Музеите се отворени, оркестрите повторно свират, театрите ги најавуваат претстојните сезони, салите се приспособени на мерките за физичка дистанца, публиката полека се врати во физички формат, иако во ограничен број, очигледно желна за заедничко уживање во уметноста. Виртуелните искуства во оваа 2021 година, за среќа, станаа помалку пожелни од реалните
За разлика од минатата 2020 година, која комплетно помина во знакот на пандемијата, драстично одразувајќи се на ситуацијата во културата, која безмалку ја изгуби својата и онака скромна моќ, оваа 2021-ва, која е на изминување, може да ја окарактеризираме како година на културно закрепнување, не само во светот туку и кај нас. Музеите се отворени, оркестрите повторно свират, театрите ги најавуваат претстојните сезони, салите се приспособени на мерките за физичка дистанца, публиката полека се враќа во физички формат, иако во ограничен број, очигледно желна за заедничко уживање во уметноста. Виртуелните искуства, за среќа, станаа помалку пожелни од реалните.
И додека во Франција, Германија, Италија, Белгија… државата во овие две години на големо, со милијарди евра, ги помагаше институциите од секторот за да ги преживеат намалениот капацитет на посетеност и продажбата на карти, кај нас уметноста и културата жилаво се спротивставија на промените, благодарение најмногу на ентузијазмот на креативците. Повторното придвижување на културниот сектор се почувствува во сите уметнички дејности, особено во филмот, кој годинава забележа голем број успеси, во ликовната сфера каде што се отворија солиден број изложби, а можеби централен настан беше целогодишното одбележување на 100-годишнината од раѓањето на великанот Блаже Конески, кое помина со низа настани и активности, како што впрочем и доликува. Се одржаа „во живо“ и сите поголеми манифестации и фестивали, како „Охридско лето“, „Струшките вечери на поезијата“, фестивалот „Браќа Манаки“, „Скопскиот џез-фестивал“… Изложбите по музеите и галериите забележаа солидна посетеност, а Филхармонијата завршува уште една плодна сезона со завиден број гости. Заживеаја и археолошките ископувања, кои резултираа со некои драгоцени откритија.
Ситуацијата не беше пресјајна, но таа кај нас не е таква ниту во „нормални“ времиња, затоа што вонредните иницијативи за поддршка на културниот сектор, државни или приватни (покрај годишната програма на ресорното министерство), во споредба со другите земји во светот, се инцидентни и занемарливи. Кај нас уметноста и културата
жилаво се спротивставија на промените, благодарение најмногу на ентузијазмот
на креативците
Ситуацијата не беше пресјајна, но таа кај нас не е таква ниту во „нормални“ времиња, затоа што вонредните иницијативи за поддршка на културниот сектор, државни или приватни (покрај годишната програма на ресорното министерство), во споредба со другите земји во светот, се инцидентни и занемарливи. Факт е дека пандемијата на коронавирусот дополнително тешко ги погоди уметноста и културата, и покрај некои креативни решенија што самата сцена ги изнајде во оваа ситуација откако многу уметници и уметнички институции се најдоа во егзистенцијален вакуум. Сепак, барем пораката „остани дома“, толку силно присутна во минатата година, оваа 2021-ва некако се преименува во „излези надвор“ и покрај големиот и сериозен предизвик што го наметна пандемијата. Најпогодени останаа приватните институции и независните културни работници, кои само благодарение на својата флексибилност успеаја да се приспособат на новите услови.
И ако може да заклучиме дека во 2020-та дигитализацијата, интернетот и електронските платформи за култура и уметност ја спасија уметноста, оваа година тоа беше храброста и иницијативноста на луѓето од културата. Можеби повеќе од кога било се потпревме на уметниците, писателите, филмаџиите…, кои покажаа дека уметноста не може да ја запре пандемијата што му се закани на светот, но може на посреден начин да биде своевиден водич за тоа како да се живее и мисли во „интересни времиња“.
„Да ти се погоди да живееш во интересно време“ беше насловот на мојата збирка колумни што излезе кон средината на годинава, инспириран од слоганот што се однесува на периоди на несигурност, кризи и превирања, точно онака како што живееме денес. Се работи за реченица од говорот од крајот на 1930-тите години на Остин Чемберлен, член на британскиот парламент, во кој ја цитирал реченицата, а која произлегува од древна кинеска клетва. Насловот како да ја антиципира денешнава состојба со пандемијата, затоа што токму во едни такви „интересни времиња“ живееме последниве две години од животот, во кои се покажа дека креативните творци и луѓето од културата единствено можат да му помогнат на денешниот свет, кој се најде во состојба на анксиозност, очај и фрустрација. Уметноста дефинитивно го рефлектира времето во кое живееме, а во изминатиов период, уметниците, светски, но и домашни, испишаа нова светла страница во историјата.