Стратегија

Условите мора постојано да се подобруваат за да се добие една добро подмачкана спортска машина. Каков што е, на пример, концептот на македонскиот ракомет низ годините, во кој постојано има прилив на млади играчи, како што се работи, на пример, во џудото, каде што со форсирањето победнички развоен концепт веќе се освојуваат медали на силни младински шампионати итн. Форсирањето, давањето предност на една идеја, стратегија, на долгорочни цели…, во спортот е концепт што најчесто дава резултати. Стратегијата, и во спортот, во основа е поставување на целите и правење план за да се стигне до тие цели, а тоа може да биде победа на еден натпревар, триумф за трофеј на крајот на сезоната, но и да се направи план за да се постигне успех еднаш и да се постигнува тоа постојано. Како во шахот, каде што идејата е да се влечат силни потези. Минатата спортска недела беше заокружена со две големи меѓународни финалиња, со испишана спортска историја на фудбалскиот и на тенискиот терен. И двата спортски успеха се приказна, а и лекција, и за концептот на форсирањето, и за стратегијата, и за повлечените силни потези, но и за упорноста, истрајноста, постојаноста во конкурентноста, спортскиот инает… презентирани од протагонистите

Форсирањето, давањето предност на една идеја, стратегија, на долгорочни цели…, во спортот е концепт што најчесто дава резултати. Стратегијата, и во спортот, во основа е поставување на целите и правење план за да се стигне до тие цели, а тоа може да биде победа на еден натпревар, триумф за трофеј на крајот на сезоната, но и да се направи план за да се постигне успех еднаш и да се постигнува тоа постојано. Како во шахот, каде што идејата е да се влечат силни потези.

Минатата спортска недела беше заокружена со две големи меѓународни финалиња, со испишана спортска историја на фудбалскиот и на тенискиот терен. Манчестер сити првпат ја освои титулата европски фудбалски првак, а Новак Ѓоковиќ стана рекордер во тенисот со 23-та титула на најголемите, т.н. гранслем-турнири.

И двата спортски успеха се приказна, а и лекција, и за концептот на форсирањето, и за стратегијата, и за повлечените силни потези, но и за упорноста, истрајноста, постојаноста во конкурентноста, спортскиот инает… презентирани од протагонистите, едните предводени од тренерот Пеп Гвардиола, а во вториот случај од самиот актер на тој поединечен спорт.

Во светот на спортот секако дека се важни плановите, тренинзите, иновациите…, но за успехот на највисоко ниво најважни се донесените клучни одлуки за правецот. Во базата на секој спорт, во младинските категории, еден важен концепт се форсирањето и истрпувањето на младите спортисти, како веројатно клучни нешта за успех на долги патеки.

Младите се тие што треба да се форсираат и да се истрпат нивните грешки, нивното неискуство, незнаење… евентуалните порази што ќе следуваат, а сето тоа поради многу повисоки цели, кои ќе се остварат подоцна, но ќе се остварат со поголема веројатност отколку ако не се примени ова непишано правило. Од минатата недела одново во македонската кошарка се зборува за бројот на странски играчи во клубовите, односно за негово наводно зголемување. Здружението на кошаркари испрати реакција, посочувајќи ја спортската полезност за македонската кошарка во целина од давањето поголем простор за игра на младите кошаркари. А токму во тој спорт има одлични примери за младинското форсирање на некои од актерите на најголемиот успех досега, четвртото место на репрезентацијата на Македонија на Европското првенство во 2011 година во Литванија.

Репрезентацијата сега по подолго време тргна по патеките на генерацијата што оствари и серија настапи на европските првенства и играше во квалификации за летни олимписки игри, а тој тренд треба да продолжи, да се надградува, секако, меѓу другото и со форсирањето на младите.

Условите мора постојано да се подобруваат, за сите, а кога сите овие, а и некои други елементи ќе се вклопат, тогаш ќе се добие една добро подмачкана спортска машина.
Каков што е, на пример, концептот на македонскиот ракомет низ годините, во кој постојано има прилив на млади играчи, како што се работи, на пример, во џудото, каде што со форсирањето победнички развоен концепт веќе се освојуваат медали на силни младински шампионати итн.

Секако, концептот на форсирање и трпење не е еднонасочна улица, напротив, двонасочна е, па од младите спортисти мора да има повратен импулс, амбиција, посветеност, самодисциплина… Македонија има многу примери на успешност на овој пристап, а можеби еден од најсликовитите примери е тој за Дарко Панчев, кој беше форсиран од 1982 година (тогаш едвај 17-годишник) и врати на укажаната доверба веќе во 1984 година, кога стана најмладиот најдобар стрелец во тогашната Прва фудбалска лига на СФРЈ. Другото е историја. Секако, не се сите Панчев, но кој може со сигурност однапред да каже ако талентот не се турне во оган?

Вакви и слични примери има и во соседството, секако и во многу други земји, но најважно е да се знае дека шансите не доаѓаат од некаде, туку дека се создаваат со работа, со стратегија… Така работејќи ќе се создадат и условите за успех, а така работејќи потоа ќе може да се тропне на „голема врата“ на меѓународните успеси.

[email protected]