Проекцијата за денешните деца во Македонија како идни работници, во однос на продуктивноста што би можеле да ја имаат доколку им беа обезбедени квалитетни здравство и образование, е катастрофална, бидејќи тие ќе загубат околу половина од своите потенцијални приходи поради тоа што сега имаат лоша и недоволна здравствена заштита и образование. Тоа можеби и не се сосема точни бројки, но доколку тие дури и само приближно го покажуваат резултатот од очигледното долгогодишно занемарување на здравствениот и на образовниот систем во земјава за сметка на секогаш горливите теми од таканаречените дневна и висока политика, поврзани со меѓунационалните односи и односите со соседните земји, на пример, се отвора навистина голем простор за загриженост. Но немаше ниту една јавна реакција на оваа информација. Никој не се потруди ниту да ја побара
Во длабока сенка на дебатата за уставните измени и на сѐ понеуверливата борба помеѓу оние што се колнат оти сакаат да го зачуваат минатото и оние што убедуваат дека настојуваат да им обезбедат иднина на народот и на државата, остана затскриена поразителната информација дека речиси половина од потенцијалот на сегашните деца во Македонија нема да биде искористен откога тие ќе пораснат. Поточно, станува збор за пресметката на индексот на човечкиот капитал на Светската банка, според која дете родено денес во Македонија, кога ќе порасне ќе биде продуктивно само 53 проценти од она што би можело да биде ако имало целосно образование и целосна здравствена заштита, што земјава ја остави дури и под просекот во регионот. Поилустративно, децата во Македонија, додека да наполнат 18 години, се очекува да завршат 11,2 години од предучилишното, основното и од средното образование. Меѓутоа, кога годините на школување ќе се споредат со нивните психофизички способности, вештините и знаењата, тоа е еквивалентно на само 6,8 години образование, што значи дека дури 4,4 години, фактички, се загубени.
Новиот индекс на човечкиот капитал на Светската банка всушност има за цел да измери колку државите губат во економската продуктивност поради недоволното инвестирање во своите луѓе, односно во нивните знаења, вештини и здравје, како клучен фактор за поттикнување одржлив економски пораст. Овој индекс се состои од пет показатели: шансите детето да ја доживее петтата година од животот, очекуваниот број на години за образование, квалитетот на наученото, процентот на 15-годишници што ќе доживеат возраст од 60 години и процентот на деца што не заостануваат во растењето и во развојот. По сумирањето на сите овие параметри, излегува дека проекцијата за денешните деца во Македонија како идни работници, во однос на продуктивноста што би можеле да ја имаат доколку им беа обезбедени квалитетни здравство и образование, е катастрофална, бидејќи тие ќе загубат околу половина од своите потенцијални приходи поради тоа што сега имаат лоша и недоволна здравствена заштита и образование.
Точно дека многумина не ја сфаќаат сериозно оваа тема, пред ѐ поради тоа што и водечки светски теоретичари сѐ уште спорат околу самата формулација човечки капитал, а некои дури ја оквалификуваа и како навредлива. Некои, за жал, сѐ уште го признаваат само финансискиот капитал, а тука се и големите миграции и развојот на технологијата, кои на крајно нехуман начин ја девалвираат вредноста на човечкиот капитал, така што многумина сѐ уште не ја гледаат јасно целта на таквите вложувања. Нештата би можеле да бидат многу појасни доколку целата работа се поедностави и доколку се погледне на пример само она што го направија и што моментално го прават и зборуваат некои од носителите на највисоките функции во државната и во локалните власти во земјава, како очигледен резултат на многубројните промашувања во образовниот и во здравствениот систем во изминативе неколку децении. Кој сака уште такви деца?
Тоа можеби и не се сосема точни бројки, но доколку тие дури и само приближно го покажуваат резултатот од очигледното долгогодишно занемарување на здравствениот и на образовниот систем во земјава за сметка на секогаш горливите теми од таканаречените дневна и висока политика, поврзани со меѓунационалните односи и односите со соседните земји, на пример, се отвора навистина голем простор за загриженост. Но ниту една јавна реакција на оваа информација немаше. Никој не се потруди ниту да ја побара. За разлика од силните интерпретации, анализи и коментари на изјавите поврзани со проблемот за името на Република Македонија или со меѓунационалните односи во земјава, кои постојано ги даваат секакви овдешни и белосветски политичари и аналитичари. Излегува дека тоа се многу побезбедни зони за коментари и анализи отколку темите стиснати во, по сѐ изгледа, сѐ помалку интересната реалност. Тука многумина можат да се сопнат на другарските, семејните, партиските, бизнис и којзнае какви сѐ не релации, да им се замерат на луѓето, да си ги загрозат ситните и крупните интереси… И затоа ја жртвуваат иднината на децата, она што умните луѓе одамна го препознаа како човечки капитал и со голем број мерки се обидуваат да го заштитат. Затоа економиите на државите во кои одлучуваат таквите луѓе се напредни, а општествата стабилни и хармонични. Не ги сркаат лакомо кашите од парламентарни и вонпарламентарни дебати и судски процеси на какви што сме сведоци деновиве. Внимателно си го одбираат менито.
Точно дека многумина не ја сфаќаат сериозно оваа тема, пред сѐ поради тоа што и водечки светски теоретичари сѐ уште спорат за самата формулација човечки капитал, а некои дури ја оквалификуваа и како навредлива. Некои, за жал, сѐ уште го признаваат само финансискиот капитал, а тука се и големите миграции и развојот на технологијата, кои на крајно нехуман начин ја девалвираат вредноста на човечкиот капитал, така што многумина сѐ уште не ја гледаат јасно целта на таквите вложувања. Нештата би можеле да бидат многу појасни доколку целата работа се поедностави и доколку се погледне, на пример, само она што го направија и што моментално го прават и зборуваат некои од носителите на највисоките функции во државната и во локалните власти во земјава, како очигледен резултат на големиот број промашувања во образовниот и во здравствениот систем во изминативе неколку децении. Кој сака уште такви деца?