Но дали само луѓето се оние што заборавија на одговорноста? Колку институциите и здравствените власти се држат до одговорноста, особено во ситуација кога на вратата на Европа стои сѐ поизвесниот четврти бран инициран од делта-сојот. Многу држави што имаат далеку поголем процент на имунизирано население веќе носат мерки за заштита, некои од нив ги враќаат рестриктивните мерки, контролите за влез и за излез од државата. Македонија засега само спокојно ја следи ситуацијата. До кога? Зошто? Што се чека? Дали во септември повторно ќе бидеме изненадени?
Што беше тоа да се биде одговорен? Доволен беше еден месец без рестрикции за луѓето да заборават на сѐ што се случуваше речиси две години претходно. Да се опуштат максимално, одговорноста да ја истиснат од себе и да им се препуштат на уживањето и забавите како утре да ќе нема нов ден.
Еден месец подоцна речиси никој и да не носи заштитни маски, ниту во маркетите ниту во затворени простории. Физичката дистанца е заборавена и на сцена е нашиот менталитет на турканици насекаде, дури и како што беше пред два дена, пред вакциналните пунктови.
Не дека луѓето не треба да го живеат животот, не дека не треба да заминат на годишен одмор, но сепак одговорноста за општото добро мора да биде приоритет.
Но дали само луѓето се оние што заборавија на одговорноста? Колку институциите и здравствените власти се држат до одговорноста, особено во ситуација кога на вратата на Европа стои сѐ поизвесниот четврти бран инициран од делта-сојот. Многу држави што имаат далеку поголем процент на имунизирано население веќе носат мерки за заштита, некои од нив ги враќаат рестриктивните мерки, контролите за влез и за излез од државата.
Македонија засега само спокојно ја следи ситуацијата.
До кога? Зошто? Што се чека? Дали во септември повторно ќе бидеме изненадени?
Иако моменталната епидемиолошка слика во државата е стабилна, сепак полека, но сигурно расте бројот на активни случаи. Секојдневно десетина новозаразени го зголемуваат ризикот од брз пораст на кривата на заразата. Еве, доказ за тоа е и вчерашната статистика на 21 нов ковид-позитивен случај.
Делта-сојот се смета за најзаразен сој од досегашните идентификувани соеви на ковид-19. Веќе се прошири во повеќе од 80 земји, а Светската здравствена организација предвидува дека ќе стане доминантен вид на ковид-19 во светот. Во Велика Британија се откриени десетици илјади случаи, што е досега најголем број на пријавени случаи на делта-сојот во една земја.
Новата мутација на коронавирусот стана доминантна и во Германија и во Белгија, чиј удел првпат ја презеде доминацијата со 59 отсто.
Делта-сојот забрзано се шири низ Франција каде што 40 отсто од населението се целосно вакцинирани, а ковид-мерките беа олеснети пред почетокот на летните одмори. Претседателот Емануел Макрон наредил сите здравствени работници во Франција да се вакцинираат против ковид-19 до 15 септември, а ги повикал и граѓаните да се вакцинираат што побрзо.
Грчките власти вратија дел од рестриктивните мерки за рестораните, ноќните клубови и кафулињата, односно новите правила се однесуваат за забрана за служење гости што стојат.
Шпанскиот министер за здравство предупреди дека младите може да развијат тешки облици на коронавирусот и побара соработка за спречување на растот на стапката на инфекција, која е двојно зголемена кај младата невакцинирана популација.
Во Сиднеј, со пет милиони жители, има наредба за карантин до 17 јули.
Израел, земјата што од почетокот на пандемијата е светски лидер во вакцинирање, моментално бележи неочекуван раст на бројот на нови случаи на ковид-19.
Норвежаните дури до следниот месец ќе мора да почекаат за олеснување на ограничувањата воведени поради коронавирусот, поради загриженоста за многу заразната делта-мутација.
Постојат најмалку три клучни фактори што лесно можат да ја претворат епидемиолошката слика од стабилна во нестабилна, и тоа за кратко време. Едниот е присуството на делта-сојот, кој има карактеристика на брзо ширење. Вториот е масовното користење на годишните одмори во Грција, каде што веќе има зголемен број случаи, што претставува опасност од можно дополнително увезување на вирусот. И третиот фактор е ниското ниво на вакцинирани во земјава
Ваква е сликата низ Европа и светот. Но каква е нашата слика?
Постојат најмалку три клучни фактори што лесно можат да ја претворат епидемиолошката слика од стабилна во нестабилна, и тоа за кратко време.
Едниот е присуството на делта-сојот, кој има карактеристика на брзо ширење. Вториот е масовното користење на годишните одмори во Грција, каде што веќе има зголемен број на случаи, што претставува опасност од можно дополнително увезување на вирусот. И третиот фактор е ниското ниво на вакцинирани во земјава.
Статистиката го вели следното, дека вкупната бројка на ковид-позитивни лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.823, а бројот на активни случаи изнесува 197 лица. Досега се аплицирани вкупно 676.620 дози вакцини, а ревакцинирани се 248.539 граѓани.
Со последните бројки, 56 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 53 отсто од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 49 отсто од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.
Македонија има доволно искуство од изминативе три брана на коронавирусот од кои треба да извлече поука и да не дозволи грешки. Навремената реакција е најдобрата превентива. Колку порано се реагира, толку повеќе ќе се ублажат ударите од овој нов бран.
Здравствените власти треба сериозно да го земат предвид фактот дека овој и следниот месец ќе бидат вовед во тој бран. Исто така треба и луѓето да ја сфатат опасноста, која е тука и само тлее.
Нивната одговорност или неодговорност е клучна за тоа каков ќе биде ударот од септември.