Реформи што ги изедоа скакулци

Реформи во јавната администрација најавуваа сите досегашни влади. Повозрасните веројатно ќе се сетат колку комунистичките власти во некогашната држава го милуваа овој збор. Но тој многу доби тежина дури откога почна да се поврзува со евроинтегративниот процес, односно, откога реформи на одредени делови од системот беа поставени како услов за зачленување во Европската Унија. Поточно, откога Брисел почна да ги мери и вреднува постигнувањата. А тие, како што впрочем постојано се повторува и во извештаите на Европската комисија и во секојдневните искуства на граѓаните и на претставниците на бизнис-заедницата, се најблаго речено, минорни

Додека приказната за владиниот реформски капацитет се топи како сладолед на вжештен градски асфалт, Министерството за информатичко општество и администрација на јавни расправи го презентира Годишниот извештај за спроведување на Стратегијата за реформа на јавната администрација 2018 – 2022. Шаренолик документ илустриран со многу табели, пити и графикони. Веројатно би можел да се дистрибуира до сите министерства и нивните подрачни служби, јавни претпријатија, дирекции, управи, инспекторати, комисии… за на граѓаните да им се раздава на влезовите како забавно четиво, што ќе го прелистуваат додека чекаат решенија за своите административни проблеми. Или од прва рака, на пример, на намуртените службеници да им ги читаат предвидените мерки за создавање стручна, професионална и департизирана администрација. За случај тие сѐ уште да не допреле до нив, иако оваа „понуда“ не е ексклузивитет на актуелната влада. Реформи во јавната администрација најавуваа сите досегашни влади. Повозрасните веројатно ќе се сетат колку комунистичките власти во некогашната држава го милуваа овој збор. Но тој многу доби тежина дури откога почна да се поврзува со евроинтегративниот процес, односно, откога реформи на одредени делови од системот беа поставени како услов за зачленување во Европската Унија. Поточно, откога Брисел почна да ги мери и вреднува постигнувањата.

А тие, како што впрочем постојано се повторува и во извештаите на Европската комисија и во секојдневните искуства на граѓаните и на претставниците на бизнис-заедницата, се, најблаго речено, минорни.

Токму затоа кога ќе се спомене јавната администрација, повеќето пред себе ја имаат сликата на нељубезен, или барем дезориентиран шалтерски службеник, скриен зад заматеното стакло облепено со разни известувања со одамна поминат рок на важење и со тазе бурек на бирото како неразбирливо ја дообјаснува процедурата додека „странката“ се обидува да го протне увото низ дупката во стаклото за да слушне барем нешто од објаснувањето. Но поимот е многу поширок и ја подразбира не само администрацијата во државната управа, туку и во локалната самоуправа, како и вработените во образованието, социјалата, културата, државните и локалните јавни претпријатија… И така се стигнува до некои, за пошироката јавност, сѐ уште мистериозни бројки, кои ниту една власт досега не успеваше прецизно да ги дефинира, а уште помалку да ги оправда. Затоа, сите тие, претходно, од позицијата на опозиција, немилосрдно ги експлоатираа во своите предизборни кампањи, најавувајќи мерки од кои многу административци веројатно не можеа со ноќи да спијат.

Константно импотентната политика, која воопшто немаше желба за вистински промени во економијата и во општеството, освен да ги стави во функција на одредени структури, целата шема ја покриваше со „неспособната администрација“, која, пак, сето тоа го толерираше заради редовната плата и навреме платените придонеси. Залажувањето да биде поголемо, секоја власт си носи своја стратегија за реформа, ветувајќи дека ќе ја спроведе до крајот на мандатот што секако е невозможно, дури за министер да ја има и самата Марија Терезија

И додека во повеќето современи држави, целиот тој апарат поминува низ континуирани промени за да може ефикасно да одговори на потребите на стопанското, политичкото и на општественото опкружување воопшто, реформата во Македонија, иако постојано отворена тема, остана да лебди некаде на површината, на козметички измени најчесто иницирани од потребата за задоволување на одредени политички барања, како во последниов случај со „решавањето“ на вработените, кои со години не се распоредени на работните места така што за нив ќе се формира посебно министерство. Или како што, меѓу другото, беше со формирањето на Агенцијата за државни службеници, која преку некаквиси тестирања и проверки, требаше само да ги легитимира партиските вработувања. По таа логика, сите досегашни влади беа реформски. Тоа, едноставно, беше неопходно поради доминантниот дискурс, според кој, една од најголемите пречки за севкупниот напредок е преголемата и неефикасната администрација. Константно импотентната политика, која воопшто немаше желба за вистински промени во економијата и во општеството, освен да ги стави во функција на одредени структури, целата шема ја покриваше со „неспособната администрација“, која, пак, сето тоа го толерираше заради редовната плата и навреме платените придонеси.

Залажувањето да биде поголемо, секоја власт си носи своја стратегија за реформа, ветувајќи дека ќе ја спроведе до крајот на мандатот што секако е невозможно, дури за министер да ја има и самата Марија Терезија. Вистинска реформа подразбира долгорочна стратегија за чие спроведување е потребен консензус помеѓу власта и опозиција зашто во спротивно, по смената на позициите, повторно се тргнува од нула. Освен тоа, со спроведување на реформите мора да се почне уште на почетокот од мандатот, зашто при крајот, како во случајов, веќе сѐ се сведува на голата борба за опстојување на власт, во која, токму поради гласачкиот потенцијал на администрацијата, реформите се сметаат за непожелна муниција.

[email protected]