Повторно војната ни се нуди како начин на решавање конфликти. Како и многупати досега, се покажа дека посегнувањето по оружје за да се оствари некое „сопствено“ право е на штета на правото на другиот. А по правило, подоцна бива и на штета на првиот. Разните сценаристи на војните го занемаруваат фактот дека со употребата на воена сила никогаш нема да го постигнат тоа што првично го поставиле како цел. Раните од војната никогаш нема да заздрават и повремено ќе се „отвораат“ со нови жртви, уривања домови на недолжни граѓани и со масовни миграции, а цивилите ќе бидат главната и „колатерална штета“ на амбициите на воената индустрија и профитери
„Ова е опасна бездна и апелирам до сите да се повлечат од работ“. Ова е изјавата на Тор Венесланд, мировниот пратеник на ОН за Блискиот Исток, која остана незабележана од мноштвото информации што пристигнуваа од саботата, по ескалирањето на состојбата во Газа, кога палестинските милитантни групи извршија оружен напад на Израел. Во секоја наредна минута, како на филмска лента, пристигнуваат информации за голем број загинати лица на двете страни, материјални штети и грабнати лица. Вековните поделби и недоразбирања меѓу Израелците и Палестинците повторно избија во прв план и ги засенија и вестите од двегодишната воен конфликт во Украина, на кој не му се гледа крајот! Светот доби нова „локална“ војна, која се заканува да предизвика подлабоки поделби на глобалната политичка сцена, на кои сме изложени во последните години. Тоа го покажуваат и реакциите од лидерите на највлијателните држави, кои изразуваат поддршка на едната или другата страна, кои најавуваат „долгогодишна војна“ за остварување на своите поставени цели. Поделбите се толку изразени што никој од земјите што се задолжени за одржување на светскиот поредок и секако на мирот не ги слушна истите пораки на споменатиот мировен пратеник пред една година од Организацијата на Обединети нации. Тој гласно предупреди дека „примирјето во Газа е кревко и продолжување на непријателствата ќе има погубни последици за Палестинците и Израелците и ќе го направи недостижен секој политички напредок по клучните прашања “.
И како што се случува во светската политика, секоја пропуштена шанса за мир, ќе донесе нова војна. Последиците ги гледаме денес, со сѐ поголемиот број жртви, и тоа на цивилно население. Но наместо на прифаќање на пораките за воздржаност од мировните сили на ОН, кои се распоредени по должината на јужната граница на Либан, завојуваните страни најавуваат „долга и тешка“ војна. Повторно војната ни се нуди како начин на решавање конфликти. Како и многупати досега, се покажа дека посегнувањето по оружјето за да се оствари некое „сопствено“ право е на штета на правото на другиот. Разните сценаристи на војните го занемаруваат фактот дека со употребата на воена сила никогаш нема да го постигнат тоа што првично го поставиле како цел. Раните од војната никогаш нема да заздрават и повремено ќе се „отвораат“ со нови убиства, уривања домови на недолжни граѓани и со масовни миграции, кои ќе бидат главната и „колатерална штета“ на амбициите на воената индустрија и профитери. Има десетици примери за меѓународни и меѓуетнички конфликти што можеле да бидат избегнати доколку се пристапело навремено и искрено кон надминување на разликите со мирни средства и политики. Во светската воена хроника ќе останат трајно забележани крвавите војни во Виетнам, Авганистан, Ирак, како и најсовремените конфликти на Балканот и во Сирија, а од пред две години и во Украина, па до последното продолжување од Појасот Газа. Во сите нив не им беше дадена шанса на дипломатските решенија за надминување на политичките кризи.
Во последните години воените аналитичари постојано го истакнуваат фактот дека буџетите на вооружените сили секоја година се зголемуваат, иако се веруваше дека војната е трајно „искорната“ од тлото на Европа! Зарем нема алтернатива на војната како начин за решавање конфликти? Секако, дека има. Тоа е мирот.
Во овој момент е најпотребно да постојат висока свест и разум кај сите што ја креираат глобалната политика и да направат реални чекори за надминување на сите конфликтни ситуации, кои го туркаат светот кон бездната. Затоа, во овој момент е потребно да се прифатат сите иницијативи за прекин на воените дејства во актуелните жаришта и за постигнување услови за траен мир во Украина, Сирија, Израел. Во научната теорија и мировните студии постојат различни политики за надминување конфликтни состојби, а тоа најефикасно може да се направи и преку Генералното собрание на Обединетите нации, преку доследно почитување на Декларацијата за правото на народите на мир
Тој е несомнено една од најголемите вредности на човештвото, а веројатно и највисоката, бидејќи е еден од неопходните предуслови за опстанок и развој и на општеството и на поединецот. Војната, според многуте мислења на меѓународни правни експерти, филозофи, политичари и, што е најважно, од мнозинството граѓани на овој свет се смета за непожелна, непотребна и непредвидлива појава за општеството. Во овој момент е најпотребно да постојат висока свест и разум кај сите што ја креираат глобалната политика и да направат реални чекори за надминување на сите конфликтни ситуации што го носат туркаат светот кон бездната. Затоа, во овој момент е потребно да се прифатат сите иницијативи за прекин на воените дејства во актуелните жаришта и за постигнување услови за траен мир во Украина, Сирија, Израел. Во научната теорија и мировните студии постојат различни политики за надминување конфликтни состојби, а тоа најефикасно може да се направи и преку Генералното собрание на Обединетите нации, преку доследно почитување на Декларацијата за правото на народите на мир. Изјавите што доаѓаат од разни страни, дека следната трета светска војна би била нуклеарна, од која повеќе нема враќање и која ќе го доведе во прашање опстанокот на човештвото, треба да се сфати сериозно.
Време е годинава, во која имаме уште една локална војна, да ја прогласиме за година на мирот?! А што ќе се случи во годината што во следниов период ќе биде прогласена за година на војната? Не сакам ниту да помислам…