и симболика дека вистината, на крајот, секогаш излегува на виделина. Со други зборови, лагата не може да стигне далеку бидејќи се сопнува и се распаѓа. На крајот лагата секогаш е магла што ветерот ќе ја расчисти
Лагата отсекогаш била една од главните тематики на филозофијата и многумина се обиделе да ја осознаат. Платон велеше дека лагата е сенка на незнаењето, а за Аристотел лагата е логичка грешка и морална слабост. Во овој дух е искажувањето на професорот Кирил Темков дека само лагата може да се измислува.
Но што е лагата? Лагата понекогаш може да биде одбранбен механизам или патолошка. Ние ќе се задржиме на патолошкото лажење, кое е компулсивно лажење. Ова лага е постојна и се одликува со баналност, детални и неверојатни нешта, недостиг од грижа на совест и извртување на реалноста – бидејќи личноста може да почне да верува во сопствените лаги. Патолошкото лажење може да се должи и на обидите за одржување грандиозна слика за себеси, обиди за манипулација, привлекување внимание, драматизација и нестабилен идентитет. Некои научни истражувања посочија дека патолошките лажговци имаат зголемена бела материја во префронталниот кортекс, со што се поумешни во вербална манипулација, но со слаб развој на емпатија и саморефлексија (читај размислување, анализирање на своите преживелици, расудување).
Особено е интересна и т.н. „лага на лагата“, односно кога една лага се надградува или се прикрива со нова лага. Во тој случај може да станува збор за психолошки механизам, односно кога првата лага е откриена се кажува нова лага за да се оправда претходната. Но лагата на лага може да се должи и на обидот за создавање наративна структура од лаги или талкање во сопствена конструкција на лага и недостиг од излез без да се уништи сиот лажен наратив. Лагата на лага може да ја реконструираме на следниот начин: Одредена личност тврди дека е електроинженер. Кога некој ќе го запраша за дипломата, тој лаже дека му е изгубена. Доколку го запрашаат за колегите, измислува имиња. Секоја нова лага му служи за да ја одржи првата и на тој начин се создава лага на лагата.
Меѓутоа на лагата ѝ се куси нозете, како што се вели во македонската поговорка. Оваа народна мудрост е потврда дека Македонците одамна разбрале дека лагата не може да оди далеку, дека брзо се открива и не трае долго. Не случајно се вели дека оваа поговорка е составен дел од македонското културно наследство и симболика дека вистината, на крајот, секогаш излегува на виделина. Со други зборови, лагата не може да стигне далеку бидејќи се сопнува и се распаѓа.
Можеме бесконечно да лажеме надевајќи се дека ќе ја зачуваме сопствената слика за себе или чувството на самопочит, исто така можеме да лажеме за да изгледаме како попаметни и поуспешни. Но лагата е лага без разлика колку и да се обидуваме да ја видоизмениме, таа не може да биде релативна, како што се обидуваше Фридрих Ниче.
Особено е интересна и т.н. „лага на лагата“, односно кога една лага се надградува или се прикрива со нова лага. Во тој случај може да станува збор за психолошки механизам, односно кога првата лага е откриена се кажува нова лага за да се оправда претходната. Но лагата на лага може да се должи и на обидот за создавање наративна структура од лаги или талкање во сопствена конструкција на лага и недостиг од излез беза да се уништи сиот лажен наратив. Лагата на лага може да ја реконструираме на следниот начин: Одредена личност тврди дека е електроинженер. Кога некој ќе го запраша за дипломата, тој лаже дека му е изгубена. Доколку го запрашаат за колегите, измислува имиња. Секоја нова лага му служи за да ја одржи првата и на тој начин се создава лага на лагата
Исто така не смееме да забораваме дека лагата е морален проблем поврзан со вистината, лагата е штетна за личниот и општествениот живот, без разлика дали некој цели дека лагата може да послужи за повисоко добро. На крајот лагата секогаш е магла што ветерот ќе ја расчисти. Од религиозен аспект лагата е морално зло и грев, а за христијаните вистината е доблест, а лагата не може да се оправда со добри намери.
На крајот ќе завршиме со Свети Августин, кој ги поттикнуваше христијаните да бидат вистинити во зборот и делото и ги предупредуваше на духовните опасности од навиката да се лаже. Тој лажењето го поврзуваше со гревот и губењето на духовната чистота. Оттука, Свети Августин влијаеше врз подоцнежната христијанска етика, каде што вистината доби централно место во учењето за чесноста и општествената моралност.