Објавата дека Владата на завчерашната седница ја прифатила предлог-програмата на Министерството за здравство за задолжителна имунизација на населението за 2021 година, се разбира, уште недочитана, им го крена притисокот на голем број припадници на оној дел од јавноста што смета дека вакцинирањето воопшто е голема, неретко, и опасна измама и тоа веднаш го демонстрираа на социјалните мрежи. Но шокирани или барем со малку настрана поднаведнати глави останаа и проваксерите, како и, условно речено, неутралните во оваа приказна, бидејќи, колку и да не сакаа да се соочат со реалноста, моментот беше таков што, веројатно, не можеа а да не се запрашаат а до каде сме ние со вакцинирањето против ковид-19
Невешто срочената и уште поневешто темпираната објава дека Владата на завчерашната седница ја прифатила предлог-програмата на Министерството за здравство за задолжителна имунизација на населението за 2021 година, се разбира, уште недочитана, им го крена притисокот на голем број припадници на оној дел од јавноста што смета дека вакцинирањето воопшто е голема, неретко, и опасна измама и тоа веднаш бучно го демонстрираа на социјалните мрежи. Но шокирани или барем со малку настрана поднаведнати глави останаа и проваксерите, како и, условно речено, неутралните во оваа приказна, бидејќи, колку и да не сакаа да се соочат со реалноста, моментот беше таков што, веројатно, не можеа а да не се запрашаат а до каде сме ние со вакцинирањето против ковид-19.
До никаде, би бил наједноставниот одговор, кога се има предвид дека повеќето земји од нашето опкружување, со поголем или помал интензитет и обем, веќе почнаа да го вакцинираат своето население против смртоносниот вирус. Нивните влади, секоја според можностите, но и способностите, најдоа начини да дојдат до одредени количества вакцини, со што можеби нема толку брзо да го постигнат колективниот имунитет, но го постигнаа психолошкиот ефект – создадоа уверување дека на оваа едногодишна агонија ѝ се гледа крајот.
Властите во Македонија засега јавноста ја смируваат со програма за задолжителна општа имунизација, чие донесување во изминативе години беше рутина невредна на неа да се троши хартија во владината прес-служба, освен ако не предвидуваше некоја навистина радикална измена.
Точно дека информацијата содржеше и тоа дека во оваа програма, покрај континуираните вакцини, влегува и вакцината против ковид-19, за кој, патем, уште не научивме дали се пишува со голема или со мала буква, но тоа, белки, е сосема очекуван развој на настаните.
Инаку, треба да се објасни онаа констатација за кревањето на притисокот кај антиваксерите, од почетокот на текстот што беше предизвикано од зборот „задолжителна“. Не само антиваксерите туку и повеќето други во прв момент помислија оти тоа се однесува, не на имунизацијата воопшто, туку на вакцинирањето против ковид-19, какво што деновиве се одвива низ светот, а кое ние можеме да го следиме преку малите екрани и, се разбира, преку различните интернет-платформи. Како деца со носеви залепени на стаклото од излогот на слаткарница. Многу ме интересира што би имале да кажат во овој случај активистите на македонската дијаспора во богатите држави низ светот.
Тоа особено кога ќе се види дека во истата оваа во прв момент збунувачка програма, ако точно е пренесена, се предвидени помалку од 400 милиони денари или шест и пол милиони евра за набавка на вакцините против ковид-19. Колку луѓе ќе можат да се вакцинираат откога за тие пари ќе бидат набавени вакцините? Државниот врв и нивните семејства? А од искуството ни е познато дека државната функција подразбира богати и разгранети семејни стебла.
Последните, се разбира од страна на производителите непотврдени, објави во медиумите укажуваат дека цената на вакцината за една доза се движи од нецели две до 15 евра. Никогаш не бев многу мотивирана за математичките операции, но средната цена, според тоа, би била шест или седум евра, а колку што досега е познато, за постигнување имунитет кај еден човек се потребни две дози. Премногу математика, сами пресметајте што, во случајов, може да се направи со 390 милиони денари или шест и пол милиони евра, износ приближен на оној што туризмот, на пример, лани ги доби со владините ваучери како дел од антиковид-мерките за помош на стопанството или колку што изнесува годишен буџет на една општина со средна големина во Македонија. И уште поважно е прашањето колку време со динамиката на вакцинирањето што, на годишно ниво, ја обезбедува овој износ, ќе биде потребно да се постигне колективниот имунитет на ковид-19?
Веќе се зборува за таканаречените ковид-пасоши, како услов за непречен прекуграничен промет на луѓето, стоките и услугите. Можеби тоа нема да биде решено токму во таа форма, но кога се знае колку вложија и колку профит очекуваат фармацевтските компании од вакцините, треба да се биде реален и подготвен и за тој дел од „новата нормалност“, без која ќе нема не само напредок туку ни опстанок, како за индивидуите, така и за бизнисите, па и за целите државни системи. Затоа Владата би требало малку посериозно да го сфати проблемот и, без оглед на тоа што сега, пред претстојните локални избори, заедно со опозицијата, ете, е преокупирана со предизборните теми, какви што се пополнувањето на Државната изборна комисија со партиските кадри и обидите за повторното отворање на дебатата за една изборна единица, што нема и не може да има никаква врска со локалните избори, порешително да се зафати со борбата против пандемијата
За тоа време, ќе има проблеми со студиските патувања, за стопанството и понатаму ќе има ограничувања, здравството и образованието ќе продолжат да одат по надолна линија, луѓето ќе бидат сѐ пофрустрирани… Последиците ќе бидат немерливи.
Чуму сето ова? Се разбира, не е заради смирувањето на антиваксерите, дека за нив можеби и нема да стигнат вакцините, туку заради мнозинството граѓани, стопанството, целиот систем, кои мора да продолжат да функционираат барем со приближна динамика како во соседните земји, за да останат конкурентни, во секоја смисла. Веќе се зборува за таканаречените ковид-пасоши, како услов за непречен прекуграничен промет на луѓето, стоките и услугите. Можеби тоа нема да биде решено токму во таа форма, но кога се знае колку вложија и колку профит очекуваат фармацевтските компании од вакцините, треба да се биде реален и подготвен и за тој дел од „новата нормалност“, без која ќе нема не само напредок туку ни опстанок, како за индивидуите, така и за бизнисите, па и за целите државни системи. Затоа Владата би требало малку посериозно да го сфати проблемот и, без оглед на тоа што сега, пред претстојните локални избори, заедно со опозицијата, ете, е преокупирана со предизборните теми, какви што се пополнувањето на Државната изборна комисија со партиските кадри и обидите за повторното отворање на дебатата за една изборна единица, што нема и не може да има никаква врска со локалните избори, порешително да се зафати со борбата против пандемијата. И секако, притоа максимално да ја користи конструктивната помош на опозицијата.