Државата е ставена во една обесправена ситуација, во која токму преку нејзиниот грб грубо се кршат нормите на меѓународното право на сметка на апсолутната моќ на светските сили и нивните интереси. Накратко кажано, Македонија е помеѓу чеканот и наковалната на интересите на меѓународната заедница, од една страна, и меѓународното право, од друга. Дека на меѓународната сцена секој си ја врти водата на своја воденица, притоа не водејќи сметка за другите, има редица примери
Добрите односи на малите држави со големите политички, економски и воени велесили се капитална повеќегодишна инвестиција, која може да пропадне ако политичарите на, условно кажано, помалите земји, но и нивните партнери од другата страна, повлечат серија погрешни потези.
Македонија нема значајни природни ресурси и богатства, ниту, пак, регионално претставува клучен играч, но е држава што во изминатите 27 години самостојност и независност успеа макотрпно да изгради добри односи со повеќе светски велесили. За жал, откако е соочена со сериозна внатрешна политичка криза и превирања во однос на спорот со Грција, на големо вчудовидување на добрите познавачи на внатрешната и надворешната политика, се одвива еден драматичен процес во кој сме ставени меѓу наковалната и чеканот на меѓународното право и релациите со Русија, Америка, Англија, Турција и со другите западни сили.
Додека, пак, од ден на ден политичката ситуација во Македонија се компликува поради различното толкување на резултатите од референдумот, но и поради моменталната постреферендумска клима во која политичките субјекти не можат да подготват јасна визија што ќе се случува со земјата во иднина. Сето тоа остава простор државата да стане цел на пребивања и поткусурувања на крупните глобални играчи. Со други зборови, државата е ставена во една обесправена ситуација, во која токму преку нејзиниот грб грубо се кршат нормите на меѓународното право на сметка на апсолутната моќ на светските сили и нивните интереси. Накратко кажано, Македонија е помеѓу чеканот и наковалната на меѓународната заедница и меѓународното право. Дека на меѓународната сцена секој си ја врти водата на своја воденица, притоа не водејќи сметка за другите, има редица примери.
Имено, грчкиот весник „Катимерини“ неделава напиша дека спогодбата од Мала Преспа меѓу двете земји може да биде блокирана од страна на Москва во Советот за безбедност на ООН доколку Русија не се согласува со некој сегмент од неа, но весникот, сепак, не даде објаснување како планира Русија да го изведе овој свој дипломатски чин.
Дали и колку држи вода содржината на написот на „Катимерини“ може да се доведе во контекст со дипломатски завиената изјава, која речиси симултано ја даде новиот руски амбасадор во Македонија, Сергеј Александрович Баздникин, кој во интервју за „Спутник“ истакна дека неговата земја, како постојана членка на СБ, внимателно го следи процесот и истакна дека долгорочното решение може да се најде без наметнување надворешни фактори, строго во рамките на уставноправниот поредок.
Доколку сите навистина се толку многу загрижени за Македонија, тогаш најдобар начин да ѝ помогнат е само да се придржуваат до меѓународното право и да го почитуваат. Ништо повеќе. Па, зарем е толку тешко тоа!
Според него, тоа мора да се базира на широка јавна поддршка и мора да биде врз основа на принципите и нормите содржани во повелбата на Обединетите нации.
На оваа тема неделава говореше и првиот човек на НАТО, генералниот секретар Јенс Столтенберг, кој, пак, на прес-конференција истакна дека преговорите за прием на Македонија може да завршат во јануари идната година и во почетокот на 2019 година државата може да стане членка на НАТО.
И Турција, како една од светските суперсили, истиот период ја коментираше македонската политика.
Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу нагласи дека НАТО и ЕУ не треба да се откажуваат од Македонија поради резултатите од референдумот, туку да ги продолжат поддршката и соработката.
– Ние внимателно ги следевме случувањата. На крајот на краиштата, ова е одлука на граѓаните на Македонија и ние мора да го почитуваме тоа. Од друга страна, ниту НАТО ниту ЕУ не треба да се повлечат од поддршката и соработката со Македонија поради референдумот и резултатите од него. Впрочем, Македонија беше поканета да стане членка на НАТО на последниот самит со едногласна одлука на сите сојузници – истакна Чавашоглу.
Слична слика беше присутна и во деновите пред референдумот, кога некои од лидерите на европските земји што ја посетија Македонија или испратија видеопораки (Ангела Меркел, Себастијан Курц, Емануел Макрон) се потрудија во своите изјави барем формално да го испочитуваат правото на граѓаните на Македонија самите да донесат одлука, пред да го изговорат она фамозно „но“, по кое следуваа условот или ултиматумот. На тој начин барем оставија привид дека ги почитуваат внатрешниот правен систем и демократијата во земјата од која бараат да се откаже од своето уставно име и идентитет за да ја земат предвид за членство во евроатлантскиот клуб.
Ваквите двојни стандарди на меѓународната заедница кога станува збор за почитување на правото и законите на една држава и волјата на граѓаните на Македонија во кој правец ќе се движи земјата ја наметнуваат дилемата колку тие самите го почитуваат тоа на што секогаш се повикуваат.
На претставниците на меѓународната заедница веројатно им се јасни и одредбите и постулатите на меѓународното право и правото на самоопределување, кое во случајот со Македонија грубо се прекршува. Од друга страна, секој од свој интерес (и од Истокот и од Западот) се обидува очигледно да ги наметне својата волја и своите интереси. Доколку сите навистина се толку многу загрижени за Македонија, тогаш најдобар начин да ѝ помогнат е само да се придржуваат до меѓународното право и да го почитуваат. Ништо повеќе. Па, зарем е толку тешко тоа!